Црна хроника
Полицијата уапси десет лица, најголем дел од Скопје – при претреси најдена и одземена им е дрога
Две апсења во Кисела Вода, две во Гази Баба, едно во Аеродром, на автопат, во Тетово – ова се само некои од локациите на кои имало апсења во изминатото деноноќие. Според дневниот билтен на МВР, за сите причина е поседување дрога.
На 1.5.2023, во 13.30 часот, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода А. С. (22) од Скопје затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 1.5.2023, во 16.50 часот, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода К. Б. (33) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашеста материја. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 1.5.2023, во 22 часот, на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А. З. (25) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 1.5.2023, во 11 часот, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И. Ф. (30) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 1.5.2023, во 19 часот, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода П. М. (23) од Кавадарци затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашеста материја. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 2.5.2023, околу 1 часот по полноќ, на патот Гостивар – Тетово, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода И. Ќ. (32) од с. Неготино, Полошко, и Р. А. (44) од скопско Арачиново затоа што кај нив бил пронајден и одземен кокаин. Двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот, ќе им бидат изготвени поднесоци.
На 2.5.2023, околу 1.50 часот, на улицата Јордан Златановски во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 25-годишниот А. А. од тетовско Јеловјане затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Од него исто така било одземено и патничко моторно возило „ауди“, без регистарски таблички. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот по што ќе следува соодветен поднесок.
На 1.5.2023, во 18.30 часот, на регионалниот пат Штип – Плачковица, полициски службеници од СВР Штип ги привеле С. Т. (32) од Скопје и М. Т. (32) од с. Горно Којнаре, Кумановско. При контрола на патничко моторно возило, со кое се превезувале, кај С. Т. била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Командир и четворица полицајци од Чегране прикривале дивоградба
Полицијата поднесе кривична пријава против Б.И., командир на Полициско одделение Чегране, К.Б., Т.Е., В.Т. и Б.Е. , сите полициски службеници од Полициско одделение Чегране при СВР Тетово, поради основи на сомнение за сторно кривично дело ,,попречување на правдата“.
Пријавените полициски службеници во повеќе наврати во текот на 2025 година, постапувајќи по поплака за бесправно градење од подносител, измениле и изготвиле дополнителен службен материјал со кој ја промениле фактичката состојба, со што го спречиле, прикриле и го отежнале докажувањето за утврдување на бесправното градење во постапка која се води пред суд или друг орган надлежен за утврдување на бесправно градење.
Воедно, пријавените извршиле преквалификација на примената поплака за бесправно градење во прекршок за лажно пријавување спрема подносителот на поплаката на начин што без да ја констатираат фактичката состојба изготвиле записник за констатиран прекршок и барање за поведување на прекршочна постапка против подносителот на поплаката.
Против полициските службеници ќе биде поднесен предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе бидат изречени задолжителни мерки за одземање на службеното оружје и муниција и упатување на задолжителен психолошки и психијатриски преглед.
Топ
Уапсен возачот кој денеска со камион усмрти велосипедист во Гостивар
Полицијата го уапси возачот кој денеска со товарно возило усмрти велосипедист во Гостивар.
Според информациите на МВР, денеска (16.12.2025) околу 13:00 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Х.М.(44) од Гостивар, постапувајќи по пријава дека во 12:35 часот на крстосница од ул. „Илинденска” со ул. „Седек Костовски” во Гостивар, товарно возило „мерцедес“ со гостиварски регистерски ознаки, управувано од Х.М., удрило во велосипед управуван од И.М.(76) од Гостивар.
И.М. бил пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар, каде лекар констатирал смрт.
По документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против Х.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Со закана со секира ограбил казино во Битола: уапсен 53-годишен маж
Вчера во 19:40 часот полициски службеници од СВР Битола во казино на улицата „Филип Втори Македонски“ во Битола го лишија од слобода 53-годишниот С.Р. од Битола, постапувајќи по добиена пријава околу 18:30 часот дека во казино лоцирано на улицата „Маршал Тито” во Битола, едно лице со закана со секира од вработената одзело околу 8600 денари, по што се дало во бегство.
Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и сторителот е лоциран и лишен од слобода, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

