Контакт

Македонија

Промовиран пилот-проектот „Дигитален толкувачки сервис за глуви и наглуви”

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се обрати на промоцијата на пилот-проектот „Дигитален толкувачки сервис за глуви и наглуви“ во организација на Националниот сојуз на глувите и наглувите во Македонија.

dobivaj vesti na viber

На настанот свое воведно обраќање имаа и министерот за здравство, Фатмир Меџити, заменик-министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусеин, претседателот на Националниот сојуз на глувите и наглувите на Република Северна Македонија (НСГНРСМ), Томица Стојановски, како и генералниот секретар при НСГНРСМ, Лиза Велкоска.

„Проектот во суштина е надградба на веќе утврдениот проект на Националниот сојуз од 2019 година за формирање кол-центар за глуви и наглуви, кој работи до денес, а преку кој сертифицирани толкувачи на знаковен јазик ги опслужуваат и одговараат на видеоповиците, што претставува одговор на потребите и барањата на глувите и наглувите со кои комуницираат на знаковен јазик. Со овој нов проект, што го промовирате денеска, вашата цел е да добиете што повеќе релевантни податоци за тоа колкава е потребата од страна на глувите и наглувите лица за остварување видеоповици, со што би се надминале пречките со кои овие лица се соочуваат при комуникацијата во институциите“, истакна министерот Спасовски во врска со пилот-проектот „Дигитален толкувачки сервис за глуви и наглуви“.

Истакнувајќи го утврдениот концепт на МВР, „Полицијата во служба на граѓаните“, Спасовски рече дека преку секојдневни активности се покажува дека секој еден граѓанин е важен како во делот на зголемување на безбедноста така и во делот на што поголема достапност на услугите што МВР ги нуди кон граѓаните.

„Во оваа пригода дозволете да ја истакнам посветеноста на институцијата со којашто раководам, како и мојата лична заложба и заложбата на мојот тим да работиме на трансформација на институциите за да се намали тој видлив расчекор помеѓу потребите и можностите во системот. Тука сме да ја дадеме нашата поддршка со цел да се постигне ефективен одговор за решавање на сите прашања на најделотворен начин. Стоиме на располагање да ги утврдиме формата и начините на соработка, со цел промовирање и афирмација на областите од заеднички интерес, пропишани со позитивните законски прописи и други подзаконски акти, а со особен акцент на инклузивноста, еднаквоста и недискриминацијата, како основни вредности кои имаат крајна цел – олеснување на животот на глувите и наглувите лица“, рече министерот Спасовски со уверување дека заедничката цел е поддршка и развој на отворенo, правичнo, демократскo и инклузивнo општествo, базиранo на еднаквост.

Потенцирајќи ја традиционалната поврзаност на Министерството за труд и социјална политика со Националниот сојуз за глувите и наглувите, заменик-министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусеин, рече дека во текот на годините поддршката сè повеќе и повеќе се зацврстува, а тоа е видливо и преку денешниот настан.

„Комуникацијата е основна алатка за остварување на правата, а во дигиталното време во кое живееме ваков тип на модернизирана алатка ќе биде од голем бенефит не само за корисниците, за лицата од заедницата на глуви и наглуви, туку ќе биде и голема предност за унапредување на сертифицирањето на толкувачите на знаковен јазик. Овој дигитален толкувач не само што ќе го олесни и забрза начинот на пренос на информациите туку исто така обезбедува сигурен и точен пренос на информации, кои им се потребни на глувите и наглувите лица во секојдневното живеење“, истакна министерот Хусеин напоменувајќи го и активното учеството и придонес на Националниот сојуз на глувите и наглувите кон развој на националната стратегија за правата на лицата со попреченост 2023-2030, која ги дава патоказите кон градење инкклузивно и еднакво општество.

