Црна хроника
Воз удри во „поло“ – крушевчанец загина во страотна несреќа

Утринава околу 04,00 часот во СВР Битола е пријавено дека патнички воз кој сообраќал на релација Битола-Скопје, на железнички премин на ул.Трајко Николоски со ул.Леце Котески во Прилеп, во близина на железничката станица–Прилеп удрил во патничко моторно возило „поло“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Х.И.(76) од Крушево, кој починал на лице место.
„Од доктор од итна медицинска помош била констатирана смрт“, велат од МВР.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР-Прилеп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведен крадец кој ограбувал каса во продажен објект

Кавадарчанец бил приведен но полиција откако бил фатен во обид за земе пари од каса во продажен објект, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
– Вчера попладне во 16.40 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци, го лишиле од слобода кавадарчанецот Ј.Ф.(22) , кој во продажен објект во градот бил фатен од вработен, во обид да одземе пари од касата во објектот. Ј.Ф. бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес.
Црна хроника
Приведени Украинки, Србинки и Албанки во угостителски објект на патот Тетово-Гостивар

Ноќеска во периодот од 00.20 до 02.30 часот, полициски службеници од СВР Тетово, извршиле акциска контрола во угостителски објект со локација покрај патот Тетово-Гостивар при што биле пронајдени и приведени пет странски државјанки кои злоупотреба на туристичиот престој во земјава.
-При контролата на угостителскиот објект поради злоупотреба на туристичкиот престој, односно престојување во земјава спротивно на целта, биле приведени пет странски државјанки од Р.Украина, Р. Србија и Р.Албаниа, на возраст од 28 до 37 години, информираат од МВР.
Оттаму додаваат дека тие биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка.
Црна хроника
Приведен криминалец баран со потерница за затворска казна од две години

Полицијата го приведе С.А. (32) од Скопје, баран со централна потерница по наредба од Основен кривичен суд Скопје за затворска казна од две години, а во врска со чл. 236 ст.1 од КЗ.
С.А. ќе биде спроведен до надлежната казнено поправна установа.