Црна хроника
Осум уапсени, меѓу нив и двајца малолетници од Скопје и Тетово – полицијата одзеде прашкаста материја за која се сомнева дека е дрога

Полицијата уапси шест лица во Скопје, меѓу нив и малолетник. Слично и во Тетово, каде полицајците привеле тетовец и малолетник. Сите апсења се поради пронајдена прашкаста материја за која се сомневаат дека е дрога, како и поради марихуана.
„Вчера во 21.50 часот во Тетово, од полициски службеници од СВР Тетово се лишени од слобода Г.С.(36) и еден малолетник, двајцата од Тетово, затоа што кај Г.С. била пронајдена и одземена марихуана“, вели МВР.
Во Скопје апсењата се на повеќе локации.
„Вчера во 21.25 часот пред казино на подрачјето на Ѓорче Петров, од полициски службеници бил лишен од слобода Ф.А.(33) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. ПВо 20.35 часот на подрачјето на Центар, од полициски службеници бил лишен од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Во 01.15 часот на подрачјето на Аеродром, од полициски службеници бил лишен од слобода А.Т.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена грутчеста материја. Во 02.00 часот на подрачјето на Карпош, од полициски службеници се лишени од слобода М.Б.(27) и С.И.(21) двајцата од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени прашкаста материја и марихуана. Во 23.50 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, од полициски службеници бил лишен од слобода Х.П.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана“, додаваат од МВР.
По целосно документирање на случаите ќе следи соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведен крадец кој ограбувал каса во продажен објект

Кавадарчанец бил приведен но полиција откако бил фатен во обид за земе пари од каса во продажен објект, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
– Вчера попладне во 16.40 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци, го лишиле од слобода кавадарчанецот Ј.Ф.(22) , кој во продажен објект во градот бил фатен од вработен, во обид да одземе пари од касата во објектот. Ј.Ф. бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес.
Црна хроника
Приведени Украинки, Србинки и Албанки во угостителски објект на патот Тетово-Гостивар

Ноќеска во периодот од 00.20 до 02.30 часот, полициски службеници од СВР Тетово, извршиле акциска контрола во угостителски објект со локација покрај патот Тетово-Гостивар при што биле пронајдени и приведени пет странски државјанки кои злоупотреба на туристичиот престој во земјава.
-При контролата на угостителскиот објект поради злоупотреба на туристичкиот престој, односно престојување во земјава спротивно на целта, биле приведени пет странски државјанки од Р.Украина, Р. Србија и Р.Албаниа, на возраст од 28 до 37 години, информираат од МВР.
Оттаму додаваат дека тие биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка.
Црна хроника
Приведен криминалец баран со потерница за затворска казна од две години

Полицијата го приведе С.А. (32) од Скопје, баран со централна потерница по наредба од Основен кривичен суд Скопје за затворска казна од две години, а во врска со чл. 236 ст.1 од КЗ.
С.А. ќе биде спроведен до надлежната казнено поправна установа.