Од страна на министерот за здравство, Фатмир Меџити, беше истакнато особеното значење на придонесот на Националниот сојуз за глувите и наглувите за функционирање на повикувачкиот центар за глуви и наглуви, кој продолжува да обезбедува поддршка преку овластени преведувачи на знаковен јазик.

„Преку таблетите во поголем број институции, меѓу кои здравствени, ќе се овозможи поконкретно да се увидат потребите на глувите и наглувите лица, кои ќе комуницираат преку видеоповик со сертифициран преведувач на знаковен јазик. Заедно можеме многу повеќе да придонесеме за поефикасната комуникација поттикнувајќи поинклузивно и подостапно општество“, потенцира министерот Меџити во своето обраќање на промоцијата на пилот-проектот „Дигитален толкувачки сервис за глуви и наглуви лица“.

Претседателот на Националниот сојуз на глувите и наглувите лица на Република Северна Македонија, Томица Стојановски, во воведното обраќање рече:

„Да може да нè разберат другите и ние да можеме да ги разбереме нив при разговор, секако преку толкувачи на знаковен јазик, бидејќи без толкувач на знаковен јазик ние глувите не можеме да комуницираме и да се разбереме. Колкава е навистина тежината со нашата попреченост, а тоа е ГЛУВОСТА, сега сакам сите заедно да го видиме тоа, преку ова кратко видео…“, истакна претседателот Стојановски и го најави видеоматеријалот, кој беше презентиран на настанот со цел доближување на овој вид попреченост до пошироката јавност.

Генералниот секретар на Националниот сојуз на глувите и наглувите на Република Северна Македонија, Лиза Велкоска, истакна дека визијата на проектот е да ја даде испораката на најквалитетната видеоуслуга за далечинско толкување, што ќе им даде моќ на глувите лица да уживаат во независен живот, поврзани со другите во ова општество. Притоа пилот-проектот има две главни целни групи, и тоа глуви лица и јавни служби, при што дигиталниот толкувачки сервис може да обезбеди интегриран пристап до сите јавни услуги.

„Кога глувото лице има преживеано грабеж, семејно насилство и сл., тоа не може да го пријави самостојно во полиција или кај социјалниот работник. Тоа лице при таков инцидент е немоќно. Кога глувото дете не може да го слушне или разбере учителот, тоа останува беспомошно. Глувите лица во себе имаат многу гнев, кој не е решен. Ова е загрижувачко прашање бидејќи фрустрираните глуви поединци ги исфрлаат своите фрустрации кон најблиските и колегите. Потребно ни е соодветно образование за глувите, приспособување на образовниот процес во кој ќе се вклучат сите релевантни фактори за да можеме точно да разбереме што треба да се промени и да најдеме начин како да продолжиме напред заедно со нив“, порача генералниот секретар Велкоска.

Македонија

Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:

dobivaj vesti na viber

· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)

· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)

Прикажи повеќе...

Македонија

Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека

Објавено пред

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.

dobivaj vesti na viber

Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.

Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Македонија

Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер

Објавено пред

Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.

Времето во наредните денови

Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет39 минути

(Видео) Американските ѕвезди на Греми наградите му испратија порака на Трамп: „Ние не сме животни, ICE надвор“

Музичарот од Порторико, Бед Бани, повика на „исфрлање“ на американската Служба за имиграција и царина (ICE) додека ја примаше наградата...

Свет57 минути

Премиерката Такаичи би можела да оствари убедлива победа на изборите во Јапонија

Партијата на јапонската премиерка Санае Такаичи веројатно ќе обезбеди убедлива победа на изборите за долниот дом на парламентот следната недела,...

Свет1 час

Иранскиот демонстрант Ерфан Солтани ослободен со кауција

Иранскиот демонстрант Ерфан Солтани, кој беше уапсен за време на антивладините протести и се стравуваше дека ќе биде осуден на...

Свет1 час

Трамп: Мислам дека ќе постигнеме договор со Куба

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД се во дијалог со кубанските власти што би можел да доведе до договор,...

