Македонија
Автопатиштата на комисија кај Адеми, Мицевски му порача: Знаете брзата кокошка што раѓа
Пратеникот Никола Мицевски, координатор на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, кажа дека Арбер Адеми, претседател на комисијата за Европски прашања го крши Деловникот, каде на дневен ред се законите кои треба да се менуваат измените за автопатиштата. Посочи повеќе работи меѓу времето во кое е закажана седницата, а тоа според него, е 23 минути по пленарната седница. Мицевски ги праша пратениците од ДУИ зошто не побараат превод на амандманите на албански јазик, како што вообичаено прават, пред да се продолжи со дискусија.
„Ќе ги барате ли на албански или брзаме сите, брзаме, брзаме, за да го истераме сето ова? Не застанувате за да ги погледнеме овие работи. Вие само продолжете да се смеете. Значи брзаме да ги фрлиме тие три милијарди евра“, кажа Мицевски.
Тој додаде: „Ова не само на вас што ќе ви се удри од глава, туку и на нас. Зошто знаете брзата кокошка што раѓа“.
Мицевски му посочи на Адеми дека ги прекршува процедурите.
„Планирате ли дека амандмани треба да поднесеме, дека треба да се спремаме, истите луѓе треба да поднесат амандмани“, рече Мицевски, на што Адеми му посочи: „Благодарам“.
„Само за ова го погодивте точно да време, да ме скратите во секунда“, додаде Мицевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

