Контакт

Регион

„Албанијан пост“: Курти како премиер е национална опасност

Објавено пред

Вашингтон донесе низа одлуки против Приштина, па медиумите и опозицијата во Косово го повикуваат премиерот Аљбин Курти да поднесе оставка.

dobivaj vesti na viber

Според „Албанијан пост“, по неговата оставка, би морало да почне широка истрага за него и за луѓето околу него за да се утврди дали „одредени влијанија или индивидуалното лудило“ довеле до отворената критика на САД кон Приштина.

Албанските медиуми се повикуваат на зборовите на американскиот амбасадор во Косово, Џеф Ховениер.

„Го предупредивме, не нè послуша. Го замоливме да не го прави тоа, тој го направи. Му рековме да се повлече, тој не нè послуша“, рече Ховениер опишувајќи го разговорот со Курти.

„Реагиравме жестоко. Бевме целосно против реакцијата на полицијата бидејќи знаевме какви ќе бидат последиците. Побаравме од Курти да преземе конкретни чекори за намалување на тензиите на северот, тој не одговори на овие барања“, рече Ховениер, меѓу другото.

Незнаењето не се казнува со закон, туку треба да се казнува политички, пишува албанскиот портал и додава дека загрозувањето на односите со САД од страна на Курти е последица на политички аматеризам.

Тие тврдат дека Курти во неколку наврати покажал дека е деструктивен, но не ги преминал границите. Според „Албанијан пост“, многумина заборавиле дека партијата Самоопределување на Курти еднаш го обвини НАТО за зголемување на српското етничко чистење на Косово и за зајакнување на територијалниот интегритет на Србија.

„Никој друг не предизвика штета каква што успеа да нанесе најголемиот херој на модерното време, Аљбин Курти. Неискрен во сите димензии, тој им се потсмеваше и продолжува да им се потсмева на Албанците до крај“, пишува „Албанијан пост“.

Тие го обвинуваат Курти дека целта му била Косово никогаш да не стане држава, но кога станало, тврди „Албанијан пост“, Курти „ја украде премиерската позиција и се обидува целосно да ја уништи земјата“.

Во статијата се посочува дека Приштина нема поважен партнер за својата безбедност од САД, а дека Курти решил да ги деградира. Иако Курти и претходно ризикуваше да ги уништи односите меѓу Приштина и Вашингтон, сега е сосема поинаку. Досега добиваше опомени, а сега првпат и конкретна казна.

„Овој човек ја нападна косовската дипломатија, односно ја нападна националната безбедност на Косово“, го обвинија Курти од „Албанијан пост“.

Американскиот командант на НАТО за Европа донесе одлука да го откаже учеството на Косово во „Бранител на Европа 2023“ и дека тоа е само прва последица за Косово и тоа не може да се промени. Нема кој не знае дека дипломатијата и безбедноста се двата столба на националната безбедност, а во Косово дипломатијата ги вклучува и двете.

Порталот тврди дека Курти отсекогаш се обидувал да го направи ова, но не бил премиер, па не можел, но сега е, па има капацитет да предизвика сериозна штета.

„За две години на власт, Курти им нанесе штета не само на извештаите, туку и на дипломатската способност на Косово на највисоко ниво, со што ја оштети националната безбедност повеќе од кој било друг. Тој како премиер е национална опасност“, предупредува албанската веб-страница.

Според нив, Приштина е на добар пат да ги уништи односите со САД. Тие ја повикаа политичката и интелектуалната опозиција во Косово да му се спротивстават на Курти за тој да не ја продлабочи штетата.

„Курти би морал да поднесе оставка иако веројатно нема да го стори тоа. Но, дефинитивно, треба да си замине и тоа секако ќе се случи“, заклучува „Албанијан пост“.

 

Регион

(Видео) Повторно драма на Јахорина: дете висеше од жичара

Објавено пред

На Јахорина се случи вистинска драма кога едно дете висеше од жичара.

dobivaj vesti na viber

Како што известува порталот „Drinainfo“, благодарение на брзата реакција на присутните, детето успешно беше спуштено на земја.

