Македонија
Коњановски: Тука сме меѓу граѓаните да говориме за руинираното здравство и образование оваа власт што ги уништи со својата неспособност
„Ова е Македонија за сите“, така ни е пораката, така ни е мотото, така е насловена оваа кампања која заедно ја тераме во овој дел на Македонија, во плодната Пелагонија. Благодарам на могилчани за за добредојде кое што ни го посакавте. Тука сме заедно со вас да поразговараме за актуелните теми заедно со тимот со кој што го крстариме овој дел на Пелагонија, истакна Тони Коњановски, градоначалник на општина Битола.
Коњановски додаде дека е тука за да поразговара со граѓаните на теми кои ги болат сите, теми кои ги горат и ја разнебитуваат државата.
„Да поразговараме на темите на централно, но и на локално ниво кои не мачат во секојдневниот начин на живеење. Проблемите кои вас ве мачат најмногу даги слушнеме, меѓутоа и да ви презентираме она што се случува на централно сцена на нашата напатена земја. Тука сме сите да си ја кажеме маката и да зборуваме и за руинираниот здравствен систем, да разговараме и за онаа правда која сите ја очекувавме долго и оној живот кој штого нудеа на сите, меѓутоа останува да се види дека ништо од тоа не бидува. Фактички сме оставени сами на себе. Тука сме да разговараме и за образованието кое што секој ден е се повеќе руинирано“, појасни Коњановски.
Тој посочи дека со оваа власт доаѓа и до прекројување и на историјата и спојување на некои предмети се со цел Македонецот да остане сам.
„Меѓутоа ВМРО-ДПМНЕ е тука да бидете спокојни, да бидеме храбри. Ни претстојат избори, веројатно почетокот на идната година на кои сите сложно и во еден глас треба да го кажеме нашето НЕ на оваа ненародна влада, за оваа криминална влада, за оваа влада која што не остави ништо од македонштината. И велам сите заедно да го зачуваме она парче земја уште што остана. Ќе не чека многу работа, ќе не чека многу труд, реформите ќе претстојат пред нас“, нагласи градоначалникот на општина Битола.
Тој рече дека многу го радува што има многу млади луѓе на теренската активност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

