Забава
Хари и Меган ќе снимаат документарец во Африка за „Нетфликс“
Војводата и војвотката од Сасекс заминуваат во Африка, каде што ќе снимаат нов документарен филм за „Нетфликс“.
Во 2020 година принцот Хари и неговата сопруга Меган потпишаа петгодишен договор од 100 милиони долари со стриминг-гигантот и, по успехот на нивната документарната серија „Хари и Меган“, во претстојниот проект камерите ќе ги следат додека ги посетуваат заедниците во регионот.
38-годишниот принц беше редовен посетител на Африка со текот на годините и основаше своја добротворна организација за деца, „Сентибејл“, во Лесото, а во документарниот филм камерите ќе ја следат двојката – заедно со тригодишниот син Арчи и ќерката Лилибет (22 месеца) – додека работат на разни добротворни цели, вклучително помош во градење куќи во селата што ги посетуваат, а Меган особено сака да ја подигне свеста за практиките за безбедно раѓање.
Извор изјави за весникот „Сандеј мирор“ дека документарниот филм ќе биде заеднички проект помеѓу „Нетфликс“ и продукциската куќа на Хари и Меган, „Арчивел продакшн“, додека тие се враќаат во Јужна Африка.
Инсајдерот додаде: „Фокусот ќе биде во голема мера хуманитарен. Камерите ќе ги следат додека посетуваат разни комплекси и споделуваат знаење од областа на заштита на здравјето.
„Меган особено сака да сподели информации за безбедно породување со жените што ги среќава. Заедно со сопругот планираат да помогнат во изградба на куќи и ресурси“.
Веста доаѓа само еден ден откако беше откриено дека братот на Хари, принцот Вилијам, ќе се појави во своја документарна серија, која ќе ја покрие неговата добротворна работа за помош во битката против бездомништвото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Кејт Мидлтон нема да присуствува на кралскиот настан, обожавателите на принцезата загрижени
Кенсингтонската палата објави разочарувачка вест во врска со принцезата од Велс, Кејт Мидлтон.
Oва се случува брзо откако Бакингемската палата излезе со соопштение за претстојниот јавен настап на принцот и принцезата од Велс, кои ќе го пречекаат катарскиот шеик Џавахер на неговата официјална посета на ОК во вторник наутро.
Сепак, и покрај важноста на настанот, принцезата нема да присуствува, што предизвика многу шпекулации.
Кралскиот експерт Камерон Вокер на социјалната мрежа „Икс“ напиша дека Кенсингтонската палата не го планирала присуството на принцезата. Тоа го потврди и Кејт Менси, која е кралски експерт.
„Принцезата од Велс сепак нема да присуствува на државниот банкет во Бакингемската палата“.
За многумина, отсуството на принцезата Кејт на овој важен настан беше крајно изненадувачки, особено по нејзиното враќање во јавниот живот по закрепнувањето од сериозно лекување.
Сепак, принцезата повторно отсуствува на важниот настан, што предизвикува многу шпекулации и загриженост за можните причини за ваквата одлука. Фановите шпекулираат дека ова отсуство може да биде поврзано со нејзините лични причини или здравствени проблеми.
Забава
Отворен нов датум за новогодишното музичко шоу со кабаре „Еуфорија“ на 14 јануари – првиот е распродаден
Поради огромниот интерес и целосно распродадениот прв датум на новогодишното музичко шоу со кабаре „Еуфорија“, најавена е втората изведба!
Втората претстава е закажана на 14 јануари 2025 година, нудејќи нова можност за сите кои не успеаја да го обезбедат своето место за ова долгоочекувано сценско доживување.
Само неколку дена по објавувањето на овој настан, билетите за претставата на 30 декември беа распродадени. Тоа ја потврдува желбата на публиката за нови, иновативни сценски проекти кои ги редефинираат границите на уметноста. „Еуфорија“ успеа да предизвика возбуда уште пред првата завеса да се крене, покажувајќи дека културата и автентичниот уметнички израз се во фокусот на интересот на домашната публика.
Несекојдневен спектакл што ги комбинира танцот, музиката и театарот во едно неверојатно уметничко дело. Со грандиозна продукција, смели кореографии и извонредни изведби, ова кабаре го носи духот на модерната сценска уметност директно на македонската сцена.
Да потсетиме, овој уникатен настан носи повеќе од 30 артисти – танчери, акробати, балерини, вокалисти и актери, една нова генерација на креативци кои со својот талент, иновативни идеи и страст го претвораат секој момент во жива уметничка сцена. Со преку 130 спектакуларни костими, танцувајќи во експлозивен ритам, изведувачите ќе ви раскажат една исклучителна приказна – приказна која ги спојува стилот, танцот и музиката во три различни сегменти. Првиот дел – класичното кабаре кое ќе ве пренесе во светот на елеганцијата и ретро гламурот. Вториот дел – модерното кабаре кое оживува со смели движења, акробации и моќна енергија што го истакнува современиот дух на сцената. Финалето ќе ве понесе со најголемите балкански и светски хитови, претворајќи ја сцената во еуфорична забава.
Ова не е само обично шоу – тоа е брилијантна фузија на уметност, гламур и страст кое ги обединува сите генерации, затоа подгответе се за вечер која ќе ве остави без здив!!
Забава
Тарантино појасни кои филмови одбива да ги гледа
Квентин Тарантино е познат по својата критика на филмската индустрија и често ја нагласува важноста на оригиналноста во приказните. Во разговор со Брет Истон Елис, Тарантино откри дека не го интересираат филмските преработки.
Тој рече дека неколку пати ја гледал оригиналната адаптација на „Дина“ на Дејвид Линч и не сака да ја гледа повторно. Оригиналната верзија на „Дина“ од 1984 година се смета за еден од најслабите филмови на Линч, додека најновата верзија е пофалена. За Тарантино општ проблем е концептот на преработките.
„Еден римејк по друг, само бескрајно повторување. Луѓето ме прашуваат: Дали сте го гледале „Дина“? А јас велам, не, не“, рече Тарантино.
Режисерот зборуваше и за новата верзија на „Талентираниот г-дин Рипли“ на Нетфликс со Ендрју Скот. Тој нагласи дека не гледа поента во постојано повторување на истата приказна.
„Има шест или седум книги за Рипли. Ако веќе правите нова верзија, зошто ја правите истата приказна што е снимена двапати? Ја гледав приказната двапати, но не ми се допадна во ниту една верзија. Сега навистина не ме интересира да ја гледам по трет пат“, објасни Тарантино.
Одбивањето на Тарантино да гледа преработки се заснова на неговото верување во моќта на оригиналните приказни кои досега не биле видени. Како што тврди, оригиналноста е она што ги дефинира добрите филмови, а ако приказната не е нова, тогаш верува дека едноставно не е за него.
На почетокот на овој месец тој го пофали филмот кој многумина го нарекуваат неуспех на годината – „Џокер“.
Тој особено ги пофали актерските способности на Хоакин Феникс. Изјави дека ова е една од најдобрите актерски изведби што ги видел. Иако на многумина им пречи тоа што „Joker: Folie a Deux“ наликува на мјузикл, Тарантино смета дека е генијален.