Забава
Анита снима музички спот во Рио де Жанеиро
Бразилската пејачка Анита беше забележена во четвртокот во Рио де Жанеиро на снимање на нов музички спот во одважна комбинација.
30-годишната пејачка, која во април се раздели од издавачката куќа „Ворнер мјузик груп“, ја покажа својата феноменална фигура во мини фустан во боја на виножито и со отвори, над металик-сино дводелно бикини, и папучи на платформа.
Хитмејкерката (Envolver) ја обликува косата во мали вселенски пунџи со шишки кои ѝ го врамуваат лицето, а својот изглед го нагласи со истобојни одвоени ракави и големи златни обетки додека танцуваше низ улиците опкружена со голема продукциска екипа.
Нејзиното ново видео доаѓа два месеци откако објави дека ставила крај на соработката со „Ворнер мјузик груп“.
Во март, уметницата ја обвини својата издавачка куќа дека „не ја промовира нејзината музика“ во експлозивни објави на социјалните мрежи.
Таа се огласи на „Твитер“ за да го сподели својот став на сметка на компанијата. „Кога си млад и сè уште не знаеш многу, мора да посветиш големо внимание на работите што ги потпишуваш,“ напиша таа, алудирајќи на издавачката куќа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
На Роналдо му се заканува тужба, не платил за ботоксот: дерматологот бара отштета
На португалската суперѕвезда Кристијано Роналдо му се заканува тужба поради неплатени сметки. Тоа само по себе е чудно бидејќи во кариерата заработил повеќе од милијарда, но тоа што го должи е уште поневеројатно – за ботокс, пренесуваат светските медиуми.
Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња му остана должен на лекарот Рошан Равиндран, кој неколкупати го третира додека играше за Манчестер јунајтед.
Докторот тврди дека Роналдо му должи приближно 50.000 евра и дека одлучил парите да си ги земе на суд. Равиндран е дерматолог, кој има две ординации, едната во Манчестер, а другата во Лондон. Неговата специјалност е ботоксот. Тој наводно се однесувал добро кон Роналдо, како и кон Георгина Родригез, неговата партнерка.
„Тоа е тековен процес и не сакам да зборувам за моите пациенти“, докторот остана „затворен“ и со тоа само потврди дека Роналдо имал третмани кај него, според написите.
Британските медиуми не може со сигурност да знаат дали тој веќе го тужел Роналдо или планира да го стори тоа, но весниците од оваа земја шпекулираат дека третманите со ботокс се случиле непосредно пред Европското првенство и пред мечот со Словенија.
Роналдо пушти солзи во осмина-финалето кога промаши пенал, а новинарите тоа не го промашија. Плачеше како дожд, но на челото немаше ниту една брчка.
Забава
„На кој нормален човек би му текнало да се фотографира вака?“: Ким Кардашјан на удар на критики
Ким Кардашијан се најде на удар на критики откако позираше во атрактивно издание носејќи крст околу вратот.
Таа сними реклама за новата колекција на нејзиниот бренд Skims во соработка со Dolce & Gabbana. Носеше градник и боксерки кои ги спушти надолу. Следеа бројни негативни коментари.
„Ова е навистина непримерно“, „На кој нормален човек би му текнало да се фотографира вака?“, „Ја навредувате религијата. Невкусно е“, „Зошто секогаш носи крст кога е полугола?“, се некои од нив.
Забава
Тори Спелинг објави фотографии во бикини: „Покажав друга страна од себе“
Актерката и реалити ѕвезда Тори Спелинг на својот Инстаграм профил сподели носталгични моменти од минатото. Имено, таа објави стари фотографии кои се направени во октомври 2000 година, кога позирала за насловната страница на магазинот „Stuff“.
На една од фотографиите таа носи виолетово бикини, а објави и неколку други страници од тоа издание на магазинот, на кои исто така позира во различни костими за капење.
Во описот на објавата, Тори напиша: „Сакав да покажам дека добрата девојка, позната како Дона Мартин, сепак може да биде личност која го заснова својот живот на верата, семејството, добрината, моралните вредности, силата и промисленоста, но и поседува привлечност, прифатив сопствен стил и покажав поинаква страна од себе“.
Таа, исто така, објави страница од списанието на која е вклучено и нејзиното интервју, во кое зборува за нејзината кариера, предизвикувачките улоги и за нејзината витка фигура.