Регион
Самостојниот синдикат на просветните работници на Србија најави протест за понеделник
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/05/србија-синдикат.jpg)
По крвавиот инцидент во белградското основно училиште во кој беа убиени осум деца и чуварот, а уште девет лица се борат за живот меѓу кои и наставничката по историја, Самостојниот синдикат на просветните работници на Србија (НСПРС) најави протестен собир „Стоп за насилството“ за понеделник, 8 мај, пред Министерството за образование во Белград.
„Протестот се организира со цел да се повикаат Владата на Србија и Министерството за образование да направат суштински, не само козметички, промени за конечно да се запре растечкото насилство во општеството и образованието“, се вели во денешното соопштение од Синдикатот.
Тие побараа разрешување на министерот за образование Бранко Ружиќ, како и измени на Кривичниот законик и Законот за основите на образовниот систем.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
Туристите и граѓаните на Грција добија итни СМС предупредувања: Се приближува силно невреме, град и грмежи
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/fds-2.jpg)
Граѓаните и туристите во Солун, Лариса и други области на северна Грција добија предупредување во форма на итна СМС порака поради невремето кое се очекува во текот на денот.
Во пораката се наведува дека од раните утрински часови до пладне се очекува лошо време, како град и грмотевици, пренесува Катимерини.
„Избегнувајте преминување на порои и потоци, пеш или со возило, при невреме и врнежи, работа и активности на отворено. Треба да избегнувате да поминувате под големи дрвја и поставени знаци. Не држете ги вклучените електрични уреди или телефони, бидејќи молњата може да помине низ жиците. Избегнувајте допирање на водоводни цевки (кујна, бања), бидејќи тие се спроводници на струја“, се наведува во предупредувањето.
Исто така, се додава дека ако некој е на отворено за време на невреме, советот е да се држи подалеку од метални предмети, како што се автомобили, велосипеди или опрема за кампување и дека ако некој е во морето, веднаш да излезе.
Регион
Силни молњи предизвикаа пожари на Тасос
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/05/grom-na-Rodos.jpg)
Силни молњи вчера предизвикаа два пожари на грчкиот остров Тасос, еден ден откако пожарникарите се справија со шумските пожари поттикнати од силните ветрови на два други острови.
Повеќе од 32 пожарникари со помош на 13 противпожарни возила, едно летало и два хеликоптери се обидуваат да го изгаснат пламенот што го проголтува шумското земјиште на два фронта на островот во северното Егејско Море на 306 километри северно од Атина, соопшти противпожарната бригада.
Шумските пожари станаа почести и деструктивни во Грција во последните години поради климатските промени, а грчката служба за цивилна заштита предупреди на понестабилно време во среда и четврток, наведувајќи дека се очекуваат невреме со голема фреквенција на грмежи и град.
Регион
На Фејсбук е објавено лажно видео од премиерот Вучевиќ, реагираат надлежните органи
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/fgd.jpg)
На социјалната мрежа Фејсбук се појави лажен видео клип, или непостоечка изјава на премиерот на Србија Милош Вучевиќ, соопштија од Кабинетот на премиерот.
Како што беше најавено, вештачката интелигенција креирала непостоечка изјава на премиерот Милош Вучевиќ на сметката „Corvus01“ во која е злоупотребена неговата слика, додека со генериран глас се објавуваат податоци за непостоечки владини проекти.
Министерството за внатрешни работи, односно полициските службеници на техничката управа на СБПВТК, контактирале со компанијата Мета за да ги отстранат споменатите објави и да дадат информации за администраторот на сметката.