Забава
Скорсезе објасни зошто често соработува со Ди Каприо

Славниот режисер Мартин Скорсезе во неодамнешно интервју за „Дедлајн“ откри зошто го ангажира Леонардо ди Каприо за главните улоги во речиси сите свои понови филмови.
Ди Каприо и Скорсезе досега имаат работено на шест филма: „Бандите на Њујорк“ (2002), „Авијатичарот“ (2004), „Заминати“ (2006), „Островот Шатер“ (2010), „Волкот од Волстрит“ (2013), „Аудиција“ (2015) и најновиот – „Убијците на цветната месечина“ (2022).
„Она што е фантастично за Лео и зошто толку често соработуваме е фактот дека тој знае да залута во оние тешки замрсени места, кои се речиси нејасни за други актери, и на крајот кај него сето тоа испаѓа кристално јасно. Обично тоа се гледа во неговиот израз, во неговото лице, очите… Тоа секогаш му го кажувам“, изјави Скорсезе.
„Ди Каприо е природен на сцената. Би можел да го снимам одблиску во крупен план, може да не размислува за ништо, јас ќе уфрлам што било во таа сцена, а луѓето ќе речат дека бил одличен. Тоа е нешто како Кулешов ефект“.
„Можете да го направите тоа со Ди Каприо. Има нешто во неговото лице кога камерата ќе застане на него. Во неговите очи. Дури и да се помрдне за милиметар, ние го гледаме тоа. Тоа што се случува со него на сцената е многу интересно“, заклучи режисерот.
Скорсезе се осврна и на својата соработка со Роберт де Ниро со кого исто така сними доста филмови и откри дека токму Де Ниро му го посочил Ди Каприо.
„Де Ниро ми рече: Сега работам со ова младо момче, треба да соработуваш со него понекогаш. Ова дете е навистина добро. Тоа беше првпат Де Ниро да ми препорача некого“, изјави режисерот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Се верија Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез

Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез се верија. Џорџина го потврди тоа со објава на Инстаграм.
„Кажав „да“. И во овој живот и во сите други животи“, напиша таа покрај фотографија од огромен дијамантски прстен.
Фотографијата ја лајкнаа над милион луѓе за помалку од половина час.
Една од најпознатите модерни љубовни приказни се случила во луксузната продавница на Гучи, каде што Џорџина Родригез работела како продавачка. Кристијано Роналдо, тогаш светска фудбалска ѕвезда, случајно влегува во продавницата – сè уште не знаејќи дека оваа средба ќе отвори животно поглавје кое ќе промени сè за него.
Џорџина подоцна го опиша тој момент како нешто речиси магично – пеперутки во стомакот, срцето брзо чукаше и чувството дека нивните раце „им припаѓале еден на друг од самиот почеток“. Роналдо отворено призна дека на почетокот не очекувал нивната врска да биде толку силна, но со текот на времето сфатил дека Џорџина е жената на неговиот живот.
Иако првата средба беше кон крајот на 2016 година, нивната врска стана јавна на почетокот на 2017 година. Тие за прв пат се појавија заедно на доделувањето на наградите за најдобри фудбалски ѕвезди на ФИФА во јануари истата година. Првата заедничка објава на Инстаграм дојде малку подоцна, во март, кога Кристијано сподели фотографија со Џорџина со едноставен емотикон во форма на црвено срце.
Тие имаат две биолошки деца заедно, но Џорџина одгледува и три деца што Роналдо ги доби преку сурогат мајчинство.
Забава
(Видео) Турист лице в лице со мечка пред шаторот

Видео од турист кој решил да го помине одморот во природа кружи на социјалните мрежи. Поради оваа причина, тој поставил шатор, и следело морничаво изненадување.
Имено, кога ги отворил очите, видел огромна мечка пред себе, на мала оддалеченост.
Како што може да се забележи на видеото, човекот успеал да ја задржи смиреноста и да ја вклучи камерата, која го снимила љубопитниот див ѕвер.
За среќа, мечката не била премногу заинтересирана за гостинот, па по некое време се оддалечила и исчезнала во шумата.
Забава
Три хороскопски знаци кои најчесто страдаат од кошмари

Kошмарите можат да бидат резултат на стрес, замор, здравствени проблеми или едноставно преактивна имагинација. Иако сите ги доживуваме од време на време, астрологијата сугерира дека одредени хороскопски знаци почесто доживуваат вознемирувачки соништа. Причините за ова можат да бидат различни – од интензивното внатрешно искуство на емоциите до тенденцијата да анализираат настани од минатото пред да заспијат. Донесуваме три знаци кои, според астролошките толкувања, најчесто се будат со непријатни слики во главите.
Рак
Раковите се познати по нивната длабока поврзаност со емоциите и семејството. Кога нешто во реалниот живот ги вознемирува, тоа лесно се пренесува во нивните соништа. Тие често имаат многу живописни и детални кошмари за луѓето што ги сакаат или ситуации од минатото. Иако ваквите соништа може да им изгледаат застрашувачки, тие понекогаш служат како потсетник за нерешени чувства што треба да ги решат во будна состојба.
Риби
Рибите имаат исклучително богат внатрешен свет и често имаат соништа што се речиси кинематографски. Сепак, нивната креативна имагинација понекогаш може да создаде темни сценарија. Кога се под стрес или несигурни за иднината, нивните соништа лесно се менуваат од пријатни во вознемирувачки. Поради нивната чувствителност кон околината и расположенијата на другите луѓе, Рибите често обработуваат емоции во своите соништа што дури и не се нивни, што може дополнително да ги исцрпи.
Шкорпија
Шкорпиите се знак познат по интензивни чувства и склоност кон интроспекција. Нивната подсвест не се плаши да истражува темни теми, што често се рефлектира во нивните соништа. Кога минуваат низ предизвикувачки периоди, нивните соништа можат да бидат исклучително реални и проткаени со симболика што може да биде застрашувачка. Иако ваквите соништа можат да предизвикаат непријатност, тие често содржат важни пораки за личниот развој за Шкорпиите.