Регион
Коста сам на психијатрија, семејството ќе се сели од Србија
Семејството на Коста К.(13), кој на 3 мај уби осум деца и училишен чувар во ОУ „Владислав Рибникар“ Белград, најверојатно од безбедносни причини ќе се пресели во странство. Мајката на Коста и неговата десетгодишна сестра би можеле први да ја напуштат Србија, а да им се придружи и таткото на момчето-убиец, откако тој ќе излезе од затвор, пишува Пинк.рс.
Психолозите и криминолозите сметаат дека ова е најдоброто решение за ова семејство, особено за сестрата на Коста.
Родителите на Коста добија стотици закани преку Интернет по невиденото злосторство што го изврши нивниот син. Таткото Владимир, моментално е зад решетки, а мајката, земала неплатен одмор од Биолошкиот факултет каде работи и е со ќерката во непознато место во Србија. Во тоа училиште сигурно нема да се врати помалата сестра на Коста, која исто како него учеше во основното училиште „Владимир Рибникар“ и моментално е четврто одделение.
Милан Костиќ, психолог и судски вештак, смета дека и помалата сестра на Коста е жртва на нејзиниот брат, бидејќи таа ќе ги сноси последиците од неговото дело до крајот на животот.
-Таа девојка не направи ништо, а цел живот ќе биде обележана и жигосана. Тоа ќе го прави околината и мислам дека треба да се заштити што е можно повеќе. Ваквата ситуација кај нас не е вообичаена, но важно е да и се објасни на мајката колку е сложена ситуацијата за нив и дека можеби најдоброто решение е да ја напуштат државата. Мислам дека разделбата од Коста е неопходна во овој случај. Мајката треба да разбере дека покрај синот има и ќерка и дека мора да направи нешто за да ја заштити – вели Костиќ и додава:
– Уништено е се, вклучително и неговиот живот и животите на сите семејства кои ги огорчи со својот чин. Ги уништи и животите на својата мајка, татко и сестра. Неговото семејство многу години ќе трпи страшни последици бидејќи вакво нешто тешко се заборава – изјави Радовановиќ.
Тој забележува дека мајката и таткото ќе ги чувствуваат последиците до крајот на животот, но дека сестрата, можеби поради младоста, нема.
-Кога ќе порасне, можеби во одреден момент сестрата ќе се дистанцира од тоа злосторство, но… Сега единствено решение е промена на средината. Најкорисно е да се смени презимето, но не сум запознаен со процедурата. Секако, мајката и сестрата на Коста имаат опција да не сменат ништо, но потоа ќе ги сносат последиците. Доколку одлучат да ја напуштат државата, веројатно ќе бидат под постојан надзор на безбедносните служби на земјата во која се преселуваат – истакнува Радовановиќ.
Бора Бањац, поранешен началник на Дирекцијата за сузбивање на организиран криминал, смета дека можеби најдоброто решение за семејството на Коста е да се пресели во далечна земја.
– Што може да се направи со нив, мислам на сестрата и мајката? За нив нема живот ниту во Белград, ниту во Србија. Мислам дека не би можеле да живеат во ниту една земја од регионот бидејќи порано или подоцна ќе се дознае кои се тие. Можеби треба да одат преку океанот, некаде доволно далеку. Ако останат тука, единствено решение е да го сменат идентитетот, но прашање е дали ќе можат да го сторат тоа – вели Бањац.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Јотова го назначи Ѓуров за технички премиер: Бугарија влегува во процес на формирање привремена влада
Претседателката на Бугарија, Илијана Јотова, ќе го задолжи кандидатот за вршител на должноста премиер Андреј Ѓуров да формира влада, соопшти прес-службата на шефот на државата.
Шефицата на државата го назначи заменик-гувернерот на Бугарската народна банка (БНБ) Андреј Ѓуров за вршител на должноста премиер. Денес во 10:00 часот, претседателката Јотова ќе го прими Ѓуров во Дондуков 2.
Според Законот на БНБ, доколку гувернерот или заменик-гувернерот изразиле експлицитна согласност да бидат назначени за вршител на должноста премиер, тој или таа треба да поднесе оставка.
„Фер избори може да се одржат кога привремената влада не се меша во политичката сцена, е доволно неутрална и работи само во рамките на овластувањата што ѝ се доделени со Уставот“, рече Андреј Ѓуров по разговорот со Илијана Јотова во јануари, пренесува „Офњуз.бг“.
Според Уставот на Бугарија, по консултации со пратеничките групи и по предлог на кандидатот за привремен премиер, претседателот назначува привремена влада и закажува избори во рок од два месеци.
Минатата недела, претседателката изјави дека таа и нејзиниот тим ќе сторат сè што е можно за да се одржат изборите на првиот датум по велигденските празници. Првата недела по Велигден е 19 април.
Регион
(Видео) Тепачка во турскиот парламент додека новиот министер за правда полагаше заклетва
Во турскиот парламент изби тепачка меѓу пратениците на владејачката АКП и опозициската ЦХП за време на полагањето заклетва на новиот министер за правда Акин Гурлек.
Инцидентот настанал кога опозициски пратеници се обиделе да го спречат Гурлек да се заколне, по што дошло до туркање и физичка пресметка. Седницата била прекината околу 15 минути.
Гурлек на крајот ја положил заклетвата, додека опозицијата фрлала копии од Уставот кон претседателот на парламентот.
ЦХП оцени дека неговото назначување е удар врз демократијата, додека АКП тврди дека постапката е во согласност со Уставот.
Регион
Косово доби нова влада, Курти повторно е премиер
Парламентот на Косово ја изгласа новата влада, повторно предводена од премиерот Албин Курти, по повеќе од една година политички ќорсокак во најмладата земја во Европа.
Новата влада на Курти беше потврдена со 66 гласови „за“ во парламентот со 120 места. Неговата партија „Ветевендосје“ (Самоопределување) освои 57 места на декемвриските избори, а тој успеа да добие поддршка од неколку мали партии на етничките малцинства.
Новата влада се соочува со итни задачи за одобрување на буџетот за 2026 година и обезбедување меѓународни заеми и пакети за помош во вредност од стотици милиони евра, пишува Ројтерс.
„Во следните четири години, ќе ги зајакнеме сојузите и ќе инвестираме една милијарда евра во одбрана“, им рече Курти на пратениците пред гласањето.
„Ќе ставиме во употреба фабрика за муниција, ќе ја развиеме воената индустрија на Косово и ќе произведуваме домашни борбени беспилотни летала.“
Земјата со 1,6 милиони луѓе одржа предвремени избори во декември 2025 година по неубедливите резултати во февруари.
Курти кратко беше премиер во 2020 година, сè додека не беше изгласан за разрешување од функцијата. Потоа беше премиер од 2021 до 2025 година, а изминатата година ја помина водејќи привремена влада.
Косовскиот парламент сега мора да избере и нов претседател до 5 март, процес што ќе се покаже како предизвикувачки бидејќи бара двотретинско мнозинство. Без таква поддршка, на Курти ќе му биде потребна поддршката од опозицијата или ќе се соочи со уште едни предвремени избори, објави Ројтерс.

