Свет
Почна судењето на белоруската адвокатка Лазаренко за застапување опозициски активисти
Во време кога белоруските власти ја интензивираат репресијата против дисидентите, во Минск пона судењето на белоруската адвокатка Анастасија Лазаренко (40), која застапувала активисти затворени за учество во масовните протести со кои се оспоруваат официјалните резултати од претседателските избори во август 2020 година, пренесува Радио Слободна Европа.
Судењето на Лазаренко почна денеска, речиси една година откако беше уапсена и обвинета за организирање нелегален масовен собир, организирање и подготвување акции кои, како што е наведено во обвинението, имале за цел нарушување на општествениот ред, како и за злоупотреба на лични податоци на белоруски полицајци и судии.
Првите две обвиненија против Лазаренко се однесуваат на нејзините бесплатни правни консултации со активистите затворени пред притворскиот центар „Минск акрешчина“ во 2020 година. Третото обвинение тврди дека таа објавила информации за полицајци на платформата за социјалните медиуми Телеграм.
Украинските безбедносни сили ја уапсија Лазаренко во вооружена рација на нејзиниот дом во јуни минатата година и против неа беше поведена кривична постапка по чл. 130 § 3 од Кривичниот законик на Република Белорусија за наводно за пренесување информации за безбедносните сили и судиите на канали на Телеграм, за што е предвидена казна затвор до 12 години
На 5 септември 2022 година, организациите за човекови права ја прогласија Лазаренко за политички затвореник заедно со уште пет лица.
Според специјалниот извештај на УНХЦР од јуни 2022, 66 белоруски адвокати биле прогонувани по изборите во 2020 година, вклучително и преку одземање на работната дозвола, притвор и судски прогон. Еден од прогонуваните новинари, Максим Знак, бил ставен и на „списокот на терористи“ на белорускиот Комитет за државна безбедност.
Ова, според УНХЦР, предизвикува застрашувачки ефект кај другите правни професионалци, ограничувајќи го правото на бранителите на човековите права и на политичките противници до независно, ефективно правно застапување.
Во одделен слуачј денеска во Минск почна и судењето на уметникот Хенаџ Дражду (64), кој беше уапсен во август минатата година по враќањето од Украина и обвинет за „олеснување екстремистички активности“. По апсењето, инспекторите го пребарале домот на Дражду и наводно пронашле негови фотографии на кои позира со украински војници.
Белоруските државни медиуми подоцна објавија дека Дражду учествувал и во антивладините протести во Белорусија во 2020 година, блокирал патишта, разговарал со „радикални опозициски активисти“ и планирал нелегални активности.
Стотици луѓе завршија в затвот по претседателските избори во август 2020 година, на кои авторитарниот претседател Александар Лукашенко тврдеше дека победил, додека активистите за човекови права и опозициските политичари велат дека резултатите биле наместени.
Белорусија помина низ невидени немири поради изборните резултати кои траеја неколку месеци. На протестите беа приведени илјадници луѓе, а имаше и потврдени извештаи за тортура и малтретирање на затворениците од страна на безбедносните сили. За време на судирите загинаа неколку лица.
Во време на зајакнати санкции од Западот, Лукашенко во голема мера се потпира на руската поддршка додека ја сузбива опозицијата и апси или протерува многу нејзини лидери. САД, ЕУ и неколку други земји одбија да ја признаат изборната победа на Лукашенко.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Рама во Вашингтон ќе учествува на формирањето на Одборот за мир
На 19 февруари премиерот Еди Рама ќе биде во Белата куќа во Вашингтон, каде што ќе учествува на официјалното формирање на Одборот за мир.
Ова го потврди лично премиерот за време на неделниот подкаст „Фласим“(зборуваме), отфрлајќи ги тврдењата на опозицијата дека воопшто не е поканет за учество на овој настан.
– Деновиве добив покана од претседателот на Соединетите американски држави, да го посетам Вашингтон и на учествувам на формирањето на Одборот за мир. Значи разбиени се сите лаги кажани дури и во нашиот парламент. Лага се секакви тврдења што денес повторно се прават смешни, велејќи дека не можам да одам, дека не сум поканет, затоа што, затоа што, затоа што, рече Рама.
Всушност, додаде, како што кажав, ќе бидам во Вашингтон за официјалното формирање на Одборот за мир и за почетокот на активноста на тој одбор.
-Привилегија за Албанија е да биде држава-основач на Одборот за мир и нема да придонесува со пари за да се приклучи или да остане како постојан член, туку придонесува со достоинство и со она што ја направило меѓународно почитувана и поканета, за оваа толку високо ниво на дискусија за иднината на мирот, рече Рама.
Свет
Американците понудиле безбедносни гаранции за Украина, Зеленски не е задоволен
САД му понудија на Киев 15-годишни безбедносни гаранции, но Украина сака повеќе и смета на период од најмалку 30 години, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на Минхенската безбедносна конференција.
Според него, Украина работи со сите партнери за безбедносни гаранции.
„Општо земено, ние сме блиску до тој проект. Имавме средба со американски сенатори. Рековме дека навистина сакаме да ги продолжиме безбедносните гаранции, за да бидат поефикасни за инвеститорите на кои им се потребни гаранции повеќе од пет до десет години“, рече Зеленски, пренесоа украински медиуми.
Тој додаде дека американската страна синоќапредложила гаранции од 15 години, додека Украина сака да додаде 20 години на тоа, за периодот да биде помеѓу 30 и 50 години.
„Зависи од тоа што ќе одлучат администрацијата и Конгресот, ќе видиме“, рече Зеленски.
Свет
Зеленски очекува корисна следна рунда мировни преговори
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска во Минхен изјави дека очекува следната рунда мировни преговори да биде сериозна, суштинска и корисна. Сепак, тој додаде дека понекогаш се чини како „страните да зборуваат за сосема различни работи“.
Нова рунда разговори меѓу претставниците на Русија и Украина, со посредство на САД, ќе се одржи во Женева во вторник и среда.
Зборувајќи на Минхенската безбедносна конференција, Зеленски рече дека клучниот фокус во мировните преговори е да се обезбеди дека „за четири години, цивилизираниот свет нема да биде принуден повторно да се оправдува, да ја префрла одговорноста и да бара некој друг да го обвини“ за уште една војна.
„Украина е подготвена за договор што ќе ни донесе вистински мир нам, на Украина и на Европа“, додаде тој и изјави дека Европа „практично не е присутна на преговарачката маса“, но треба да биде.
„Тоа е голема грешка“, рече тој.
Зеленски истакна дека би било илузија да се верува дека оваа војна сега може сигурно да се заврши со поделба на Украина. Тој повтори дека на Русија „не смее да ѝ се даде никаква надеж дека може да остане неказнета за ова злосторство“.
Тој вели дека Москва била најсериозна во врска со преговорите кога била погодена од длабоки украински напади на сопствената територија.
„Колку сме посилни, толку пореален станува мирот“, рече тој.

