Контакт

Култура

Концерт со маестро Шаровски и хорнистот Боштјан Липовшек

Објавено пред

В петок, 5 мај, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонска филхармонија ќе го изведе концертот со наслов „Вилает“, на кој како солист ќе настапи хорнистот Боштјан Липовшек од Словенија, а диригент е маестро Јерухам Шаровски од Израел. На програмата се „Унгарски танц“ бр. 1 и Четвртата симфонија од Јоханес Брамс и Концертот за хорна и оркестар од Реинхолд Глиер.

dobivaj vesti na viber

Германскиот композитор и виртуоз на пијано Јоханес Брамс (1833 – 1897), кому Роберт Шуман ќе му помогне да се афирмира како автор, се смета за еден од претставниците на романтизмот иако структурата на неговите дела во најголем дел е класична.

Унгарски танци се сет од 21 композиција, кои главно се базираат на унгарски теми. Брамс ги завршил во 1879 година. Тие се најпопуларните дела на овој композитор, а оригинално се напишани за четирирачно пијано, а подоцна првите десет биле аранжирани и за соло изведба. Дел од танците се аранжирани и за други инструменти и оркестарски формации. Последно симфониско дело на Јоханес Брамс е Четвртата симфонија (1885), во која настојува да ги негува достигнувањата на своите претходници. Се карактеризира со широк епски и меланхоличен карактер. Првиот став почнува со унисоно на целиот оркестар во една прекрасна везена мелодија, која потсетува на убавите песни на Брамс. Вториот став e балада и е опишан како некакво ехо од ритерските времиња бидејќи се слуша рог со една традиционална мелодија, која потоа наизменично ја преземаат другите инструменти. Третиот став, единственото вистинско скерцо што се среќава во симфониите на Брамс, но дејствува и како некаква унгарска игра, а финалниот четврти став го карактеризира барокната форма што и Бах ја негувал често – чаконата.

Реинхолд Глиер го завршил Концертот за хорна и оркестар во Бе-дур, опус 91, во 1951 година. Премиерно бил изведен на 10 мај 1951 година од рускиот хорнист Валери Полех во Ленинград (Санкт Петербург) со Ленинградскиот радиосимфониски оркестар. Уникатниот тон и тонскиот распон на инструментот се покажал како потентно поле за инвенција и креативност. Концертот е напишан во неокласичен стил со силни влијанија од романтизмот, а во него Глиер успешно ги презентирал изведувачките перформанси на хорната, инструмент што до тогаш најчесто имал функција само како дел од оркестарскиот звук. Со овој концерт Глиер докажал дека хорната може одлично да функционира и како соло инструмент.

Боштјан Липовшек е прва хорна во Симфонискиот оркестар на „РТВ Словенија“. Први учители му биле неговите татко и брат. Студирал кај проф. Јоже Фалоут на Музичката академија во Љубљана, каде што дипломирал и магистрирал. Студирал и кај Радован Влатковиќ на академијата „Моцартеум“ во Салцбург. Како солист настапувал со оркестарот на Радио Љубљана, со Словенечката филхармонија и со водечките оркестри во бивша Југославија. Како гостин прв хорнист настапувал во Берлинскиот симфониски оркестар, со оркестарот на Операта во Брисел, со Симфонискиот оркестар на Мелбурн, со камерниот оркестар „Малер“, со Израелската филхармонија, Шкотскиот камерен оркестар, Австралискиот камерен оркестар и др.

Честопати настапува и на турнеите со Фестивал оркестарот на Будимпешта, кој го води Иван Фишер. Како солист настапувал под диригентската палка на Антон Нанут, Урош Лајовиц, Ен Шао, Јаков Крајцберг, Сиан Едвардс…

Добитник е на награда на интернационалниот натпревар во Порчија, Италија, и е награден со највисоката награда „Франце Прешерн“, што ја доделува Министерството за култура на Словенија (2008). Предава на Музичката академија во Љубљана од 1998 година и на Академијата во Загреб од 1995 година.

