Македонија
Суд за човекови права во Стразбур: Во случајот „27 април“ Елена Доцевска-Божиновска била неправедно притворена, Македонија треба да ѝ исплати отштета
Советничката на ВМРО-ДПМНЕ во општина Куманово, а тогаш вработена во Собранието, Елена Доцевска-Божиновска ја доби Македонија на Судот за човекови права во Стразбур кој пресуди дека и биле прекршени правата при постапката за одредување притвор, а во врска со нападот на Собранието на 27 април. Државата сега треба да и плати на Доцевска-Божиновска 1.600 евра.
Случајот се однесува за неможностна на апликантката, а која била дел од толпата на 27 април, да ги оспори поднесоците на јавниот обвинител во постапката за нејзиниот притвор и недостатокот на брзо преиспитување на тој притвор.
Во Пресудата од Стразбур стои дека Судот:
-Ги прогласува за прифатливи жалбите за доцнењето на доставувањето на жалбата на јавното обвинителство до жалителката и должината на постапката за ревизија во врска со продолжувањето на нејзиниот притвор;
-Утврдува дека има повреда на член 5 став 4 од Конвенцијата поради ненавремено доставување на жалбата на јавниот обвинител против наредбата за домашен притвор на апликантката за неа;
-Утврдува дека има повреда на член 5 став 4 од Конвенцијата поради недостаток на брза проверка на притворот на апликантот;
Според Пресудата, на 30 ноември 2017 година, совет од тројца судии на Основниот суд Скопје му го заменил куќниот притвор на апликантот со притвор во затвор. Таа наредба е донесена врз основа на жалба на јавниот обвинител добиена од судот претходно истиот ден, а која му била доставена на жалителот на 1 декември 2017 година. По рочиштето одржано на 12 декември 2017 година во присуство на двајцата адвокати на жалителот, Апелациониот суд Скопје („апелациониот суд“) ја одбил жалбата на жалителот против решението за притвор.
Последователно, притворот на жалителот бил продолжен. Жалбата поднесена од апликантот на 28 декември 2017 година против продолжувањето беше разгледана од страна на апелациониот суд на 15 јануари 2018 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

