Македонија
Студентите од Европа ќе се запознаат со богатиот биодиверзитет на Македонија – „Шумарски“ домаќин на голем настан во Скопје

Здружението на студенти при Факултетот за шумарски науки Ханс ем, пејзажна архитектура и екоинженеринг „ДРЕН Ханс Ем“ во периодот од 15 до 21 мај ќе биде домаќин на настан „Повеќе видови за подобро општество“ (More variety for better society).
Во рамки на настанот, во Скопје ќе пристигнат 60 студенти од околу 20 држави, кои ќе ги споделат своите искуства и ќе се запознаат со богатиот биодиверзитет на нашата земја.
Секоја година IFSA (International forestry student association) има собири од ваков карактер кој игра значителна улога во промоција на земјата домаќин и надградување на знаењата на студентите.
Од Здружението на студентите велат дека годинава настанот требало да се одржи во Турција, но поради земјотресот дошло до промена. Тие ја презеле одговорноста да го организираат во многу кус период, иако традиционално земјата домаќин за овие средби се подготвува во текот на целата година.
„Македонија е хотспот на многу видови интересни за шумарството, а нам ни е гордост да им го претставиме на колегите од Европа. Времето за да ја организираме оваа средба беше екстремно кратко, СЕРМ се спрема 1 година, а ние направивме магија за 2 месеци. Без буџет, со малку спонзорства овој СЕРМ ќе биде еден од најинтересните во историјата на ИФСА, ветуваме“, рече Ивана Пенева, претседател на „ДРЕН Ханс Ем“.
Нејзината колешка, Надица Кремшовска, која е потпретседател на здружението рече дека СЕРМ претставува една убава средба на студентите од шумарските факултети низ Јужна Европа.
„Преку стекнување на пријателства, запознавање со колегите, остварување на контакти, се отвараат многу нови можности за надоградба на себеси и придонесување кон подобрување на шумарството и подигнување на јавната свест колку е за нас потребна и неоходна природата, за која треба несебично да се грижиме и да ја чуваме“, рече Кремшовска.
ДРЕН Ханс Ем е здружение на студенти при УКИМ Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ со основна задача за промовирање на новите сознанија од областа на шумарството, пејзажната архитектура и екологијата.
Веќе две децении ДРЕН Ханс Ем е членка на IFSA (International forestry student association) и преку свој претставник активно учествува во работењето, стратешките активности и креирањето на програми на оваа меѓународна организација.
Една од редовните активности е организирањето на IFSA е одржувањето на Одржувањето на меѓународната средба SERM 2023 е поддржано од целокупниот наставно-научен кадар и Деканската управа при УКИМ Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ во Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од улиците низ Скопје ќе бидат затворени заради верскиот празник Велигден

По повод верскиот празник „Воскресение Христово-Велигден” од попладне ќе биде воведен посебен сообраќаен режим на одредени сообраќајници во централното градско подрачје и во општините Ѓорче Петров и Аеродром.
Како што соопшти МВР, во периодот од 18 часот во центарот на Скопје по потреба за сообраќај ќе бидат затворени бул.„Партизански Одреди” од крстосницата со ул.„Франклин Рузвелт” до крстосницата со бул.„ВМРО”, бул.„Св.Климент Охридски” од крстосницата со бул.„Илинден” до крстосницата со ул.„Димитрие Чуповски” и ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ од крстосницата со ул.„9-ти Мај” до кружната крстосница со ул.„Св. Кирил и Методиј”.
На автобусите кои што минуваат преку мостот „Гоце Делчев” по потреба ќе им се менува трасата на движење при што истите ќе се движат по бул.„Илинден” и преку ул.„Франклин Рузвелт” ќе се вклучуваат на бул.„Партизански Одреди”, додека автобусите коишто минуваат преку центарот на градот ќе се движат по ул.„М.Т.Гологанов” па преку ул.„Франклин Рузвелт” ќе се вклучуваат на бул.„Партизански Одреди”. И во спротивна насока автобусите ќе ги користат истите сообраќајници.
Во општина Ѓорче Петров по потреба за сообраќај ќе се затвори ул.„Македонска Војска“ пред црквата „Свети Петар и Павле“ на потегот од крстосницата со бул.„Партизански Одреди“ до ул.„Ѓорче Петров“.
Во општина Аеродром по потреба за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон с. Лисиче.
По потреба за сообраќај ќе бидат затворени и други сообраќајници кои гравитираат околу верските објекти.
Македонија
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност

Времето денеска, сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во крајните источни планински региони ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Во наредните денови следува период на топло време. Во недела ќе се задржи сончево со мала до умерена облачност, а од понеделник променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.
Македонија
Дел од Центар без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваat дека денеска ( сабота ) без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 11.00 до 12.30 часот, корисниците од ул. Јордан Хаџи Константинов – Џинот лоцирани кај ул. Крсто Баиќ, корисниците од ул. Кеј 13 – ти Ноември лоцирани кај ресторан Парк, како и корисниците од ул. Ленинова лоцирани спроти Министерството за Земјоделство. ( општина Центар )