Македонија
Нано Ружин добитник на наградата „Гоце Делчев“ за 2023 година

Професор емеритус Нано Ружин долгогодишен професор и поранешен ректор на Американскиот универзитет на Европа – ФОН е еден од овогодинешните добитници на престижната награда – Гоце Делчев за 2023 година.
Професор емеритус Ружин ја доби наградата за делото „Балкански иконографии“, каде што на преку 260 страни авторот прави семиолошка анализа на иконографиите и нивното значење во градењето на идентитетот, но и нивната злоупотреба од страна на демагозите и популистите. Книгата обилува со околу 500 фотографии на разни симболи, знаци, иконографски личности и творби.
Нано Ружин е долгогодишен професор на Американскиот универзитет на Европа – ФОН, поранешен декан на факултетот за политички науки, ректор, а во својата кариера работел и како дипломат и поранешен амбасадор на Македонија во НАТО.
Пресижното звање професор емеритус, како ј признание на докажани професори, Нано Ружин го стекнува во 2022 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Осомничениот полицаец за пожарот во Кочани по кој се трагаше, сам се пријавил во Обвинителството

Полицаецот по кој се трагаше, утрово сам се пријавил во Обвинителството. Тој е меѓу 10-те полициски службеници кои од завчера се опфатени со истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
„Утринава се пријави и сега е пред судија на претходна постапка“, информираат од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Од Министерството за внатрешни работи вчера информираа дека во истрагата за пожарот се опфатени 10 полициски службеници. Шестмина добија мерки за претпазливост, а тројца од осомничените се претходно обезбедени.
Македонија
Меџити: Општините се клучен партнер во еколошката трансформација

Првиот вицепремиер и Министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска оствари работна средба со претседателството на ЗЕЛС – Заедницата на единиците на локалната самоуправа, на која беше детално презентиран јавниот Конкурс за финансирање на проекти од областа на животната средина за 2025 година.
Меџити ја истакна важноста на локалната самоуправа како столб во реализацијата на клучни инфраструктурни и образовни проекти поврзани со животната средина.
Преку Програмата за 2025 година, Министерството обезбедува 229 милиони денари, од кои најголемиот дел се наменети за поддршка на водоводна и канализациона инфраструктура – области каде што голем број општини сè уште се соочуваат со сериозни предизвици.
„Општините се нашите најважни сојузници на терен. Тие најдобро ги познаваат локалните проблеми и потреби, и затоа сакаме директно да ги поддржиме со средства за решавање на тие предизвици“, истакна министерот Меџити.
Во рамки на средбата, беа презентирани и критериумите, постапките за аплицирање и поддршката што Министерството ја нуди за успешно подготвување и спроведување на проектите. Беше потенцирано дека секоја општина може да аплицира со еден или повеќе проекти, и дека се охрабруваат и заеднички регионални иницијативи.
Претставниците на ЗЕЛС изразија подготвеност за активно информирање и ангажирање на општините-членки, како и интерес за одржување дополнителни информативни сесии и работилници во наредниот период.
Конкурсот е отворен до 29 април, а сите информации, критериуми и апликациски обрасци се достапни на веб-страницата на Министерството.
Македонија
ЗНАМ: Некој што соработува со ДУИ не треба да биде дел од Владата

За Движењето ЗНАМ за наша Македонија е неприфатлива соработка со нереформираната ДУИ и со лица од СДСМ кои учествувале или се дел од организиран криминал и корупција, изјави портпаролот на ЗНАМ, Никола Мемов.
На прашањето дали овие ставови значат дека ЗНАМ ќе побара изземање на Арбен Таравари од владиниот состав, Мемов одговори:
„Нашиот став е многу јасен, заклучокот број два вели: ‘Секој кој што соработува зад отворени или затворени врати со нереформираната ДУИ за Движењето ЗНАМ е неприфатлив да биде составен дел на партнерството во кое што учествува ЗНАМ’“, рече Мемов.
На прашањето зошто се вели дека состојбата во Вреди е нивна внатрешна работа, а ЗНАМ изјавува дека некој што соработува со ДУИ не треба да биде дел од владата, Мемов рече:
„Случувањата во Вреди се нивна внатрешна работа, кој ќе остане како коалиционен партнер во коалицијата Вреди ќе видиме понатаму, ќе покаже времето. Доколку останат сите, тогаш органите и телата на ЗНАМ ќе разговараат и ќе расправаат по тоа прашање“.
Запрашан дали ЗНАМ има информација дека Алијанса за Албанците, која е дел од Вреди, има некакви комуникации со ДУИ, Мемов рече:
„Тие самите изјавија дека имаат отворена комуникација“.
На прашањето дали во владата ќе се разговара за овие случувања со премиерот, портпаролот Мемов рече дека разговорите и комуникацијата како партнери во владата е континуирана.
„Сите отворени прашања се дискутираат во рамките на владиното партнерство“, рече Мемов.
Запрашан за настапот на идните локални избори, тој најави дека наредната недела Движење ЗНАМ за наша Македонија ќе ја информира јавноста за тоа прашање.