На објавеното видео се гледа дека две лица го држат детето кое висеше од седиштето, додека присутните трчаат да му помогнат безбедно да стигне до земјата.

Засега не е познато дали детето е повредено.

Да потсетиме, пред четири дена на Јахорина дете падна од жичара и со повреди на ногата беше пренесено во болница.

Прикажи повеќе...

Регион

По протестот на опозицијата во Тирана, 17 лица се уапсени, а 35 под истрага

Објавено пред

17 лица се уапсени, а против 35 се води истрага на слобода, по протестот на албанската опозиција во Тирана кој ескалираше во тензии и судири со безбедносните сили, јави RTSH.

dobivaj vesti na viber

Инцидентите започнале кога дел од демонстрантите се судриле со полицијата во близина на кабинетот на премиерот Еди Рама. Според информациите, кон зградата биле фрлани молотови коктели.

Полицијата интервенирала со солзавец за да ја растера толпата. Подоцна протестот се префрлил кон зградата на парламентот, каде што биле регистрирани нови инциденти и фрлање запаливи средства, по што следувала нова полициска интервенција.

Во судирите се повредени повеќе лица, кои се пренесени во болница.

Од полицијата информираат дека протестот не бил претходно одобрен, наведувајќи дека имало информации за можни насилства, имајќи ги предвид претходните инциденти.

Демонстрантите побараа оставка од владата по обвинувањата за корупција против вицепремиерката Белинда Балуку.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Насилни протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз зградата на владата

Објавено пред

Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолија.

dobivaj vesti na viber

Опозицискиот протест се одржа на 35-годишнината од уривањето на споменикот на поранешниот диктатор Енвер Хоџа, што се одбележува на 20 февруари, со барање за оставка на премиерот Еди Рама.

Opposition supporters chant slogans during a protest against the government in Tirana, Albania, 20 February 2026. The rally follows a political crisis amid a court deadlock over the suspension of Deputy Prime Minister Belinda Balluku and subsequent moves by Prime Minister Edi Rama to limit the powers of the Special Prosecutor (SPAK), with protesters demanding the government’s resignation. EPA/MALTON DIBRA

Денешниот протест, организиран од Демократската партија (ПД) со поддршка на други опозициски партии, се одржа пред седиштето на албанската влада во Тирана.

Фрлени молотови коктели врз зградата на владата
Демонстрантите фрлаа молотови коктели и пиротехнички средства врз зградата на владата, при што за време на немирите избувна пожар во надворешноста на зградата. Полициските сили одговорија со водни топови.

Лидерот на Демократската партија и поранешен премиер Сали Бериша за време на своето обраќање рече дека тие се вистинската опозиција и дека ќе ја спасат Албанија.

Обраќајќи се пред толпата, Бериша рече дека тие се собираат денес на еден од најважните денови во националната историја.

„Слободна Албанија, Албанија на слободни граѓани, ќе ја прогласи кражбата на граѓаните за сериозно кривично дело. Ќе ги казнат двојно повеќе оние службеници кои ќе избегаат“, рече Бериша.

Albanian opposition politician Sali Berisha speaks to supporters during a protest against the government in Tirana, Albania, 20 February 2026. The rally follows a political crisis amid a court deadlock over the suspension of Deputy Prime Minister Belinda Balluku and subsequent moves by Prime Minister Edi Rama to limit the powers of the Special Prosecutor (SPAK), with protesters demanding the government’s resignation. EPA/MALTON DIBRA

Полицијата одговори со солзавец и водени топови
По неговиот говор, протестот беше преместен пред зградата на пленарните сали на албанскиот парламент, каде што тензиите продолжија.

Демонстрантите повторно фрлаа молотови коктели и пиротехнички средства, додека полицијата одговори со солзавец и водени топови.

Солзавец беше фрлен и во надворешната простор на џамијата, која се наоѓа во близина на зградата на парламентот. Некои демонстранти се засолнија во просторот пред џамијата за да го избегнат солзавецот, додека верниците во тој момент беа внатре во џамијата за верски служби.

