Македонија
Ученик со нож се заканувал во училиште во Аеродром, давел и врсник
Ученик од шесто одделение во основното училиште Браќа Миладиновци во Аердором пред два месеца носел нож на часовите и им се заканувал на децата дека ќе ги убие, алармираа денес родителите од одделението.
Во писмо до медиумите тие информираа за настанот, коментирајќи дека покрај тоа што се заканувал, тој давел и дете до снемување воздух, а истепал и неколку соученици, како и наставник, а неговото поведение со години е проблематично. И покрај нивното инсистирање, ништо во меѓувреме не било преземено, велат тие.
Случајот пред два месеца бил пријавен во МВР од страна на директорката на училиштето.
„На 23 март во 11 часот телефонски во полициска станица А.В. (46), директорка на ОУ Брака Миладиновци пријавила дека на 22.03.2023 одземен бил нож од 11 годишен ученик. Полициски службеници излегле на место на настанот и бил извршен разговор со А.В. која појаснила дека на 22.03.2023 околу 09.30ч. таа и стручна служба од училиштето му го одземале ножот на ученикот, по што бил извршрн разговор од нивна страна со родителот на детето. На 23.03.2023год околу 09.30 часот истото дете со клуч од врата им се заканувал на соучениците, по што наставничката И. Н. извршила разговор до детето, по што тоа го напуштило училиштето“, велат од МВР за случајот.
Во извршен разговор подоцна со директорката, таа информирала дека секојдневно од страна на стручен тим педагог и психолог се работи со ученикот и дека од социјален работник од ЈУМЦСР е разговарано со детето.
Од друга страна, родителите, во писмото велат дека свикале итна родителска средба во присуство на директорката на училиштето, која им ветила некои санкции, меѓу кои присуство на часови од личност назначена од директорот и зголемено надгледување од страна на дежурни наставници пред нивната училница, но зборот не бил одржан.
Додаваат дека поднеле барање до дирекцијата на училиштето, Општина Аеродром и МОН, Центарот за социјала, за преместување на ученикот во друго училиште бидејќи и покрај се’ однесувањето на проблематичното дете се влошува, а директорката вчера им забранила влез во училиштето на одредени родители. Според нив, реакциите се сведени на преписки од една до друга институција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

