Македонија
СДСМ: Носиме мерки и политики што го подобруваат квалитетот на живот

Соопштение на СДСМ:
„Од 2017 до денес, СДСМ изгради, реконструира и адаптира 80 објекти на детски градинки во сите општини низ државата, а некои населени места за прв пат добија детска градинка.
ВМРО-ДПМНЕ за 11 години изгради, реконструира или адаптираше само 45 детски градинки.
СДСМ се грижи и за човечкиот потенцијал во детската заштита. За само пет години платите на негувателките и воспитувачките ги зголемивме 36 отсто.
Тоа се резултати што ја потврдуваат разликата помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, резултати што носат придобивки за граѓаните и државата.
Како одговорна партија продолжуваме со реализација на зацртаните цели, продолжуваме да носиме мерки и политиките што го унапредуваат квалитетот на живот за сите граѓани, во секое населено место“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– 09:00 до 11:00 часот, корисниците од С.Чајлане (Општина Сарај);
· Oд 09:30 до 11:00 часот, дел од ул 2 .(Општина Сопиште).
· Oд 09:30 до 11:00 часот, дел од ул 4 .(Општина Сопиште)
· Oд 09:30 до 14:00 часот Рилски Конгрес, Славејско Арсов Христо Чернопов.(Општина Центар)
– Oд 12:30 до 14:30 часот Дел од корисниците на ул. Мечкин Камен ул.Петко Јанчевски од бр.32 до бр,60(Општина Ѓорче Петров)
Македонија
Утрото ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска, наутро ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 0, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.
Во Скопје, утрото ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Во наредните денови следува период на стабилно и потопло време, освен во четврток кога ќе има локални врнежи од дожд, а на планините снег. Утринските и дневните температури ќе бидат во постепен пораст.
Македонија
Од утре до петок посебен режим на сообраќај во Скопје

Во периодот од 09-11.04.2025 година (среда-петок) во официјална посета на Македонија ќе присуствува Уршка Клакочар Зупанчиќ, Претседател на државниот збор на Република Словенија.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на подрачјето на град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници.