Економија
Ангелоски: Да им се даде шанса на македонските компании да дојдат до еднаков и фер третман во владините проекти
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/05/thumbnail_DSC_0998.jpg)
Слободниот пазар треба секогаш да биде слободен, да има можност за повеќе понуди и зголемена конкуренција. Тоа е основно економско правило и секогаш апелираме да одиме во тој правец, да се избегнуваат процедури што ќе фаворизираат одредени процеси или субјекти и да им се даде шанса на македонските компании да дојдат до еднаков и фер третман во нашата земја во однос на сите економски проекти. Ова се дел од заклучоците и пораките што ги упати претседателот на Сојузот на стопанските комори на Македонија, Трајан Ангелоски, на работната средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на која се разговараше за тековните економски состојби во нашата земја, вклучително и изградбата на капитални и инфраструктурни проекти, а со главен со осврт на коридорите 8 и 10 д како неминовна тема што се наметна на состанокот.
„Ние како Сојуз на стопанските комори отсекогаш сме се труделе да бидеме максимално транспарентни и да ги сослушаме сите политички и економски субјекти во нашата земја за тоа какви размислувања имаат во однос на актуелните економски случувања и перспективи. Секогаш максимално транспарентно и ефикасно бараме спроведување на законските прописи и процедури во земјата. Исто така, апелираме дека слободниот пазар е она богатство што го имаме со поставувањето на темелите на нашата република, слободниот пазар треба секогаш да биде слободен и да понуди зголемена конкуренција и добросостојба за сите учесници во економските процеси и за сите жители на нашата држава“, порача Ангеловски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го брифира Сојузот на стопанските комори за тековни економски случување и за нивните ставови во однос на актуелните економски случувања во земјата, како и изградбата на делови од коридорите 8 и 10 д.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Економија
Николоски: Трет мобилен оператор за граѓаните да добијат пониски цени
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-07-154408.jpg)
Министерот за транспорт и заменик претседател на Владата, Александар Николоски, најавува трет мобилен оператор во Македонија. Со тоа цените за мобилната, кабелската телевизија и интернет услугите ќе поевтинат.
„Би сакал да објавам дека сериозно ја разгледуваме можноста за доделување лиценца за трет мобилен оператор. Нашата анализа кажува дека цените за мобилната, како и за кабелската телевизија и интернет услугите се поскапи од најголем дел европски земји. На пазарот постои класичен дуопол. Затоа мора да бараме мерки да поевтинат услугите. Граѓаните да имаат подобри и поевтини услуги.
Затоа потенцијално решение е трет мобилен оператор. Во следниот период ќе мотивираме големи имиња од светот на телекомуникациите да се појават на македонскиот пазар. Време е државата да прави за граѓаните“, напиша министерот за транспорт, Александар Николоски.
Граѓаните задоволни.
„Браво! Дополнително треба независна контрола за квалилетот на испорачани услуги“, „Браво, некој да помисли и на народот“, „Да и тоа што побрзо бидејќи претплатите за мобилна телефонија се енормно високи. Исто така и кабелски интернет и телевизија, поевтини треба да бидат, не секогаш добиваме тоа што го рекламираат“, се само дел од коментарите под објавата на ФБ.
Економија
(Фото) Во министерството за финансии се крои ребалансот на буџетот, работата тече и викендов
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-06-193859.jpg)
Се крои ребалансот на буџетот. Во министерството за финансии се работи и викендов без прекин. Се пренаменуваат пари од нереализирани и непродуктивни трошења за она кое е попотребно и неопходно. Една од тие ставки е зголемувањето на пензиите од 2.500 денари од септември. Пари требаат и за капиталните проекти за општините. Според информациите, планирано е да бидат пренаменети 200 до 300 милиони евра.
„И овој викенд повторно работно во Министерството за финансии. Се работи на ребалансот на Буџетот. Секогаш во интерес на граѓаните на Македонија!“, напиша на Фејсбук министерката за финансии Гордана Димитреска Кочоска.
Економија
(Видео) Трипуновски: Земјоделските задруги се важни за решавање на проблемот со пласманот на производи
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-06-154913.jpg)
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски присуствување на панел дискусија во организација на Македонската асоцијација на земјоделски задруги.
– Мораме да работиме да го развиваме задругарството, во моментов се наоѓаме во еден правен вакуум бидејќи законот за земјоделски задруги е укинат и се формираше еден посебен закон за задруги меѓутоа делот на земјоделските задруги остана недефиниран. – изјави Трипуновски.
На панел дискусијата се споделија неколку идеи за во која насока треба да се движат земјоделските задруги, а министерот Трипуновски ги презентираше мерките и проектите од владината програма за земјоделски задруги.
Преземавме обврска да веќе во наредниве месеци да го измениме законот за земјоделство и рурален развој каде што ќе ги дефинираме земјоделските задруги и нивното здружување. Ние во нашата владина програма имаме ставено фокус на задругарството преку разни мерки и проекти се со цел да овој начин на здружување биде еден од алките на решавање со пласманот на нашите земјоделски производи – заврши Трипуновски.