Македонија
СДСМ: Силна поддршка од ЕУ и САД за продолжување на европскиот пат, време е за глас за Европа

„Во македонското Собрание сега е моментот за одлука, да се продолжи по европскиот пат до целосна интеграција во ЕУ.
За тоа нашата држава има силна поддршка од ЕУ и нашиот стратешки партнер САД.
Пораките се многу јасни, имаме силна и недвосмислена поддршка и сега е моментот Северна Македонија да ги донесе потребните одлуки со кои ќе се обезбеди европска интеграција и европска иднина на нашата држава.
Сега потребно е да се искористи геополитичкиот момент на согласноста на земјите членки на ЕУ за проширување.
Потребно е сите заедно да покажеме дека сме партнер и на САД и на ЕУ и на НАТО.
Пораката од високите претставници на САД и ЕУ беше многу јасна: оние кои во нашата држава се против политиката на интеграција, нема да наидат на поддршка кај политичарите, дипломатите во државите од нашите стратешки партнери.
Затоа сите политички субјекти имаат обврска и одговорност да се приклучат на процесот што ја обезбедува нашата европска иднина“.
Соопштение на СДСМ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицевски: Обвинителството да спроведе темелна и сериозна истрага за прислушувањето

Обвинителството да реагира и да спроведе темелна и сериозна истрага, следењето и прислушувањето ги подриваaт демократијата и државата, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.
Според него, во едно демократско општество какво што сакаме да бидеме, следење и прислушување на опозициски лидер, на бизнисмени и на новинари е сериозен удар и закана врз слободата и довербата во институциите.
„Кога службите што треба да ја гарантираат нашата безбедност биле злоупотребувани за лични и политички цели преку неовластено следење и прислушување политички опоненти и неистомисленици, тогаш се губи довербата во целиот систем. Тоа не е само нарушување на приватноста и кршење на законите, туку и опасен преседан што ги подрива демократијата и државата. Јавноста мора да знае кој, како и зошто во ОЈО дозволил злоупотреба и неовластена употреба на ПИ-мерки? Зошто и за која цел биле прекршени законски пропишаните процедури? Дали токму затоа СДС и ДУИ во Собранието не гласаа за недоверба и смена на јавниот обвинител Љупчо Коцевски?“, напиша Мицевски на „Фејсбук“.
Токму затоа, додава тој, уште еднаш го повикуваме Обвинителството веднаш да реагира и да спроведе темелна и сериозна истрага за да добиеме гаранција дека секој граѓанин ќе биде заштитен од ваква брутална злоупотреба на механизмите и системот.
Македонија
Утре и задутре пороен дожд и грмежи

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, утре попладне, во текот на ноќта и во четврток времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, информира УХМР.
Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 л/м2), засилен ветер (над 60 км/ч) и услови за изолирана појава на град.
Во Скопје, утре попладне, во текот на ноќта и во четврток ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме.
Македонија
(Видео) Филипче за случајот АНБ: Наместо лов на вештерки, темелна истрага и декласификација

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денес одговори на прашањето во врска со наводите за следење на премиерот и други функционери, нагласувајќи дека јавноста заслужува одговори и транспарентност.
„Дозволете да коментирам на линија на секој мој коментар кога станува збор за таква работа. Прво очекувам да има објективно прикажување на работите, фактите да се знаат во јавноста. Доколку е потребно да има истрага и да биде задоволена правдата. Ние во изминатиот период видовме многу најавени скандали, бомбастично од одредени портали, од партиската говорница на ВМРО-ДПМНЕ коишто немаа никаква разрешница. Да ве потсветам имаше најава некаква за поткуп на премиерот, понатаму дека бил следен со дронови, понатаму дека ќе има дестабилизација и еве сега некакво следење. Денеска има изјава и од поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност, и тој самиот вели, еве, барем нека се декласифицираат информацијата, па да видиме каква е вестината. За да нема лов на вештерки, лов на вештерки, лов во матно мислам дека граѓаните јавноста го заслужуваат тоа, рече Филипче.
СДСМ повикува институциите да постапат одговорно и да ги обелоденат сите релевантни информации, за да не се злоупотребува безбедносниот систем во политички цели и дневни пресметки.