Македонија9 часа

(Видео) Безбеден град денес регистрираше 500 казни

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва преку објава на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните дека треба да бидат горди...

Свет15 часа

Бројот на жртви во пожарот во Швајцарија се искачи на 41, меѓу жртвите и 18-годишно момче

Почина осумнаесетгодишно момче кое беше повредено во пожарот во барот во Кран-Монтана, соопшти денеска швајцарската новинска агенција Keystone-SDA, повикувајќи се...

Регион16 часа

Од денеска во Бугарија задолжително плаќање во евра, левот излегува од употреба

Од денеска, 1 февруари, еврото станува единствена официјална валута во Бугарија, додека левот повеќе нема да биде прифатлив за плаќање...

Македонија18 часа

Мицкоски најави дека ќе се чека уште 11 месеци да стигнат нови камиони на Комунална хигиена

Преку Министерството за транспорт и во соработка со Светската банка ќе се набават 40 нови возила за потребите на ЈП...

Свет20 часа

(Видео) Сведоштво на мајката и сопруга на уапсените за марихуаната поврзана со Македонија

Членови на семејството Спасојевиќ и нивни соседи се огласија по заплената на повеќе од пет тони марихуана на семеен имот...

Македонија22 часа

Петте тони марихуана откриени кај Крушевац биле набавени во Македонија

Вишиот суд во Белград синоќа им одреди притвор на тројца уапсени по заплената на пет тони марихуана во селото Коњух...

Македонија24 часа

Од денес Безбеден град казнува, со три забрани за возење ја губите возачката дозвола

На територија на Скопје, Куманово и Тетово и на коридорите 8 и 10 од денеска стартува имплементацијата на системот за...

Свет2 дена

(Видео) Извлечени 51 лице заглавени на жичница на планината Улудаг во Турција

Технички дефект на жичницата на планината Улудаг, во близина на северозападниот турски град Бурса, предизвика блокирање на 51 лице кои...

Македонија2 дена

По реакции од граѓани, се чисти Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека денеска градот е целосно мобилизиран во сеопфатна и темелна акција за чистење на...

Македонија2 дена

Скопјани бараат од Цементарница Усје да работи според еколошките стандарди

Еколошките активисти од иницијативата „Стоп за Усје“ и граѓани денеска протестираа поради загадувањето на воздухот и бараа од Цементарница „Усје...

Македонија2 дена

Во Кочани ќе се гради патека на бесконечност за загинатите во Пулс

Советот на Општина Кочани на вчерашната 9. седница едногласно ја поддржа иницијативата за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за...

Свет2 дена

Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви

Во Хамбург во четврток, две лица загинаа на метро станицата Вандсбек Маркт откако маж влечеше жена на шините пред воз...

Македонија2 дена

Од утре внимавајте, Безбеден град почнува официјално да казнува со суми од 20 до 500 евра и одземање на возачката дозвола

Од утре официјално започнува примената на системот Безбеден град, со што автоматското снимање и санкционирање на сообраќајните прекршоци влегува во...

Свет2 дена

Во текот на изминатото деноноќие, Русија извршила вкупно 1.019 напади врз Украина

Украинската противвоздушна одбрана соборила 64 од 85-те дронови што Русија синоќа ги лансирала, соопштија утрово Воздухопловните сили (ВВС) на Украина....

Регион2 дена

Државна секретарка од Црна Гора сакала да се самоубие поради секс скандал

Мирјана Пајковиќ, до неодамна државна секретарка во Министерството за човекови и малцински права на Црна Гора, поднесе оставка откако нејзините...

Свет2 дена

Нови откритија за Епстин и елитата: објавени документи за контакти со Бил Гејтс, политичари, принц – тврдел и дека цимерот во затворот сакал да го убие

Американското Министерство за правда објави нови милиони документи поврзани со случајот на Џефри Епстин, со што повторно се отворија прашањата...