Забава
Целото богатство Тина Тарнер му го остави на сопругот

Музичката легенда Тина Тарнер во текот на нејзината кариера собрала огромно богатство, проценето е на приближно 250 милиони долари. „Хелоу“ пишува дека Тина Тарнер го решила прашањето за нејзиниот имот години пред нејзината смрт и дека најмногу, му оставила на својот сопруг Ервин Бах (67).
Пејачката беше во брак со германскиот музички директор и продуцент 10 години. Тие се венчаа во 2013 година по повеќе од 26 години врска. Само три недели по венчавката, Тина доживеа мозочен удар. Ервин и го спасил животот со тоа што и го донирал својот бубрег во 2017 година.
Првиот син на Тина, Крег Рејмонд Тарнер, почина во јули 2018. Минатата година почина и вториот син на пејачката, Рони. Таа имаше два сина, Ајк Тарнер, Ајк Џуниор и Мајкл, кого го посвоила откако се омажила за бившиот сопруг.
Сепак, во 2018 година, Ајк Џуниор, откри дека не разговарал со мајка си речиси 20 години.
„Тина ме воспитуваше од две години. Таа е единствената мајка која некогаш сум ја познавал. Но, не сум зборувал со мајка ми, Господ знае колку долго – веројатно од 2000 година. Мислам дека и брат ми не зборуваше долго со неа. Мајка ми го живее својот живот – има нов сопруг и таа е во Европа. Не сака да има ништо со минатото“, изјавил тој за Дејли Мејл.
Зборувајќи за неговиот брат Мајкл, Ајк Џуниор рекол дека е во установа за опоравување во Јужна Калифорнија и има потреба од медицинска помош.
„Го посетив неколку пати. Супер му е. Тина не го посетува. Се што прави е да му праќа пари“, додал во таа прилика.
Тина почина од природна смрт во средата по долга борба со рак на дебелото црево, висок крвен притисок и трансплантација на бубрег. Имаше 83 години, а во својата долга кариера создаде бројни светски хитови.
Таа продала 200 милиони плочи, била вклучена на листата на Бесмртници – најголемите уметници досега, добила дури осум Греми и била вклучена меѓу музичарите во музејот на Куќата на славните на рокенролот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Мајкл Џордан на прошетка во Дубровник

Познатиот американски кошаркар Мајкл Џордан моментално престојува во Хрватска, каде што е на одмор со сопругата Ивет Прието и пријателите. НБА легендата беше снимена додека шеташе во Дубровник и го привлече вниманието на минувачите, пренесе „Инекс“.
По посетата на Скрадин и Националниот парк Крка, познатиот кошаркар отишол во Хвар. Џордан ручал и уживал во друштвото на пријателите и опуштената атмосфера, а интересно е што тој носи своја текила со себе и само неа ја пие.
На свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез, која се одржува во Венеција, присуствуваат бројни познати личности, а еден тиктокер направи фотографија од јахтата на Мајкл Џордан наречена М’Брејс, вредна околу 115 милиони долари, поради што многумина помислија дека тој ќе се појави на свадбата на славниот пар.
Мајкл Џордан последен пат ја посети Хрватска во август 2021 година.
Забава
Лорен Санчез фотографирана во пресрет на свадбата, блеска во бело

Џеф Безос и Лорен Санчез ќе се венчаат на церемонија на венецијанскиот остров Сан Џорџо Маџоре, каде што невестата отиде со глисер.
На денот на нејзината свадба, Санчез блескаше во бело, а изгледот го комплетираше со очила за сонце и бела марама. 55-годишната Санчез позираше насмеана за фотографите пред свадбата, која треба да се одржи попладне, а многумина се прашуваат како ќе изгледа нејзината венчаница.
Според повеќе медиумски извори, двојката наводно се венчала пред еден месец во САД. Овие наводи се поткрепуваат со фактот дека во Италија не побарале потребна документација за нивниот брак да биде правно важечки. Свадбената церемонија во Венеција е симболична, а двојката наводно потпишала договор од повеќе милиони долари пред нивната граѓанска венчавка во САД.
Безос и Санчез се домаќини на тридневна прослава со голем број познати личности, меѓу кои Иванка Трамп и Џаред Кушнер, Ким Кардашијан, Крис Џенер и Клое Кардашијан, Опра Винфри и Гејл Кинг, милијардерот Бери Дилер и неговата сопруга, дизајнерката Дајан фон Фурстенберг, легендата на НФЛ Том Брејди и музичкиот могул Скутер Браун, како и неодамна слободниот Орландо Блум.
Забава
Пејачката Џеси Џеј го победи ракот

Џеси Џ. откри дека официјално го победи ракот, само неколку недели откако објави дека е на операција за тумор на дојка.
Британската пејачка Џеси Џеј, која на 3 јуни објави дека има рак на дојка, а пред помалку од една недела беше оперирана, ја објави најдобрата можна вест – лекарите ѝ кажаа дека повеќе нема рак.
Jessie J reveals her breast cancer is ‘all gone’ after surgery as she gives health update
https://t.co/TP5sRH0SAk— The Sun (@TheSun) June 26, 2025
На Инстаграм, Џеси се пошегува дека нејзината брадавица е сè уште на место, а времето за закрепнување ѝ даде совршен изговор да го гледа „Love Island“ без грижа на совеста.
Таа додаде дека во најтешките моменти имала силна поддршка покрај себе – нејзината мајка, нејзиниот сопруг Ченан Колман и нејзиниот син Скај.
„Многу ми значеше што се поврзав со други кои минуваат низ истата битка“, истакна таа и објави дека поминала низ „постоперативна болка“.
Џеси беше многу оптимистична од самиот почеток на ужасната дијагноза, им кажа на своите обожаватели дека раното откривање на болеста е „светлина во тунелот“ и дека прави пауза од турнеите за да го стави своето здравје на прво место.