Забава
Куќата на славните на рокенролот ги објави имињата на новопримените

Кејт Буш и Џорџ Мајкл се меѓу уметниците што на годинешната церемонија ќе бидат примени во Куќата на славните на рокенролот, пренесува британски Би-би-си.
На ѕвездите во почесната листа ќе им се придружат иконата на кантри-музиката Вили Нелсон и кантавторката Шерил Кроу.
Уметниците имаат право да влезат во Куќата 25 години по нивниот прв сингл, а рап-иноваторката Миси Елиот направи успех во првата година од подобноста.
Кејт Буш беше номинирана три пати претходно – во 2018, 2021 и во 2022 година.
Иако нема издадено нова музика од 2011 година, таа забележа оживување на популарноста благодарение на својот стар хит Running Up That Hill во популарната драма Stranger Things.
Како што пренесува Си-ен-ен, класата за 2023 година ги вклучува Кејт Буш, Шерил Кроу, Миси Елиот, Џорџ Мајкл, Вили Нелсон, „Рејџ агенст машин“ и „Спинерс“ (како изведувачи).
Диџеј Кул Херц и Линк Вреј ќе бидат добитници на наградата за музичко влијание, а Чака Кан, Ал Купер и Берни Таупин се избрани за наградата за музичка извонредност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Беше омилена пејачка во 2000-тите, а потоа исчезна: денес шокира со својот изглед

Пејачката Нели Фуртадо ја освои музичката сцена во 2000-тите. Хитови како „Maneater“, „Say It Right“, „Showtime“ и други ја одбележаа младоста на многу генерации.
Сепак, канадската пејачка одеднаш исчезна од сцената. Според странските медиуми, таа се посветила на своето семејство, но и на себеси. Се здебелила неколку килограми, но тоа не ја спречува, како што еднаш истакна, да биде среќна.
„Веќе не си одземам храна и вежбам за да останам здрава“, објасни таа, признавајќи дека на почетокот на кариерата многу повеќе се грижела за својот изглед.
„Морав да бидам убава за другите, а не за себе. Фотографиите и видеата мораа да бидат совршени, а внатре буквално умирав“, рекла еднаш.
Денес, Нели Фуртадо ужива во животот, а неодамна настапи на фестивалот „Бордмастерс“ во Корнвол. Таа ја искористи можноста да отпее некои од своите најголеми хитови, но и да му покаже на светот колку се сака себеси.
За таа пригода, таа носеше маслинесто зелен комбинезон кој ги истакнуваше сите облини на нејзиното тело. Додаде и крзнен детаљ, како и сребрени аксесоари. Косата ја стилизираше на наједноставен начин.
Се чини дека вишокот килограми конечно ја ослободи Нели од оковите на перфекционизмот. Денес, таа изгледа посамоуверено, а овие фотографии на кои таа се смее се доказ за тоа.
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Ана Ивановиќ не престанува да ги воодушевува обожавателите со својот изглед

Ана Ивановиќ не престанува да ги воодушевува своите следбеници на социјалните мрежи, а сега ѝ се придружи и нејзината кума Мирослава Најдановски.
Прославената тенисерка Ана Ивановиќ неодамна стана официјално слободна жена, откако нејзиниот адвокат потврди дека нејзиниот развод од Бастијан Швајнштајгер е конечен.
Во меѓувреме, поранешниот германски фудбалер ужива во животот со новата девојка, а нивните фотографии брзо станаа вирални.
Од друга страна, Ана ужива со стил и се труди најмногу што може да ја задржи препознатливата насмевка на лицето.
Ана веќе некое време е поактивна од кога било на Инстаграм, но оваа најнова објава е можеби најубава од сите. Таа позираше со својата кума, српската пливачка Мирослава Миња Најдановски, и буквално е невозможно да се каже која е поубава.
Ана позираше во долг бел фустан со резови на стомакот и од страните, а го надополни со очила за сонце и едноставна огрлица. Уште еднаш, ни го покажа совршениот летен фустан кој е истовремено разигран и елегантен.
„Ана, блескаш како секоја жена по развод“, „Кукли“, „Прекрасна си“, беа некои од коментарите.
фото: принтскрин
Забава
(Видео) „Мајко силна“ на Александар Тарабунов нова песна од проектот „Македонијо, во срце те носиме“

Проектот „Македонијо, во срце те носиме“ продолжува да го буди патриотскиот дух и љубовта кон нашата земја со нова песна која допира до срцата на сите Македонци. Овој пат, тоа е „Мајко силна“ авторската композиција на Александар Тарабунов – композиција која, како што открива Тара, тлеела одамна, но сега конечно е реализирана во рамките на овој значаен проект.
Музиката и текстот се со негов потпис, додека во аранжманот свој удел има и маестро Николче Мицевски. Ова дело, кое долго време зреело во творештвото на Тара, го оживува бесценетото чувство за припадност и гордост што ја карактеризира македонската душа. „Песната ја истакнува вечната врска меѓу човекот и неговата земја, испреплетувајќи традиција и современ звук. Воедно во духот на патриотската мисија на проектот, го продолжува силното влијание на претходните изведби и ја одразува темелната љубов кон нашите корени и иднината што ја градиме заедно“.
Проектот „Македонијо, во срце те носиме“ работен под палката на Скендеровски продукција, има за цел да ѝ даде нови живописни бои на македонската традиција и да обои Македонија со најубавите звуци. Со голема почит кон корените и наследството, проектот досега го оживеа духот на неколку од највпечатливите македонски песни: „Не кажувај либе добра ноќ” (Огнен Здравковски), „Како пиреј” (Ламбе Алабаковски), „Се собрале комитите” (Миле Кузмановски), „Како што е таа чаша” (Спасен Силјаноски) „Ја излези стара мајко”(Марија Спасовска), „По друм одам мајче“ (Мина Блажев), „Горда Македонка“ (Зуица Лазова), „Запејте сите ангели“ (Бојана Скендеровски) и „Нека живеј Македонија (Сузана Спасовска).