Роден во Буенос Аирес, Аргентина, маестро Јерухам Шаровски рано почнува да изучува музика, а потоа студира флејта, контрабас, композиција и диригирање на Националниот конзерваториум за музика во неговиот град. Во раните ’70-ти имигрира во Израел, каде што дипломира на Академијата за музика „Рубин“ во Ерусалим, под палката на проф. Менди Родан. Во 1990 година Шаровски ќе биде избран од славниот маестро Зубин Мехта да ја прими наградата „Млад артист на годината“ кога ќе ја добие и привилегијата да диригира со Израелската филхармонија, како и со другите поголеми оркестри во Израел.

По турнејата во поранешна СССР, која за него ќе биде значајна во кариерата, во 1991 година станува уметнички директор и шеф-диригент на Симфонискиот оркестар „Раанана“ во Израел. Под палката на Шаровски овој оркестар ќе стане еден од најпопуларните симфониски ансамбли изведувајќи стотици дела и надвор од земјата. Од 1998 до 2004 година маестро Шаровски ќе раководи и со Бразилскиот симфониски оркестар на Рио де Женеиро, со кој ќе патува на турнеи во Бразил и во Европа и ќе сними четири цедеа. Тогаш Шаровски ќе го формира Младиот симфониски оркестар на Бразил, кој ќе стане еден од најпознатите ансамбли во земјата. Со БСО ќе замине на турнеја и во САД, кога во Централ парк во Њујорк, како и во центарот „Линколн“, ќе одржи концерти пред 50-илјадна публика, концерти што ќе бидат високо оценети од публиката и критиката.

За време на својата кариера, маестро Шаровски диригирал со над 50 оркестри во повеќе од 20 земји. Во серијата концерти со маестро Лорин Мазел диригира со Минхенската филхармонија во Германија и со Симфонискиот оркестар на Ерусалим заедно со Баварскиот радиооркестар, на концерти посветени на градот Ерусалим. Маестро Мазел ќе го предложи маестро Шаровски да биде и дел од жирито на „Мазел интернационалниот натпревар за диригенти“ (2002). Широк е неговиот репертоар и во однос на оперските изведби, а во последните години тој гради навистина успешна кариера на полето на едукацијата одржувајќи мастер-часови на значајни универзитети во светот.

Култура

Финскиот хор „Доминанте“ со светска премиера на „Јовано, Јованке“ од Дарија Андовска во НОБ

Објавено пред

Од

Вечерва, во фоајето на Националната опера и балет,  со почеток во 20 часот, во рамките на нивната турнеја по повод 50-годишнината од основањето, финскиот мешан хор „Доминанте“, под диригентската палка на маестро Сепо Мурто, ќе изведе разновидна програма со дела од светскиот репертоар и ќе ја даде светската праизведба на композицијата „Јовано Јованке“ од македонската композиторка Дарија Андовска.

dobivaj vesti na viber

Концертот во Скопје се одржува по неколкудневни подготовки на хорот во Охрид. Во Скопје хорот ќе одржи и заедничка проба со мешаниот хор на ФМУ „Драган Шуплевски“, предводен од маестро проф. Сашо Татарчевски.

Хорот „Доминанте“, основан во 1975 година при Универзитетот „Аалто“ во Хелсинки, е еден од најпознатите фински хорови, препознатлив по својот блескав звук и уметничка извонредност.

Прикажи повеќе...

Култура

Оригинално претставување на современата македонска книжевност на Саемот на книгата во Франкфурт 2025

Објавено пред

По петти пат, Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) годинава ќе ја претставува современата македонска книжевност на 76. издание на Саемот на книгата во Франкфурт, кој се одржува од 15 до 19 октомври.

dobivaj vesti na viber

Креативниот концепт на овогодишното претставување на македонската книжевност на најголемиот светски саем во областа на издаваштвото се потпира на мотото „Читај во 7/8. Приказни со единствен ритам.“ Со специјално изработен штанд за оваа намена, на простор од 32 квадратни метри, нашата земја и оваа година ќе се претстави во меѓународната четврта хала.

