Регион
Се гласа во амбасадите и на граничните премини за вториот круг претседателски избори во Турција

Во турските дипломатски претставништва во 73 земји и на 46 гранични пуктови денеска се гласа за вториот круг од претседателските избори во Турција, што ќе се одржи на 28 мај, јавуваат турските медиуми.
Избирачките места се отворени и на аеродромот во Истанбул и на граничните пунктови за гласачите кои живеат во странство да можат да го дадат својот глас во вториот круг од претседателските избори во Турција.
Гласањето во турските дипломатски претставништва ќе заврши на 24 мај, а на граничните пунктови на 28 мај.
Во првиот круг од изборите на 14 мај, актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган доби 49,5 отсто од гласовите, а лидерот на опозициската Национална алијанса, Кемал Кулчдароглу 44,89 отсто.
Синан Оган од Алијансата АТА доби 5,17 отсто од гласовите. За да победи во првиот круг, кандидатот требаше да освои повеќе од 50 отсто од гласовите.
Во првиот круг од изборите на аеродромот во Истанбул гласаа над 18. 000 турски граѓани.
Над 1,8 милиони граѓани гласаа во турските дипломатски претставништва и на граничните пунктови за изборите на 14 мај. Одѕивот на гласачите беше 52,6 отсто.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Во Албанија, бот-министерката одржа говор, некои пратеници ја исвиркаа

Виртуелната министерка на албанската влада, Диела, генерирана од вештачка интелигенција, денес „одржа говор“ во парламентот, застапувајќи ја програмата на премиерот Еди Рама, среде исвиркувања од опозицијата.
Диела, која свечено беше најавена од Рама на почетокот на септември, е „одговорна“ за сите одлуки во тендерите за јавни набавки. Во тоа време, премиерот рече дека тендерите „ќе бидат 100 проценти без корупција, а секој јавен долар доставен во тендерскиот процес ќе биде целосно транспарентен“.
Именувањето на виртуелниот министер ја налути опозицијата.
„Целта е само да се привлече внимание“, рече денес поранешниот премиер и лидер на опозицијата Сали Бериша, кој самиот е обвинет за корупција.
„Невозможно е да се ограничи корупцијата со Диела. Кој ќе ја контролира Диела? Диела е неуставна, а Демократската партија ќе го однесе ова прашање до Уставниот суд“, предупреди Бериша.
Диела „рече“ дека Уставот зборува за должности, одговорности, транспарентност, без дискриминација.
„Ве уверувам, ги отелотворувам овие вредности подеднакво ригорозно како и секој човечки колега. Можеби дури и повеќе“, рече виртуелната министерка.
Рама го прекина говорот на Деиела поради исвиркувањата од опозицијата, но програмата на неговата влада сепак беше одобрена со 82 гласа „за“. Опозицијата го бојкотираше гласањето.
Регион
Црв од шест сантиметри отстранет од очниот капак на пациент во БиХ

Црв од шест сантиметри е отстранет од постар пациент, а фотографијата ја објави познат доктор од Бања Лука, Бојан Козомара.
„Вака изгледа црв штотуку отстранет од очниот капак на постар пациент. Постапката ја изврши мојата драга колешка Тамара“, напиша тој на X.
Ovako izgleda crv upravo odstranjen iz kapka pacijenta starije životne dobi.
Zahvat izvršila moia draga kolegica Tamara… pic.twitter.com/6EK3CrhCE3
— Bojan Kozomara (@KozomaraBojan) September 17, 2025
Според него, црвот, најверојатно, потекнува од куче.
„Ќе го помилувате кучето кое има јајца од глисти, а потоа ќе се фатите за окото“, напиша тој во коментар објаснувајќи ја ситуацијата, објавува Nezavisne.com.
Фото: принтскрин
Регион
Татко си го прегазил малолетниот син со автомобил во градината: трагедија во БиХ

Шеснаесетмесечно момче е убиено во Брчко, БиХ, кога било прегазено од автомобил управуван од неговиот татко, потврди полицијата во тој град.
Трагедијата се случила вчера, а полицијата известила дека 30-годишен маж со иницијали Ј.Х. случајно го прегазил детето во градината на семејната куќа во населбата Церик.
„Таткото го донел детето во тешка состојба и врз него била извршена реанимација. Веднаш потоа, полициски службеници излегле на местото на настанот и ги презеле сите мерки и дејствија во нивна надлежност за да ги утврдат сите околности“, изјави портпаролката на полицијата на округот Брчко, Џевида Хукичевиќ.
„Таткото го спуштил детето за да се подготви за работа“
Агенцијата Фена денес ги објави сведоштвата на соседите кои рекле дека таткото го држел детето во раце, а потоа го оставил во градината за да се подготви за работа.
Полицијата добила пријава за трагедијата од локалната амбуланта, каде што веднаш било однесено тешко повреденото момче, но не можело да се спаси.
Соседите рекле дека го познавале Ј.Х. како вреден татко на пет деца кој се грижи за своето семејство работејќи тешка физичка работа.
Фото: принтскрин