Црна хроника
Тешка несреќа кај Маврово, пет лица повредени

Вчера, во 16.45 часот, во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат с. Маврово – Ниќифорово се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „бмв“, со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од З. А. (43) од Тетово, и патничко возило „фолксваген венто“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф. С. (55) од с. Голема Речица, Тетовско.
„Во несреќата тешки телесни повреди добил мотоциклистот, а четворица сопатници од патничкото возило добиле телесни повреди констатирани во Општата болница Гостивар“, велат од МВР.
Извршен бил увид од екипа на ОВР Гостивар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведен крадец кој ограбувал каса во продажен објект

Кавадарчанец бил приведен но полиција откако бил фатен во обид за земе пари од каса во продажен објект, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
– Вчера попладне во 16.40 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци, го лишиле од слобода кавадарчанецот Ј.Ф.(22) , кој во продажен објект во градот бил фатен од вработен, во обид да одземе пари од касата во објектот. Ј.Ф. бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес.
Црна хроника
Приведени Украинки, Србинки и Албанки во угостителски објект на патот Тетово-Гостивар

Ноќеска во периодот од 00.20 до 02.30 часот, полициски службеници од СВР Тетово, извршиле акциска контрола во угостителски објект со локација покрај патот Тетово-Гостивар при што биле пронајдени и приведени пет странски државјанки кои злоупотреба на туристичиот престој во земјава.
-При контролата на угостителскиот објект поради злоупотреба на туристичкиот престој, односно престојување во земјава спротивно на целта, биле приведени пет странски државјанки од Р.Украина, Р. Србија и Р.Албаниа, на возраст од 28 до 37 години, информираат од МВР.
Оттаму додаваат дека тие биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка.
Црна хроника
Приведен криминалец баран со потерница за затворска казна од две години

Полицијата го приведе С.А. (32) од Скопје, баран со централна потерница по наредба од Основен кривичен суд Скопје за затворска казна од две години, а во врска со чл. 236 ст.1 од КЗ.
С.А. ќе биде спроведен до надлежната казнено поправна установа.