Македонската асоцијација на издавачи во периодот од завршувањето на нашиот Саем на книгата досега работеше паралелно на неколку проекти. На саемот ќе се претстават околу 70 автори кои се застапени во двата каталози – каталогот на книжевност за возрасни и каталогот на книжевност за деца, како и, за првпат, 20-тина илустратори, кои исто така се застапени во каталогот за деца. На штандот ќе бидат изложени голем дел од застапените дела во каталогот, како и делата на англиски јазик што се преведоа за ланското претставување на овој саем.

Врз основа на искуството од минатите години, а со цел поголема достапност на подготвените промотивни содржини за нашите автори и илустратори, оваа година МАИ изработи и нова веб-страница: www.mai.org.mk/macedonian-literature.

На веб-страницата модерно и прегледно електронски се претставени авторите и нивните најзначајни и најнови дела, награди и меѓународни успеси, потоа илустраторите со нивни репрезентативни илустрации, а имаме и регистар на издавачите членки на МАИ. Со ова, поставуваме основи на една значајна база на податоци за нашата книжевност, која ќе ја надградуваме секоја година – нешто што е неопходно да го имаме во денешната дигитална ера, вели Бојан Саздов, претседател на Македонската асоцијација на издавачи.

Современата македонска книжевност на саемот ќе ја промовира седумчлена делегација на МАИ. Нашите издавачи најголемиот и најпрестижниот книжевен саем ќе го искористат за промоција на нашата современа книжевност преку бројни деловни средби, а на два настана ќе учествува нашата писателка за деца Билјана С. Црвенковска.

Веќе традиционално, на 15 октомври – првиот, најпосетениот и највозбудливиот саемски ден, под покровителство на винарницата „Камник“, МАИ ќе организира коктел-забава за вмрежување со досегашните и идните соработници.

Саемот на книгата во Франкфурт е најголема и најпосетена манифестација од овој тип во светот. Оваа година тој се одржува по 76-ти пат. Почесна земја-гостин е Филипини. На саемот ќе се одржат околу 4.000 настани (промоции и панел-дискусии), ќе присуствуваат 10.000 новинари и 7.500 претставници на делегации на изложувачите од над сто земји, а бројот на очекувани посетители е над 230 илјади.

Прикажи повеќе...

Култура

„Квадратен метар“ – годишна изложба на членовите на фотоклубот „Елема“

Објавено пред

„Квадратен метар“ не е само наслов на изложбата — тоа е концептуална рамка што отвора простор за експеримент и личен израз. Оваа изложба претставува веќе традиционално годишно собирање на членовите на Фото клуб ЕЛЕМА, кои се претставуваат пред јавноста без тематски ограничувања, без зададени форми и без очекувања да се вклопат во стандардните фотографски клишеа.

dobivaj vesti na viber

Секој автор добива симболичен простор од еден квадратен метар — доволно за да се изрази, а истовремено доволно ограничено за да ја поттикне креативноста. Тој квадратен метар може да биде исполнет со фотографија, видео работа, инсталација… Границите се поставени само физички, додека идејно се целосно отворени.

„Квадратен метар“ е, на крајот, повеќе од мерка на простор. Тоа е мерка на слобода — и токму тоа е суштината на оваа изложба.

Изложба ќе трае до 28.10

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија19 минути

Граѓаните да се пријавуваат на vakcinacija.mk за вакцинирање против сезонски грип

Во тек е дистрибуција на вакцините против сезонски грип низ јавните здравствени установи, граѓаните може да се пријавуваат на апликацијата...

Македонија1 час

На полноќ завршува објавувањето резултати од анкети за локалните избори

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува радиодифузерите дека согласно Изборниот законик, резултатите од испитувањата на јавното мислење...

Свет1 час

(Видео) Израелските заложници контактираа со своите семејства преку видео врска пред да бидат ослободени

Некои заложници што ги држеше Хамас можеа да разговараат со своите семејства преку видео повик кратко пред нивното ослободување, објавија...

