Забава
Девојката на Ал Пачино гравитира кон постари мажи
Актерска легенда („Лице со лузна“, „Кучешко попладне“ и сите филмови од сагата „Кум“) и неговата 29-годишна девојка неделава се најдоа на насловните страници откога претставник на актерот потврди дека е бремена во осмиот месец.
Ова значи дека 83-годишниот Пачино ќе стане татко четврти пат. Тој ги има Џули (33) и близнаците Антон и Оливија (22) – од браковите со двете поранешни сопруги Џен Терант и Беверли ди Анџело.
„Нор Алфала постојано гравитира кон постарите богати мажи“, изјавија извори за „Пејџ сикс“. „Таа, едноставно, сака стари луѓе“.
Но, други велат дека бременоста не била планирана, а ТМЗ објави дека Пачино бил шокиран од веста дека повторно ќе стане татко.

Пред да биде објавена веста за нивниот претстоен пакет на радост, Пачино и Алфала својата романса ја држеа во тајност, првпат беа фотографирани заедно во април минатата година. Алфала неодамна на својот инстаграм-профил ја сподели првата фотографија од оскаровецот, веројатно како одговор на извештаите што ја поврзуваа со Пачино.
„Мојот нов ‘дејт’,“ напиша таа под фотографијата и додаде: потврдено од извор.
Алфала немаше споделено фотографија од неа и Пачино заедно сè до минатиот месец кога парот присуствуваше на изложба на својот пријател Бенет Милер.
Но, тој не е првата позната ѕвезда со која ја поврзуваат. Таблоидите ја коментираат нејзината историја на партнери: пред романсата со Пачино, Алфала беше во врска со фронтменот на „Ролинг стоунс“, Мик Џегер, кој сега има 79 години. Романсата траеше една година (до 2018).
Потоа беше во врска со Николас Бергруен, милијардер, инвеститор и филантроп, иако новински извештаи ја поврзуваа со сега 93-годишната холивудска легенда Клинт Иствуд откако беа фотографирани заедно во 2019 година.
Брзо пребарување на нејзиниот инстаграм-профил покажува дека таа со години се дружи со познати личности, меѓу кои и Тимоти Шаламет, Кортни Лав и продуцентот на „Пиратите од Карибите“, Брајан Грејзер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Високо преработената храна ги загрозува сите главни органи
Високо преработената храна ги оштетува сите главни органи на човечкото тело и претставува сериозна закана за глобалното здравје, според најголемиот светски преглед на истражувања објавени во списанието „Лансет“.
Високо преработената храна која, според „Гардијан“, денес сè повеќе ја заменува свежата храна во исхраната на децата и возрасните на сите континенти, е поврзана со зголемен ризик од неколку здравствени проблеми, вклучувајќи дебелина, дијабетес тип 2, срцеви заболувања и депресија.
Ненадејното зголемување на потрошувачката на високо преработената храна низ целиот свет ги охрабри корпорациите да користат агресивни методи за зголемување на продажбата, да манипулираат со научната дебата и да доведат до спречување на регулација, според студијата.
Серија од три научни трудови наведува дека милиони луѓе сè повеќе консумираат производи како што се готови оброци, житарки, протеински плочки, газирани пијалоци и брза храна.
Во САД и Велика Британија, повеќе од половина од просечната исхрана се состои од производи од високо преработената храна која за некои, особено помладите и посиромашните жители, сочинува до 80 проценти од исхраната.
Преглед на 104 долгорочни студии покажа дека 92 студии забележале зголемен ризик од хронични заболувања и предвремена смрт кај лица кои консумираат високо преработената храна.
Првиот труд во оваа серија покажува дека високо преработената храна ги оштетува сите главни органи. Луѓето не се биолошки прилагодени за нивната потрошувачка.
фото: ЕПА
Забава
Бојана Скендеровски: Подготовките за Филхармонија и за концертот со наслов „Бесмртна“ се во тек
Како што се приближува датумот за првиот солистички концерт насловен „Бесмртна“, така возбудата околу Бојана Скендеровски расте од ден во ден. Подготовките се во полн ек, а Бојана со голема посветеност работи на секој детал од вечерта која ќе го обележи нејзиниот дводецениски музички пат.

„Со нетрпение го очекувам овој концерт. Секој ден сум во сала, во студио, во процес на доработки… Сакам публиката да го почувствува тоа што го носам во себе и сакам сите да имаме една посебна и, пред сѐ, вечер која ќе биде уживање за сите сетила. Во меѓувреме подготвувам и едно мало, музичко изненадување“, открива Бојана.
На 13 декември, во 20:00 часот во Филхармонија, публиката ќе ја доживее Бојана во едно ново светло – искрена, емотивна, уметнички зрела, подготвена да ја отвори својата душа на сцена. „Бесмртна“ ветува вечер исполнета со песни што допираат длабоко, чувства кои траат и моменти кои се паметат.

Овој концерт не е само уште едно појавување на сцената, тоа е голем чекор, затворање на 23-годишното поглавје и почеток на ново, уште посилно. Публиката ќе ужива во репертоар што ги спојува најубавите спомени со сегашноста и она што допрва доаѓа.
Забава
(Фото) Меланија Трамп воодушеви во гламурозна креација во боја на смарагд
Меланија Трамп важи за дама со стил и вкус. Деловната елеганција е нејзин заштитен знак и ретко избира раскошни креации за средби со официјални претставници на земјите. Сепак, таа знае и како да направи исклучок…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го прими саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, неофицијалниот лидер на Саудиска Арабија, во Белата куќа.
На церемонијалниот пречек се придружи и Меланија Трамп, првата дама на САД, но и жена која ја знае добитната модна комбинација кога станува збор за официјални посети.

Иако деловната елеганција е нејзин заштитен знак, Меланија овој пат одлучи да направи исклучок и избра гламурозна креација за да го пречека саудискиот принц.
Станува збор за макси фустан во смарагдна боја кој ја нагласува фигурата. Со оглед на тоа што првата дама на САД ја краси тело на модел, таа немаше проблем со леснотија да ја носи оваа креација од либанскиот дизајнер Ели Саб.

Својот стил го комплетираше со дискретни додатоци, впечатлива шминка и едноставна фризура која слободно паѓаше по нејзините рамена.
фото: принтскрин

