Македонија
(Видео) Централниот одбор на СДСМ повика на европско обединување и глас за уставните измени
Централниот одбор на СДСМ по денешниот состанок оцени дека поддршката што премиерот Ковачевски ја добил за време на престојот во САД за целосно заокружување на процесот за членство во ЕУ е исклучително важна за иднината на земјата и на сите граѓани.
Во оваа насока Централниот одбор на СДСМ смета дека поддршката за продолжување на европскиот пат е историска шанса и треба да се искористи сега.
Оттука, Централниот одбор на СДСМ донесе неколку заклучоци:
1.Како одговорна и државотворна партија, сè што е до Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе биде направено за да продолжи напредокот кон Европската Унија.
2.Во оваа насока Централниот одбор го задолжи претседателот на партијата да ги спроведе сите неопходни разговори и чекори за Северна Македонија да го продолжи европскиот пат.
3.Членовите на раководството, пратеничката група, избраните и именувани носители на јавни функции од СДСМ се на располагање и по потреба ќе бидат вклучени во процесот.
4.Претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски ќе ги информира сите политички партнери од владината коалиција за посетата на САД, искажаната поддршка за земјава и реформите за продолжување на европскиот пат.
5.Започнатиот процес на неопходни реформи, измени, мерки и активности СДСМ ќе ги спроведе во интерес на граѓаните и државата, заедно со своите коалициски партнери.
6.СДСМ ги повикува сите политички и општествени чинители во македонското општество на обединување околу европската иднина и продолжување на европскиот пат.
7. Заедно да обезбедиме глас за Европа во македонското Собрание. Тоа ќе биде глас на мнозинството за македонска европска иднина.
Премиерот Димитар Ковачевски пред сопартијците рече дека од ВМРО-ДПМНЕ зависи дали ќе се приклучи кон проевропскиот блок цела, или во делови и говореше за поддршката од САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Променливо облачно претпладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи ќе има во недела и почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег.
Македонија
Гаши на Националниот молитвен појадок во САД
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на Националниот молитвен појадок (National Prayer Breakfast) во Вашингтон.
Се работи за традиционален и значаен настан што ги обединува политичките, верските и општествените претставници, истакнувајќи ги вредностите на дијалогот, взаемното почитување и моралната одговорност во лидерството.
На оваа церемонија се обрати и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Од Собранието велат дека учеството на Гаши претставува можност за зајакнување на пријателските односи и за афирмирање на улогата на Република Северна Македонија како активен, присутен и почитуван партнер во меѓународната соработка.

