Македонија
Бркотница на полицијата во Ресен: запреле автомобил, па сопатник почнал да бега

Полицијата извести за случај каде сопатник во автомобил кој бил запрен во Ресен, се обидел да им избега на полицајците, фрлајќи кеса со бела материја.
„На 28.04.2023 во Ресен на ул„Јосиф Јосифовски“ полициски службеници од СВР Битола-ОВР Ресен ги лишиле од слобода И.Т.(30) и Д.Ч.(36), двајцата од Битола. Додека бил вршен преглед на патничко моторно возило „опел астра“ со битолски регистарски ознаки управувано од И. Т., а во кое сопатник бил Д. Ч., во еден момент Д.Ч. се обидел да избега и фрлил кеса со бела материја, но бил фатен од полициските службеници, по што дополнително кај него биле пронајдени две кесички со бела и кафеава материја“, велат од МВР.
По документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нов топлотен бран во наредните денови, се очекуваат температури до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во текот седмицата времето ќе биде сончево и многу топло со појава на локална облачност преку денот. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа се очекува да достигне и 40°C.
Македонија
Дел од Карпош без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач (шибер) од ф 200 мм на булеварот Партизански Одреди бб (до поликлиника Букурешт), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од булеварот Партизански Одреди, на потегот од поликлиника Букурешт до бензинска пумпа ОКТА, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.
Македонија
Без струја дел од општина Бутел

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот корисниците на улица кај керамика Имола под обиколницата во Визбегово (општина Бутел).