Македонија
Утре скратени трасите на дел од линиите на ЈСП

Утре (21.05.2023 год), поради одржување на спортско-рекреативната манифестација „Прв до врв“, во период од 9.30 до 10.30 часот, линиите 3 и 3Б ќе сообраќаат до стојалиштето Клинички центар.
„Линијата 25 нема да ги реализира поаѓањата во 9.20 и 10 часот од Транспортен центар, односно во 10 и 10.40 часот од Средно Водно. Посочената линија ќе продолжи да функционира вообичаено почнувајќи со термините за поаѓање во 10.40 часот од Транспортен центар, односно 11.20 часот од Средно Водно“, информираат од ЈСП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Николоски: Јасно е дека Заев ги влече конците во СДСМ

Јасно е дека Заев ги влече конците и во време на претходниот претседател на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски и во време на актуелниот претседател на СДСМ, Венко Филипче. Што е најдобар доказ на она што го зборуваме постојано, а тоа е дека се во целосна координација и дека лидерот во сенка на СДСМ, е токму Зоран Заев, изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, Заев и Филипче зборувале исто, или, оак, како што рече, можеби, исти човек од заедничкиот тим им ги пишува и говорите и статусите и на едниот и на другиот.
„Сепак, од она што го напиша се гледаат неколку работи. Прво, со тоа што кажа и што го кажува ќе мора да внимаваме да не ни ја повлече државата со себе во провалијата, затоа што јасно е дека она што го прочитавме е израз на паника и на страв. Втората работа, многу е јасно дека СДСМ, ваков СДСМ има само една цел, а тоа е да заштити одредени елити во рамки на самата политичка партија и ништо повеќе од тоа. И затоа е толку голем отпорот кон реформи во судство и обвинителство и тоа е последниот бастион, последната одбрана на неколку елити во СДСМ и овој СДСМ служи само на Зоран Заев и служи на ДУИ и на Али Ахмети, коишто гледаат своја повторна можност, повторна шанса во политиката. Човекот којшто ги нанесе најголемите национални порази на Македонија, најголемите национални предавства и во чиешто време криминалот цветаше и корупцијата царуваше во чие што време се случија најголемите корупциски афери, наеднаш се појавува во кампањата за да му покаже и на Венко Филипче и на цел СДСМ кој во суштина ја води партијата“, рече Николоски.
Според него, потребна е масовна референдумска излезност на овие избори за да се, како што рече, заврши работата уште на 19 октомври
„Мора да се стави една јасна линија и јасна граница од една страна, а од друга страна мора народот јасно да му се каже која е понудата на овие избори“, рече Николоски.
Македонија
Мегапарк од 300.000 квадрати покај Лепенец со ботаничка градина и картинг стаза ветија Ѓорѓиевски и Лукровски

Кандидатите за градоначалници на Скопје и на Карпош, Орце Ѓорѓиевски и Сотир Лукровски најавија дека запуштениот простор околу реката Лепенец по преземањето на власта, заеднички ќе го претворат во симбол на еколошка обнова и современо градско живеење. Ќе изградат мегапарк од 300.000 квадратни метри.
„Ќе го претвориме ова подрачје во современ, зелен простор, уреден по европски стандарди. Паркот ќе се простира по течението на реката Лепенец на потегот меѓу Бардовци, Злокуќани и Даме Груев и ќе опфаќа површина од над 300 илјади квадратни метри. Тој ќе биде првиот парк што ќе поврзува повеќе скопски општини и ќе биде наменет за сите граѓани на Скопје, не само за карпошани. Ќе создадеме нова урбана оаза за рекреација, спорт, семејни активности со што ќе му го вратиме животот на ова заборавено градско ткиво“, рече Ѓорѓиевски.
Освен тоа, планираат и зелени коридори по целата должина на течението на Лепенец со пешачки и велосипедски патеки кои ќе ги поврзуваат населбите, парковите, но и јавните институции.
Во визијата за зелено Скопје, планираат и низа капитални парковски проекти во секоја општина.
„Предвидуваме и мегапарк Вардариште што ќе ја претвори поранешната депонијата во европски пример за зелена рекултивација. Градска шума во Расадник во Кисела Вода, најголемиот зелен проект во урбаното подрачје, мегапарк долж булеварот Христијан Тодоровски Карпош, првиот зелен коридор од ваков обем во Бутел како и проектот скопски зелен архипелаг кој предвидува 50 нови маалски паркови низ сите делови од нашиот главен град“, најави Ѓорѓиевски и нагласи дека планираат обнова за современ изглед и на Градски парк и на парк-шумата Гази Баба.
За Карпош, Ѓорѓиевски кажа дека во план име доизградба на булеварот Љубљанска, довршување на клучката Момин поток и реконструкција на Загрепска.
Лукровски дополни дека во мегапаркот кај Лепенец се планира ботаничка градина која ќе има и едукативен карактер, картинг стаза со европски стандарди, терен за голф и многу други содржини.
Македонија
Филипче: На состаноците на месните комитети на ВМРО-ДПМНЕ има присутни началници од МВР

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја обвини ВМРО-ДПМНЕ за груба злоупотреба на државните институции во текот на изборната кампања. Филипче потенцираше дека злопупотребата на институциите е најизразена од Министерството за внатрешни работи.
„Во повеќе ситуации, во повеќе општини на состаноците на месните комитети на ВМРО-ДПМНЕ гледаме присутни началници од Министерството за внатрешни работи или ги водат состаноците или се присутни.Тоа е сериозно кршење на законот и злоупотреба на институциите“, истакна Филипче.
На прес-конференцијата Филипче побара од министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, да одговори дали лично ги организира овие состаноци и дали стои зад ваквите злоупотреби.
„Барам министерот Панче Тошковски да одговори дали тој ги организира овие состаноци. До меѓународните институции, тие коишто ги пратат изборите апелирам да реагираат на оваа појава, затоа што Министерството за внатрешни работи треба да биде професионална институција, независна којашто им служи на граѓаните, а не на политичките партии“, додаде претседателот на СДСМ.