Црна хроника
Физички пресметки низ скопските автобуси: најмногу од натепаните се малолетниции, тепачите пак им се врсници

Во четири автобуси, се случиле три напади на малолетници и еден напад на млад скопјанец. Во полицискиот билтен стои дека нападите на малолетниците се пријавени од нивните родители, додека, скопјанецот сам пријавил дека е натепан.
Вчера во 16.00 часот во Полициската станица Карпош, С.Б.(38) од Скопје пријавила дека на 26.04.2023 околу 21.45 часот во градски автобус, кој сообраќал од Порта Влае кон Бардовци, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од тројца малолетници.
Во 17.20 часот истиот ден, во СВР Скопје, Д.К.(20) од Скопје пријавил дека околу 16.50 часот во автобус на ЈСП на подрачјето на Центар бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ноќеска по полноќ во 00.40 часот во СВР Скопје, Р.Н.(41) од с.Батинци, скопско, пријавил дека на 27.04.2023 околу 19.40 часот во градски автобус во с.Батинци, неговата малолетна ќерка била физички нападната од три машки лица, од кои еден малолетник. Според пријавеното, причина за нападот е претходно недоразбирање на неговата ќерка со друга малолетничка од с.Батинци со која биле во автобусот.
Вчера, во 16.00 часот во Полициската станица Карпош, С.Б.(38) од Скопје пријавила дека на 26.04.2023 околу 21.45 часот во градски автобус, кој сообраќал од Порта Влае кон Бардовци, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од тројца малолетници.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Прегазено седумгодишно дете во Скопје

Вчера во 17:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Максуд Садик“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 24-годишната А.А. од Скопје, удрило во седумгодишно дете-пешак од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Тинејџер доби кривична пријава за вонбрачен живот со дете

Полицијата поднесе кривична пријава против М.С.(19) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело.
Според информациите на МВР, на 02.09.2025, по претходен договор со малолетничката, тој со возило ја земал од едно струшко село и ја однел во неговиот дом во Кавадарци.
Откако настанот бил пријавен од родител на малолетничката, преземени се мерки во соработка со Центарот за социјални работи од Кавадарци и малолетничката е вратена во нејзиниот дом.
Црна хроника
Возач загина кај гостиварско Чегране

Возач починал на самото место откако излетал со својот фолскваген голф на патот меѓу гостиварско Чегране и Корито, информира Министерството за внатрешни работи. Се работи за 26-годишниот Л.М. од гостиварското село Форино. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош.
Увидната екипа на ОВР Гостивар извршила детална истрага на местото на несреќата, во присуство на јавен обвинител. Телото на починатиот, по наредба на обвинителот, е дадено на обдукција за утврдување на причините за смртта.