Македонија
(Видео) Македонци вплеткани во меѓународен криминал: шверцувале кокаин заедно со Грци и Албанци
Сузбиена е меѓународна организирана криминална група, спречен шверц на 105 килограми кокаин во Грција, организиран од македонски државјани, објави МВР.
Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, информира дека во Солун се запленети 105 килограми кокаин и приведени се 10 лица, и тоа 7 лица државјани на Република Грција и 3 лица државјани на Република Албанија, а во Македонија се приведени 4 македонски државјани.
„Случајот е реализиран како резултат на повеќемесечна размена на информации и веќе успешно воспоставената соработка со Службата за борба против дрога од Солун за лица што како членови на меѓународна организирана криминална група презеле низа дејства со цел набавка и пренесување наркотична дрога кокаин од Еквадор до пристаништето во Солун, со намера потоа кокаинот да биде дистрибуиран во повеќе земји“, велат од МВР.
Кокаинот на пристаништето во Солун пристигнал скриен во три контејнери натоварени со банани од Еквадор, кои биле нарачани и платени од страна на правно лице од Скопје. Сопственик и управител на правното лице е А. К. (70) од Скопје, кој во текот на 2022 година го регистрирал правното лице во договор со С. Г. (58) од Гевгелија, со цел тоа да се користи за увоз на овошје од Јужна Америка.
По пристигнувањето во Солун, контејнерите биле преземени од товарно моторно возило со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од македонскиот државјанин М. М. (30), кој бил ангажиран од страна на С. Г.. Кога М. М. го презел и натоварил контејнерот, тој со товарното моторно возило се упатил во магацин во близина на Солун. По кратко време, од страна на Службата за дрога од Солун во магацинот пронајдено е возилото и во него се пронајдени и запленети 105 килограми кокаин. М. М. се дал во бегство, но откако денеска (10.5.2023) преку зелениот појас на државната граница помеѓу Република Грција и Република Северна Македонија влегол на наша територија, тој е лишен од слобода од страна на нашите полициски службеници.
Во вечерните часови на 8.5.2023 и во текот на 9.5.2023 од страна на Единицата за недозволена трговија со дрога, Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Оддел за криминалистичка полиција во соработка со Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје, ОВР Гевгелија и Царинската управа на РСМ, со цел обезбедување дополнителни материјални докази, беа преземени интензивни мерки и активности и врз основа на добиени наредби за претрес на дом и деловни простории од судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, извршени се претреси во домот во кој престојува А. К. и на која адреса е регистрирано и правното лице, претрес во домот кај С. Г. во Гевгелија, како и во деловните простории на две правни лица, каде што тој е сопственик и управител, и претрес во домот кај С. М. (30) во општина Богданци, сопственичка и управител на правното лице на кое биле регистрирани товарното моторно возило и приколката.
За време на претресите, пронајдена е и одземена документација од правните лица поврзана со набавка и увоз на овошје од Јужна Америка, мобилни телефони, пари и други предмети, кои ќе послужат како доказ во понатамошната постапка.
Лицата се лишени од слобода и во текот на денешниот ден (10.5.2023) од страна на Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје до јавен обвинител од ОЈО за ГОКК ќе биде поднесена кривична пријава по чл. 215 ст. 3 од КЗ.
Министерството за внатрешни работи објави дека продолжува со бескомпромисната борба за спречување на шверцот со наркотици и со одличната соработка со полициите од другите држави насочена кон сузбивање на оваа појава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

