Македонија
„Огнените“ од ДУИ: Не се „самоисклучивме“, за тајната средба и одлуките дознавме од медиумите
Со длабока огорченост и разочараност од медиумите дознавме за состанокот и одлуките донесени на тајната средба на Претседателството на ДУИ, чиј епилог беше манипулација со јавноста преку игра на зборови, и затоа со потполна одговорност ја информираме јавноста дека:
1. Не се ‘самоисклучивме’, туку го напуштивме состанокот (на 1 април) во знак на протест како резултат на непочитувањето и манипулацијата со партискиот статут,
2. Не бевме поканети на состанокот како членови на Претседателството, што претставува повреда на статутот и законските обврски на органите на партијата,
3. Ваквото раководење со партиското тело е самоволно и недемократско.
4. Членовите на Претседателството ги избира Генералниот Совет и само тој може да ги разрешува истите, според законски процедури.
Бараме да престане манипулирањето на јавноста преку зборови, сериозно да се внимава на внатрепартиските несогласувања, како резултат на сквернавењето на демократијата, меритократијата и партискиот статут, велат од Фракција на Демократската унија за интеграција како што е потпишано соопштението.
– Остануваме стоички во нашите убедувања дека ДУИ треба да има одговорност за своето потекло, историја, демократски вредности и обединувачки дух, вредности кои ја одржаа како апсолутен победник во сите избори во последните две децении. Како фракција ќе продолжиме да се бориме со сите демократски, политички и меритократски средства, за зачувување на вредноста и придонесот на сите Албанци, кои никогаш не престанаа да ја поддржуваат и да ја доведат до апсолутна победа, политичката формација ОВК, именувана како Демократска Унија за Интеграција, додаваат „Огнените“ во дописот до медиумите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утрово најстудено на Попова Шапка
Утрово најстудено на Попова Шапка каде што се измерени -7 степени, -4 било во Берово и Mаврови Анови, -3 во Kрушево, -2 во Крива Паланка, -1 во Тетово, Виница, 0 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Штип, Прилеп, 1 во Охрид, Претор, Битола, Велес, Кавадарци, 2 Демир Капија, Струмица, 3 Гевгелија.
Количина на врнежи за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2)
26 Гевгелија, 20 Демир Капија, 17 Струмица, Mаврови Анови, 15 Kрушево, 13 Скопје-Петровец, Попова Шапка, 12 Кавадарци, Пожаране, 10 Берово, Велес, Ѓуриште, 9 Тетово, Битола, 6 Скопје-Зајчев Рид, Штип, 5 Виница, 3 Претор, Прилеп, Тополчани, 2 Крива Паланка, Пожар-Радовиш, 1 Охрид.
Висина на снежна покривка до 07 часот во (cm)
50 Попова Шапка, 14 Маврови Анови, 5 Берово, 2 Ѓуриште.
Времето денеска
Променливо облачно со повремен локален дожд и снег со слаб интензитет, претежно во северозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9 степени.
Во Скопје, претежно облачно со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

