Македонија
(Видео) Снимка од запалениот автобус на патот Охрид-Кичево, изгорел до темел
Целосно изгоре автобусот кој вчеравечер се запали на патот Охрид-Кичево. Од снимки направени од случајни минувачи, се гледа како целиот автобус е во пламен, сообраќајот во прекин, а зафатени се и гранки покрај патот. Возачот навремено се евакуирал, а патници во него – немало.
Неофицијално, пожарот започнал од крајниот дел на автобусот, но брзo се проширил. Причините дополнително ќе се откриваат.
Последните информации од ЦУК се дека сообраќајот се одвива по една лента.
„Регионалниот ЦУК Охрид известува дека АMCM информирал дека од 21:25 часот на патот Охрид – Кичево, кај Извор, сообраќајот се одвива по една лента, наизменично, а пред тоа беше во прекин заради тоа што пожарникарите од ТППЕ Кичево интервенираа со две екипи за гасење запален автобус. РЦУК Охрид известува дека нема повредени лица односно автобусот бил без патници“, велат од ЦУК..
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.

