Македонија
(Видео) Објавена снимка од изгубените девојчиња, полицијата трага по нив

Потрагата по двете малолетни девојчиња од Струмица чиј траг се губи денеска во 16 часот, продолжува и вечерва. Граѓаните ја споделуваат објавата на родителите и јавуваат за информации со кои располагаат. Снимка од надзорна камера од објект после „Веро Џамбо“, кај „Дрво декор“, покажува дека девојчињата поминале по споредната улица.
Од снимката се гледа како двете се движат една до друга, облечени во истата облека како на фотографиите споделени од мајката на едно од девојчињата. Полицијата најави дека веднаш штом добие било какви информации ќе ја извести јавноста.
Претходно, Александра Јанкова, родител на 12-годишното девојче А.Ј. објави јавен апел за помош. Посочи дека тие се уаптиле кон центарот на Скопје. Случајот во полиција го пријавила професорката.
„Денеска (08.05.2023) околу 16 часот во СВР Скопје е пријавено дека на територија на Центар се изгубиле две малолетнички од струмичко кои биле дојдени на училишна екскурзија во Скопје.Според пријавата на нивната професорка Е.А., последен пат ги видела пред ТЦ Веро Џамбо. Се преземаат мерки за пронаоѓање на малолетничките“, соопштија од МВР за „Макфакс“.
Потрагата е во тек.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Рекет во Скопје: Изнудувале пари со закани за убиство, организаторот од Дубаи

Обвинителството отвори истрага против тројца турски државјани за кои постојат сомненија за изнуда.
Тројцата осомничени во група, со сериозна закана по живот, присилиле еден оштетен, исто така државјанин на Република Турција, да им исплати 40.000 евра.
Оштетениот на 6 септември дошол во државава со намера да отвори фирма за градежништво и ИТ, а првоосомничениот, кој според досегашните сознанија се наоѓа во Дубаи, го контактирал телефонски преку мобилна апликација. Му се заканувал и му барал различни суми во износ до 70 илјади евра. Му испраќал и пораки со заканувачка содржина дека ќе го најде и во Македонија и ќе го убие доколку не продолжи да му плаќа рекет.
На 28 септември во земјава пристигнале другите двајца осомничени, од кои едниот внук на првоосомничениот и веднаш го контактирале оштетениот со намера да ги земат парите.
Се договориле да се сретнат со жртвата во еден трговски центар, па кога тој им го предал ковертот во кој се наоѓале обележани парични средства веднаш биле лишени од слобода.
Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност да ги прикријат трагите или да влијаат врз сведоците, како и особени околности што го оправдуваат стравот дека ќе го повторат кривичното дело, јавниот обвинител предложи на двајцата уапсени осомничени да им биде определена мерка притвор. Во однос на првоосомничениот, се преземаат дејствија за негово лоцирање со цел обезбедување за натамошната постапка.
Македонија
Мицкоски: Со црвените линии за Бугарија, Филипче подготвува ново предавство и нов бонбона бизнис

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Вевчани порача дека на овие локални избори, Социјалдемократскиот сојуз го очекува уште еден изборен дебакл.
Посочи дека лицемерие е кога Венко Филипче вели, дека нема да води негативна кампања, а веќе во наредната реченица ја злоупотребува големата човечка трагедија која се случи во Кочани, а истиот тој, како што дополни Мицксоки, спрема и ново предавство и поклон за нашиот источен сосед, Бугарија преку нивните т.н. црвени линии.
„Тоа е всушност реалното лице на опозицијата која во најновите пазарџиски трикови сака и да спакува нов поклон за нашиот источен сосед. Тоа е подарок којшто тие го нарекоа Резолуција или црвени линии, после кој СДСМ сака, нормално, да изроди некоја нова отстапка на грбот на македонскиот народ, на грбот на македонските граѓани. Сосема сигурно оттука може да се заклучи ако францускиот т.н. предлог беше толку прекрасен и Венко ни велеше дека идентитетот бил заштитен, тогаш прашањето ни е зошто, тогаш, ни требаат овие црвени линии, коишто се дел од т.н. резолуција на СДСМ. Одговорот лежи во тоа дека СДСМ, повторно, со трикови сака да направи некој нов бонбона бизнис, познат за нив како карактерна особина од минатото“, истакна Мицкоски.
Затоа порача Мицкоски на овие избори мора да се излезе масовно и во огромен број и да се изрази волјата јасно, дека народот владее во оваа држава а не, како што рече, тесните клики кои владеењето го гледаат само преку призмата на наместени тендери.
Македонија
Извештај на Стејт департментот: Македонија отворена за инвестиции, корупцијата кочница за бизнисот

Водењето бизнис во Македонија е генерално лесно, а законската рамка е во голема мера усогласена со меѓународните стандарди, иако корупцијата останува постојан предизвик, се наведува во извештајот на американскиот Стејт департмент за инвестициската клима за 2025 година.
„Големите странски компании што работат во Технолошките индустриски развојни зони генерално пријавуваат позитивни инвестициски искуства и одржуваат добри односи со владини претставници,“ се вели во документот.
Извештајот посочува дека земјата е кандидат за ЕУ од 2005 година и членка на НАТО од март 2020 година, и дека останува отворена за американски комерцијални инвестиции.
„Целокупната регулаторна средина во земјата останува комплексна, а честите регулаторни и законски промени, заедно со недоследното толкување на правилата, создаваат непредвидлива деловна средина погодна за корупција,“ стои во извештајот.
Транспаренси Интернешнл ја рангираше Македонија на 88 место од 180 земји во Индексот на перцепција на корупцијата за 2024 година, со резултат 40 од 100.
Се посочува дека во 2024 година беа забележани ограничени напори за привлекување нови инвестиции, а Владата беше фокусирана на енергетска ефикасност, поддршка за ранливи домаќинства и ублажување на инфлацијата. Истовремено, ангажирани беа странски компании за јавни проекти во транспортната и енергетската инфраструктура.
Во извештајот се наведува дека Државната комисија за спречување на корупција отвори неколку истраги, вклучувајќи и против високи функционери, „иако само неколку резултираа со кривично гонење“.
Дигитализацијата и зелената енергија се наведени како области со потенцијал за американски инвестиции, поради посветеноста на Владата да ги поддржи овие сектори.
Како предност се наведува геостратешката положба на земјата на коридорите VIII и X, што овозможува поблиска поврзаност со потрошувачките центри во Европа.
„И покрај владините мерки за поддршка, БДП во 2024 година порасна за 2,2 проценти, при што реалниот БДП се проценува на 12 милијарди долари,“ се наведува во извештајот. Во него се посочува и дека стапката на невработеност во вториот квартал од 2024 изнесувала 12,5 проценти.
Според извештајот, во „Планот за забрзување на растот“ Владата постави цел просечната стапка на раст на БДП да се зголеми на 5 проценти во периодот 2022–2026, со создавање 156.000 нови работни места и намалување на невработеноста на 8,6 проценти.