Забава
Најпознатиот филмски фестивал во светот почна со Џони Деп и „Жана де Бари“
Филмскиот фестивал во Кан почна во вторникот, а Џони Деп ѝ се врати на глумата со филмот „Жана де Бари“, каде што ги покажа своите вештини како крал на Франција, Луј Петнаесетти, филм што го отвори славниот фестивал.
Кариерата на 59-годишниот холивудски актер е во пад и покрај неговата победа во судењето за клевета минатата година против поранешната сопруга Амбер Херд. Деп, сепак, постепено се враќа и на црвениот тепих на премиерната вечер во Кан ја претстави француската драма за монархот од 18 век, кој се вљубил во проститутка.
Претходно, директорот на фестивалот Тиери Фремо им рече на новинарите дека не е заинтересиран за судењето на Деп додавајќи: „Јас сум заинтересиран за актерот Деп“.
Фестивалот на француската ривиера, кој ќе трае до 27 мај, вклучува голем број премиери вклучувајќи го „Индијана Џонс и бројчаникот на судбината“, петти и најверојатно последен пат Харисон Форд во улогата на познатиот археолог.
Мартин Скорсезе во сабота ќе го претстави својот најнов филм Killers of the Flower Moon („Убијци на цветната месечина“), заедно со ѕвездите Леонардо ди Каприо и Роберт де Ниро. На тој ден публиката ќе ги види и Натали Портман и Џулијан Мур во независниот филм на Тод Хејнс, „Мај декември“.
Ѕвездите што ќе појават на црвениот тепих во текот на оваа и следната недела се Бри Ларсон, Ума Турман, Натали Портман, Леонардо ди Каприо, Кејт Бланшет, Шон Пен, Алиша Викендер, Скарлет Јохансон, Кетрин Денев (која го краси годинешниот фестивалски плакат) и Хелен Мирен.
Меѓу 21 филм, кои се натпреваруваат за наградата „Златна палма“, има рекордни седум режисерки.
Оваа година жирито го предводи шведскиот режисер Рубен Осланд, двократен добитник на „Златна палма“, кој минатата година се закити со главната награда за социјалната сатира „Триаголник на тагата“.
Рубен Осланд, претседател на жирито на 76. Кански филмски фестивал, држи филмска клапа додека позира на денот на отворањето.
Мајкл Даглас присуствуваше на церемонијата на отворањето, каде што ја доби почесната „Златна палма“.

„Постар сум од фестивалот“, изјави Даглас (78) по стоечките овации.
Даглас и Денев официјално го прогласија за отворен фестивалот на Азурниот Брег, каде што присутните ќе уживаат во колосална филмска екстраваганција следните 12 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Ќерката на Ким Кардашјан повторно шокира: „И ова е 12-годишно дете?“
Модните избори на 12-годишната Норт Вест долго време се предмет на вниманието на јавноста. Не е тајна дека Ким Кардашјан како нејзина мајка трпи критики од општеството, но таа не се грижи за коментарите и често ги оправдува постапките на својата ќерка со една реченица – тоа е нејзиниот креативен начин на изразување и не сака да ја спречува.
Се чини дека младата Норт повторно го привлече вниманието на јавноста, а овој пат со објава на „Тик-ток“. Имено, таа претстави нов имиџ и е потценување да се каже дека ги шокира сите.
@kimandnorth♬ original sound – flxxsohard
Таа носеше целосно црна комбинација, што ја комбинира со скапи ѓердани. Сепак, најголемо внимание привлекоа нејзините избелени веѓи, како и вештачките трепки што го заокружуваа изгледот на 12-годишното девојче.
Набргу потоа следуваа лавина коментари.
„А ова е 12-годишно дете!“, рече еден корисник на „Тик-ток“, а друг напиша: „Нема шанси 12-годишно дете да има пирсинг на прстот, избелени веѓи и такви нокти!“
@kimandnorth💧💧♬ original sound – ꜰɪɴɴ
„Ким треба да научи да биде мајка, а не најдобра пријателка на своите деца“, коментира трет корисник на социјалната мрежа.
Забава
(Видео) Дакота Џонсон ги воодушеви сите во фустан од тантела
Пејачката Лили Ален пееше на сцената на Saturday Night Live по 18 години, а Дакота Џонсон стави свој печат на сè. Убавата актерка се појави за време на изведбата на песната Madeline и ги воодушеви сите со својот изглед.
Познато е колку Дакота ги сака голите фустани, а ниту сега не отстапи од своето правило.
За сцената таа избра навидум едноставен црн, проѕирен фустан, врз кој додаде светкава наметка украсена со циркони и цветни апликации.
Dakota Johnson made a surprise appearance on the most recent episode of Saturday Night Live as the mistress in Lily Allen‘s song “Madeline.” https://t.co/wCOy6INVVf
— The Hollywood Reporter (@THR) December 15, 2025
Сензуален и драматичен, така може да се опише најновиот во низата провокативни појавувања на Дакота Џонсон поради кои речиси ги остави Лили и нејзиниот настап во сенка.
Спектакуларниот накит беше таму за да заокружи сè, а Дакота повторно не отстапи од својот препознатлив стил што го негува со години.
Забава
(Видео) Најстариот син на Доналд Трамп се сврши
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека неговиот најстар син, Доналд Трамп Јуниор, се сврши со Бетина Андерсон, членка на високото општество во Палм Бич.
Трамп ја објави веста на празнична забава во Белата куќа. Портпаролот на двојката подоцна ја потврди среќната вест, а набргу се појави и видео од самиот претседател Доналд Трамп како ја објавува веста.
BREAKING NEWS:
President Trump just announced at the White House that his son @DonaldJTrumpJr and his girlfriend Bettina Anderson are getting married! They just got engaged.
Congratulations to them both. pic.twitter.com/psb38nTGla
— Laura Loomer (@LauraLoomer) December 16, 2025
„Тие се сложуваат многу добро и објавија дека ќе се венчаат“, рече претседателот пред да ја покани двојката на сцената.
Дон Помладиот потоа ѝ се заблагодари на својата свршеница што го прифати неговиот предлог.
Ова е третпат Доналд Трамп Јуниор да се свршува. Претходно, 12 години беше во брак со Ванеса, поранешна манекенка и актерка, со која имаат пет деца заедно. Ванеса поднесе барање за развод во 2018 година.
Подоцна се сврши со Кимберли Гилфојл, американска телевизиска водителка.
Романсата, пак, со Бетина почна минатата година, приближно во исто време кога Дон Јуниор ја раскина свршувачката со поранешната водителка на „Фокс њуз“.
фото/депозитфотос

