Забава
Том Круз се дружи со Шакира на Формула 1 гран при во Мајами

Том Круз и Шакира беа забележани заедно на гран при викендот во Формула 1 во Мајами.
Холивудската икона Круз (60), кој му го честита крунисувањето на кралот Чарлс со видеопорака, на која се гледа како лета со стар борбен авион, изгледа како полетен срцекршач со својата разбушавена коса и бела поло-маица.
Колумбиската пејачка Шакира (46) носи секси зелен топ, што ѝ го истакнува деколтето, и се чини дека одлично се забавува со суперѕвездата на „Невозможна мисија“ и „Топ-ган“.
Ова се случува еден ден откако таа индиректно алудира на поранешниот сопруг Пике при примањето на наградата на „Билборд“ за жена на годината на првото издание на „Латино-жените во музиката“.
Атрактивната Колумбијка го доби ова признание во рамките на гала-вечерта во организација на „Билборд“, што се одржа во Мајами, каде што пејачката престојува со своите деца по разводот од Пике.
Колумбиската пејачка беше видно емотивна додека говореше за своите ставови за љубовта и врските – една година по нејзината горчлива разделба од шпанскиот фудбалер.
„Во животот на секоја жена доаѓа момент во кој таа повеќе не зависи од некого за да се сака или да се прифати себеси каква што е. Потрагата по другиот се заменува со потрагата по себе, а желбата да се биде совршена за некого се заменува со желбата да се биде автентична“, рече Шакира на свеченоста.
„Ние жените сме многу посилни отколку што мислиме. Ние сме похрабри од она што мислиме дека сме. Мислам дека сме и понезависни отколку што нè учат да бидеме. Која жена не поминала низ искуството на барање внимание, нежност или одобрување од друг и заборавила на себе. Тоа ми се случи мене“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Познатата манекенка објави нови фотографии, позираше во бикини

Бразилскиот модел Алесандра Амбросио (44) ги воодушеви обожавателите со својата најнова објава на социјалните мрежи. Таа позираше покрај базенот во провокативно бикини со впечатлив розов дезен и ја покажа својата витка фигура.
Изгледот го надополни со очила за сонце и марама во иста боја како и нејзиниот костим за капење.
Нејзините следбеници брзо ја обсипаа со бројни комплименти. „Совршена“, „Колку е убава“, „Прекрасна си“, „Тие бои ти стојат одлично“, „Најомилениот модел“, „Каква жена“, „Никогаш не старееш“, се само дел од коментарите.
Забава
Рускиот милијардер Павел Дуров: Имам над 100 биолошки деца

Рускиот милијардер и основач на Телеграм, Павел Дуров, откри дека има повеќе од 100 деца и планира да го сподели своето богатство со нив. Павел има шест деца со три партнерки и над сто деца родени преку донација на сперма.
40-годишниот милијардер, чие богатство се проценува на 17,1 милијарди долари, во интервју за француското списание „Ле Поинт“ објасни дека планира да го сподели своето богатство меѓу повеќе од 100 деца и дека не прави никаква разлика меѓу нив.
„Сакам јасно да ставам до знаење дека не правам разлика меѓу моите деца: има такви што се зачнати природно и такви што се родени преку мои донации на сперма. Сите тие се мои деца и сите ќе имаат исти права“, рече милијардерот, кој почнал да донира сперма пред 15 години.
Дуров откри дека неодамна напишал тестамент. Во него се наведува дека на неговите деца не им е дозволен пристап до неговите средства цели 30 години од датумот на тестаментот.
Дуров не е оженет. Во 2017 година, тој се преселил во Обединетите Арапски Емирати и живее во Дубаи, каде што се наоѓа седиштето на Телеграм.
Технолошкиот милијардер беше уапсен во август 2024 година во Париз под обвинение дека не успеал соодветно да модерира содржина на платформата за да ја намали криминалната активност. Дуров ги негираше обвиненијата и беше пуштен дома во март 2025 година, но истрагата против него е сè уште во тек.
Забава
(Фото) Ја издолжуваат фигурата и го „бришат“ вишокот на стомакот: костими за капење кои мора да ги имате

Кога станува збор за листата на работи што треба да ги понесете со себе на одмор, на прво место дефинитивно е костим за капење.
Кога избираме костим за капење, обично се фокусираме на модели што ќе ги покријат деловите од телото што не ни се допаѓаат и на кои немавме време да работиме.
Честопати станува збор за стомакот или градите, но нема потреба да се грижите, бидејќи постојат модели што визуелно ги намалуваат овие „критични“ точки и затоа нè прават да се чувствуваме многу подобро и посигурно додека се релаксираме покрај море, езеро, базен…
Неколку модели на костими за капење кои ќе го одвлечат вниманието од вашиот стомак со нивната посебна силуета, дознајте кои…
„Колор-блок“ – едноделни костими за капење
Едноделните костими за капење во две контрастни бои се идеални за постигнување визуелна фигура на песочен часовник. Инвестирајте во костим за капење со темна боја во средината и посветла боја на страните за визуелно да го направите вашиот струк да изгледа помал, а со тоа и вашиот стомак. Темните бои, како што веќе знаете, дополнително ќе го намалат средниот дел од телото.
Ретро костими за капење
Костимите за капење со подлабок долен дел се идеални за „скривање на стомакот“. Тие убаво ќе го спакуваат вишокот и дополнително ќе го истакнат вашиот тенок струк.
Танкини
Танкини е интересен модел на костим за капење кој всушност се состои од два дела – маица и гаќички. Маицата може да биде во која било боја и со различни дезени бидејќи најдобро ќе го покрие средниот дел од телото поради својата должина.
Иако не може да ви потемни стомакот, таа е најдобра кога барате костим за капење кој ќе го покрие овој дел од вашето тело. Танкини е исто така одличен избор бидејќи можете да влезете во ресторан или продавница во него, само затоа што изгледа како маица.
Едноделни костими за капење со исечоци
Едноделните костими за капење со исечоци како двата на сликата ќе го привлечат вниманието кон тој дел од телото, тргајќи го фокусот од стомакот.
Ова се исто така некои од најмодерните костими за капење што многу дами, па дури и познати личности, сакаат да ги носат.