Организаторите на протестот тврдат дека имало повредени за време на судирите.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет26 минути

Мажот кој се обиде да влезе во имотот на Трамп дигнал пушка во позиција за пукање пред агентите да го убијат

Маж на околу 20-годишна возраст бил убиен откако се обидел нелегално да влезе на имотот на Доналд Трамп во Флорида....

Свет3 часа

Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите

Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ...

Свет5 часа

Унгарија: ЕУ сака утре да го усвои 20-тиот пакет санкции кон Русија, ние ќе го блокираме

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, преку две објави на X повторно ја засили реториката кон Украина поради транзитот...

Свет6 часа

Индија го одложи патувањето на трговска делегација во Вашингтон поради нејасности околу царините на САД

Индија го одложи планираното испраќање трговска делегација во Вашингтон оваа недела, главно поради неизвесност по одлуката на Врховниот суд на...

Свет7 часа

(Фото) Трамп објави дека испратил болнички брод на Гренланд, Данска вели дека нема сознанија

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го стави Гренланд во фокусот со објава на Truth Social, тврдејќи дека испраќа голем болнички...

Свет8 часа

(Видео) Први масовни студентски протести во Иран по жестокото задушување на демонстрациите

Студенти на неколку универзитети во Иран излегоа на протести против владата – први вакви масовни собири откако минатиот месец властите...

Свет9 часа

(Фото+видео) Терористички напад во Лвов: загина полицајка, десетици ранети

Најмалку едно лице загина, а десетици други се ранети во експлозии што рано утрово го потресоа западниот украински град Лвов....

Свет9 часа

(Видео) Експлозии во Киев: Русија нападна со балистички ракети, повредени жена и дете

Русија лансираше балистички проектили врз главниот град на Украина, Киев, а во нападите во приградските делови повредени се жена и...

Свет9 часа

„Ова е целосна збрка за целиот свет“, велат експерти за новите царини на Трамп

Одлуката на Доналд Трамп да ја зголеми царината на американскиот увоз на 15 отсто дополнително ја зголемува глобалната нестабилност на...

Економија1 ден

(Видео) Мицкоски: 17 нови проекти вредни 650 милиони евра ќе донесат до 5.000 работни места

Премиерот Мицкоски денеска изјави дека во моментов се во почетна фаза на реализација или во фаза на потпишување договори за...

Економија1 ден

(Фото+видео) Николоски: Со одлична динамика се гради автопатот Гостивар – Букојчани

Задоволство е да се гледа прогрес и да се гледааат добри резултати во изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани. Имаме...

Македонија1 ден

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски. „Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги...

Македонија1 ден

(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница...

Македонија1 ден

(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев

Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Македонија е жртва на класичен булинг на земји членки кои од внатре го уценуваат интегрирањето во ЕУ

Европската интеграција на нашата земја, можеби е единствен случај во Европа чијашто интеграција во рамките на самата Европска Унија не...

Свет1 ден

(Фото+видео) Украински напад врз руска фабрика за ракети – 11 лица повредени

Единаесет лица се повредени во напад со беспилотно летало врз фабрика за производство на ракети во Удмуртија, Русија. Три од...

Свет1 ден

Макрон ја поздрави пресудата на Врховниот суд против царините на Трамп

Францускиот претседател, Емануел Макрон, ја поздрави одлуката на американскиот Врховен суд да ги поништи царините што претседателот на САД, Доналд...

Регион2 дена

(Видео) Насилни протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз зградата на владата

Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолија. Опозицискиот протест...

Македонија2 дена

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Без поцврста и поодлучна ЕУ, Балканот останува простор каде што надворешните сили ќе продолжат да ја тестираат својата моќ, порача...

Свет2 дена

Плановите за напад на Иран влегуваат во последна фаза: поамбициозни се отколку што се сметаше претходно

Американските воени планови за операции во Иран се во завршна фаза, со опции кои вклучуваат таргетирање поединци или дури и...