Свет1 час

(Видео) Ослободени сите живи заложници од Газа

Тринаесет преостанати живи заложници што ги држеше Хамас во Појасот Газа се ослободени и предадени на Црвениот крст, објавија израелските...

Македонија3 часа

„Влен“: Вресоците на Ахмети, Таравари и Села се последните извици на една коалиција во распад

„Селотејп коалицијата, составена од ситни лични интереси, по локалните избори го завршува своето политичко поглавје, засекогаш. Вресоците на Ахмети, Таравари...

Македонија3 часа

Царински инспектори пронајдоа дрога во стан на студентка, државјанка на Турција

Психотропна дрога метилендиоксиметамфетамин, мефедрон и марихуана е пронајдена при претрес на дом во Гостивар во кој престојувала студентка, државјанка на...

Европа4 часа

(Видео) Големо невреме во Шпанија: црвен аларм, поплавите носат сè пред себе

Големи поплави предизвикани од обилни дождови го погодија североисточниот шпански регион Каталонија, заробувајќи десетици луѓе во нивните возила, соопштија локалните...

Свет4 часа

Хамас ги ослободи првите заложници

Првите седум заложници се предадени на Црвениот крст во Појасот Газа. Меѓу ослободените се Гали Берман, Зив Берман, Матан Ангрест,...

Свет5 часа

(Видео) Хамас ги објави имињата на заложниците што треба да бидат ослободени

По прекинот на огнот во Газа, се очекува Хамас денес да ги ослободи израелските заложници што ги држи повеќе од...

Свет5 часа

(Видео) Трамп на летот за Израел: Војната е завршена

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа прогласи дека конфликтот во Појасот Газа е „завршен“ додека леташе за Израел и Египет за...

Европа5 часа

(Видео) Украинците нападнаа големо складиште за нафта во Крим, се шират снимки

Украински напад со беспилотни летала предизвика пожар во голем складишен објект за нафта на Крим, украинскиот полуостров што Русија нелегално...

Свет5 часа

Јужна Кореја: Русија веројатно ѝ помогнала на Северна Кореја да развие подморници

Северна Кореја веројатно добила техничка помош од Русија за развој на своите подморници, изјави денес пред парламентот јужнокорејскиот министер за...

Македонија5 часа

Мицкоски: Венко не го поддржуваат дури ни неговите пратеници од СДС и го оставаат сам да потоне

На вчерашниот народен митинг во Штип во рамките на изборната кампања за локалните избори со слоган „Вистинскиот избор! Tвојот човек!...

Соопштенија6 часа

(Видео) Филипче од Струмица: Македонија не може да ја води Мицкоски, човек без компас и без човечност!

„Година и пол премиерот Мицкоски ја води владата и државата без компас и без човечност, Македонија не може да ја...

Топ18 часа

Во тешка сообраќајка попладнево загина маж, а тешко повредено е 18-годишно момче

Во директен судир на две патнички возила попладнево околу 14 часот на експресниот пат Штип – Велес загинал  маж, а...

Свет19 часа

Зеленски бара акција откако Москва изврши над 4.000 напади за една недела врз Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја повика меѓународната заедница да преземе акција, по една недела во која биле извршени повеќе...

Свет21 час

Папата Лав дели дека договорот за примирје во Газа даде искра на надеж во Светата земја

Папата Лав Четиринаесетти изјави дека договорот за примирје во Појасот Газа „даде искра на надеж во Светата земја“. Тој ова...

Македонија1 ден

Фатени шверцери на луксузни автомобили, ОЈО Скопје бара притвор

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три лица за кривични дела – Криумчарење и Фалсификување исправи. Како што се...

Свет1 ден

Над 500.000 лица се вратиле во градот Газа откако стапи во сила прекинот на огнот

Агенцијата за цивилна заштита на Газа, која е под контрола на Хамас, соопшти дека повеќе од 500.000 лица се вратиле...

Македонија2 дена

Од утре секој ден по 15 часот ќе има блокади за загинатите во дискотеката „Пулс“

Од утре, ќе има мирни јавни собири и блокади на кружниот тек кај двојниот мостот на улицата „Стево Теодосиевски“ во...