Забава
Најконтроверзните модни изгледи во историјата на „Мет гала“
Во понеделникот се одржа „Мет гала 2023“.
Оваа година темата на најпрестижниот моден настан во светот беше посветена на починатиот дизајнер Карл Лагерфелд.
Црвениот тепих на овој настан никогаш не е обичен и најмногу се цени храброста.
Медиумите потсетија на најконтроверзните модни комбинации во историјата на „Метрополитен гала“, како, на пример, актерката Блејк Лајвли, која беше ѕвезда на минатогодишното шоу поради нејзиниот фустан што ја менува бојата.
Подолу се некои од најконтроверзните модни изгледи во историјата на „Мет гала“.
Сара Џесика Паркер, 2015 година.
Иако често ја нарекуваат кралица на стилот и модна икона, многумина заклучија дека изданието на Сара Џесика Паркер за 2015 година не ѝ е најдоброто. Иако темата на „Мет гала“ таа година беше Кина, најголемо внимание привлече капата на актерката.
Скарлет Јохансон, 2018 година.
Ѕвездата на филмската сага на „Марвел“, „Одмаздници“, Скарлет Јохансон, на „Мет гала 2018“ носеше темноцрвен фустан украсен со цветни детали и тил. Сепак, брендот Marchesa, кој стои зад креацијата на фустанот, го направи нејзиниот избор доста контроверзен.
Имено, откако Холивуд и светот ги потресоа сексуалните скандали на продуцентот Харви Вајнштајн, многу актерки решија да престанат да ги носат креациите на брендот „Марчеза“, чиј основач е поранешната сопруга на Вајнштајн, Џорџина Чепмен.
Ријана, 2018 година.

Ријана пристигна на „Мет гала 2018“ во специјално издание. Таа носеше краток корсет-фустан прекриен со бели, сребрени и црни мониста и здолниште со ист дизајн, врзано со голем ремен. На главата имаше шапка инспирирана од дизајнот на папската капа.
Хејли Бибер, 2019 година
Хејли Бибер го привлече вниманието на „Мет гала 2019“. Сопругата на Џастин Бибер на настанот се појави во розов фустан од Александар Ванг, кој на прв поглед изгледаше совршено пристојно додека не се сврте.
Долгиот фустан со голем отвор назад ѝ го откри грбот на манекенката, но и сошиената танга украсена со светкави кристали со презимето на дизајнерот.
Лејди Гага, 2019 година
Странските медиуми црвениот тепих на „Мет гала 2019“ го прогласија за најскандалозен досега, а за тоа секако придонесе и Лејди Гага, која изведе стриптиз. Пејачката првин се појави во џиновски розов фустан со седумметарски вел, што се влечеше зад неа.

Таа потоа почна да отстранува слој по слој од фустанот. Гага прикажа четири драматични трансформации, кои го привлекоа целото внимание на вечерта. Го соблече розовиот фустан и си замина во црн, а потоа го соблече и тој за да остане во розов корсет-фустан. На крајот го соблече и тој фустан и остана само во црна долна облека и блескави гаќички.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(ФОТО) И на 40 години во врвна форма: Роналдо повторно ги воодушеви фановите
Кристијано Роналдо повторно ги воодушеви фановите со фотографија објавена на Инстаграм, на која позира без маица во црни боксерки, покажувајќи ја одличната физичка форма и на 40-годишна возраст.
„По сауна“, напиша кратко Роналдо под фотографијата направена во теретана. Ова не е првпат фудбалската ѕвезда да објави вакви фотографии, со кои редовно ја истакнува дисциплината, тренинзите и начинот на живот по кои е препознатлив.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо никогаш повторно не го гледал „Титаник“
Актерот Леонардо ди Каприо ги шокираше фановите со признанието дека никогаш повторно не го погледнал „Титаник“, филмот што во 1997 година го лансираше во светска слава и ја обележа цела една генерација.
Ди Каприо за тоа зборуваше во разговор со Џенифер Лоренс во емисијата Actors on Actors, пренесува „Варајети“. За време на опуштениот разговор, Лоренс директно го праша: „Дали некогаш повторно го погледна ‘Титаник’?“
Ди Каприо без размислување одговори: „Не. Не сум го гледал.“
Лоренс се изненади и му рече: „Па, треба да го гледаш! Се кладам дека сега би можел да го гледаш, навистина е добар.“
„Јас всушност не ги гледам моите филмови. Ти ги гледаш ли твоите?“ ја праша Ди Каприо колешката.
„Не“, одговори Лоренс низ смеа. „Никогаш не сум снимила нешто како ‘Титаник’. Да сум, сигурно ќе го гледав. Еднаш бев многу пијана и го пуштив ‘American Hustle’. Се прашував: ‘Дали јас сум добра актерка?’ Го пуштив филмот… и не се сеќавам на одговорот.“
Ди Каприо слично признание дал и претходно. Во август, за списанието „Есквајр“, изјави дека ретко ги гледа своите филмови, но дека постои еден исклучок.
„Тоа е ‘Авијатичарот’. Тој филм ми беше особено важен“, рече актерот, присетувајќи се на соработката со режисерот Мартин Скорсезе и на неговиот долгогодишен интерес за ликот на Хауард Хјуз.
Филмот „Титаник“, во режија на Џејмс Камерон, стана еден од најуспешните филмови во историјата, а Ди Каприо во него глумеше заедно со Кејт Винслет.
„‘Титаник’ беше голем експеримент за Кејт и за мене“, изјави Ди Каприо уште во 2016 година. „Не можевме ни да замислиме колку голем ќе стане филмот. Сè тоа нè изненади.“
Тој додаде дека по тој успех морал да забави и да се врати на своите актерски цели.
„Знаев дека од мене се очекува нешто одредено, но сакав да останам верен на себе и на причината поради која воопшто почнав да глумам“, порача Ди Каприо.
Забава
Од февруари ќе се наплаќа пристап до фонтаната ди Треви
Од 1 февруари, туристите ќе мора да платат две евра за да добијат пристап одблиску до фонтаната ди Треви во Рим, една од најпознатите туристички атракции во градот. Бесплатен пристап ќе имаат само жителите на Рим, додека разгледување од далечина ќе остане без надомест.
Градоначалникот Роберто Гвалтиери изјави дека со оваа мерка се очекува годишен приход од околу 6,5 милиони евра. Наплатата е дел од поширок план со кој од 1 февруари ќе се воведат влезници и за уште пет локации во градот, со цена од пет евра.
Фонтаната ди Треви ја посетуваат во просек околу 30.000 луѓе дневно, а градските власти ја оправдуваат мерката со пренатрупаноста и проблемите со џепчии. Само во периодот од 1 јануари до 8 декември, просторот пред фонтаната го посетиле околу девет милиони туристи.
Традицијата на фрлање парички во фонтаната продолжува.

