Регион
Шолц: ЕУ треба да го одржи ветувањето за Западен Балкан
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/Olaf-Sholc.jpg)
Германскиот канцелар Олаф Шолц порача дека ЕУ треба да го исполни ветувањето дадено на Западен Балкан за прием на сите земји во европското семејство.
Шолц рече дека во овој случај станува збор за кредибилитет, како и за обезбедување мир во Европа.
„Геополитичка Европа мора да ги исполни своите ветувања кон соседите. Искрената политика на проширување се држи до даденото ветување. Ова се однесува на земјите од Западен Балкан, на кои ова им го кажуваме веќе 20 години“, рече германскиот канцелар во Европскиот парламент за време на говорот за иднината на Европа, пренесе „РСЕ“.
Во таа насока, Шолц ја спомена неопходноста од напредок во земјите од регионот и ја подвлече важноста од нормализирање на односите меѓу Србија и Косово како и внатрешни реформи во сите земји.
„Овие чекори напред мора да бидат ценети и почитувани од наша страна, бидејќи во спротивно политиката на проширување ја губи својата способност, ја губи способноста да биде поттик како и привлечноста“, рече германскиот канцелар за време на својот говор во ЕП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
Експлозија во Загреб, разбојници разнеле банкомат
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/hgfh-1.jpg)
Непознати разбојници разнеле банкомат во загрепски Бузин. Полицијата го блокирала патот.
– Утрово поминував покрај бензинската пумпа и видов дежурна полиција во близина на банкоматот. Некој го разнел во текот на ноќта – изјавил за 24сата.хр жител на Загреб.
Станува збор за банкомат кој се наоѓа во непосредна близина на бензинската пумпа на аголот на авенијата Вечеслава Хољевац и улицата Бани.
Полицијата веднаш излегла на терен со четири возила.
Отпадоци имало насекаде, а засега нема информации колку пари успеале да украдат.
Регион
Група туристи од Црна Гора заглавени на аеродромот во Сицилија: Се активира вулканот Етна, издадено црвено ниво на предупредување
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/gfgd.jpg)
Група туристи од Црна Гора не се вратија од Сицилија како што беше планирано, бидејќи летовите беа прекинати во четвртокот поради активирање на еден од најголемите кратери на вулканот Етна.
Граѓанин на Црна Гора, кој бил на краток одмор на Сицилија, се пријавил на подгоричкиот портал ЦдМ и пријавил дека спиеле на аеродром и чекаат информација кога повторно ќе бидат возможни летовите. За новиот лет, рече тој, ќе треба да купат нови билети.
Според него, Рајнер нема летови до недела, а Визер утре има лет за Тирана.
Италијанската цивилна заштита објави црвено ниво на предупредување и предалармна оперативна фаза за вулканот поради ерупцијата на Етна, пишува Палермо Република, пренесува порталот Подгорица.
Регион
(Видео) Разбојници разнеле банкомат во Загреб, полицијата ја блокирала бензинската пумпа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/04/Capture-10.jpg)
Во Загреб во текот на ноќта од четврток кон петок имало нов обид за упад во банкомат.
Мета на крадците овој пат бил банкоматот на Рајфајзен банка, кој се наоѓал веднаш до бензинска пумпа.
„Утринава поминував покрај бензинската пумпа и ја видов полицијата како дежура покрај банкоматот. Некој го разнел во текот на ноќта“, изјави сведок за „24часа“ за кражбата со експлозив што се случи во петокот вечерта во загрепски Бузин. На местото на настанот пристигнала полиција со четири возила. Форензичарите земале мостри.
Отпадоци имало насекаде, а засега нема информации колку пари успеале да украдат. Истрагата е во тек и ќе се испитуваат бројните надзорни камери лоцирани во областа.
Загрепската полиција подоцна го потврди инцидентот.
„Вечерва, 5 јули, околу 3 часот во Нови Загреб, на авенијата Вечеслав Хољевац, на бензинската пумпа, според досега собраните информации, непознат сторител со неутврдено средство предизвикал експлозија на банкомат. Истрагата е во тек а ќе следи и кривична истрага“, беше кратко соопштено, пренесува медиумот.