Регион
Прогноза според излезните анкети: Неа демократија води пред СИРИЗА на изборите во Грција

Неа демократија на првата, СИРИЗА на втората, ПАСОК – Движење на промена е на третата позиција. Ова е резултатот од објавените излезни анкети по денешното гласање на парламентарните избори во Грција. Излезните анкети ги прават агенциите за рејтинг во Грција, во соработка со грчките телевизии.
Седум приватни телевизии и државната ЕРТ, веднаш по затворањето на гласачките места, точно во 19 часот по локално време, објавија заеднички излезни анкети во соработка со пет рејтинг агенции.
Резултатите од 80 отсто преброени излезни анкети за приватните телевизии се дека секоја од партиите би добила:
- Неа демократија од 36 до 40 отсто
- СИРИЗА од 25 до 29 отсто
- ПАСОК – Движење на промена од 9,50 до 12,50 отсто
- Комунистичка партија на Грција од 6 до 8 отсто
- Грчко решение од 3,50 до 5,50 отсто
- МЕРА25 2,50 до 4,50 отсто
Но, според 80 проценти од преброените излезни гласови Неа демократија нема да добие доволен број пратеници за еднопартиска влада. Сепак, ова се само проценки на агенциите за рејтинг, а не и официјални резултати.
Првите официјални резултати од Министерството за внатрешни работи на Грција, кое што е и надлежно за пребројување на гласовите, се очекуваат околу 21 часот по грчко време.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Силен земјотрес во близина на Крит: ги вознемири жителите на островот

Силен земјотрес денес го погоди подрачјето во близина на брегот на Крит.
Епицентарот на земјотресот се наоѓа 31 километар источно-североисточно од Закрос на овој остров, објавува грчкиот „Прототема“.
Земјотресот се случил во 20:46 часот по грчко време, а сеизмичкиот потрес имал јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, според Геодинамичкиот институт.
Длабочината на која се наоѓал епицентарот на земјотресот била 7,8 километри, објавуваат медиумите.
Регион
(Видео) Невреме во Србија: превртен камион, откорнати дрвја, поплавени улици

Силно невреме, проследено со јак ветер и дожд, денес зафати делови од Србија.
Само во Белград, ветерот собори дрвја и гранки на повеќе од 50 локации.
На социјалните мрежи беа објавени бројни видеа од паднати дрвја и скршени гранки.
Силниот ветер што дуваше во Нови Сад собори дрво.
Силен ветер дуваше и во Белград, а повремено имаше врнежи проследени со грмотевици.
Силна бура го погоди и Зрењанин.
Ветрот кршеше гранки од дрвјата, а поради дождот, водата остана на патиштата.
Налети на ветер превртеа камион кај Зрењанин, според написите во медиумите од регионот.
Регион
(Видео) Големо невреме во Загреб, ветерот крши ролетни, урива дрвја

Голема промена на времето пристигна во Хрватска. Бура го погоди Загреб околу 10 часот наутро. Како што известуваат хрватските медиуми, ветерот дува силно и ги кине ролетните на куќите. Грми, врне и дува силно во целиот град.
Портокалова тревога е во сила за регионите Славонија, Истра, Кварнер и во Далмација, а жолта тревога е во сила за остатокот од Хрватска.
Температурите во делови од земјата ќе паднат за повеќе од 10 степени во споредба со вчера.