Регион
Столтенберг: Испраќањето дополнителни војници на Косово не значи дека сме се откажале од политичко решение
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави денеска дека испраќањето дополнителни војници на НАТО на северот од Косово не значи дека се откажале од политичко решение за смирување на тензиите, пренесува „Анадолија“.
Столтенберг ова го изјави откога НАТО најави дека ќе испрати дополнителни 700 војници во Мисијата КФОР на северот од Косово со цел да се осигури безбедност во согласност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации.
Како што соопштија од алијансата, дополнителен баталјон е во состојба на готовност и ќе биде активиран ако има потреба.
Но, според Столтенберг, најсоодветното политичко решение е преку дијалог. Тој претходно изјави дека насилството ги кочи и Косово и регионот и ги повика Приштина и Белград да преземат конкретни чекори за смирување на ситуацијата и спречување нејзина понатамошна ескалација.
Столтенберг најостро ги осуди непровоцираните напади врз војниците на КФОР на северот од Косово, при што беа повредени триесетина мировници. Тој објасни дека КФОР „ќе ги преземе неопходните чекори за нормализирање и осигурување безбедност“.
Меѓународните реакции против Косово следуваа по акцијата на косовската полиција на 26 мај во три општини со мнозинско српско население на северот од земјата – Зубин Поток, Звечан и Лепосавиќ – за насилно обезбедување пристап до општинските објекти на новоизбраните градоначалници етнички Албанци, кои беа избрани на изборите со одѕив од 3,5 % и кои Србите ги бојкотираа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ се огласи за штрајкот со глад на Весиќ: Министерот во оставка одбива храна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по посетата на штандовите на саемот за вино пред новинарите се изјасни за штрајкот со глад на министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура во заминување, Горан Весиќ.
Вучиќ рече дека му е жал поради тоа.
– Жал ми е поради тоа, ако можам на кој било начин да стапам во контакт со него, ќе го замолам да не го прави тоа. Тоа е се што можам да кажам – рече претседателот.
Српеските медиуми потсетуваат дека Горан Весиќ поднесе оставка од функцијата министер за градежништво, транспорт и инфраструктура во Владата на Србија пет дена по трагедијата во Нови Сад.
Откако вчера излезе веста дека министерот во оставка Весиќ е меѓу 11-те уапсени за падот на настрешницата, тој на својот Фејсбук профил
објави:
„Не бев уапсен, доброволно се одзвав на повикот на полицајците со кои дојдов во Нови Сад и се ставив на располагање на истражните органи за целосно да се истражат сите околности кои довеле до несреќата во Нови Сад.
Секогаш, како и досега, ќе бидам на располагање на надлежните органи и ќе докажам дека не сносам никаква кривична одговорност за овие трагични настани.
Адвокатската канцеларија што ме застапува во овој случај ќе комуницира со јавноста и медиумите за понатамошниот развој на настанот“, рече тој.
Регион
Падна снег, дува силен ветер: делови од Хрватска без струја, автопатот затрупан
Снег паѓа во Горски Котар и Лика и во делот на континентална Хрватска – од Загорје, Меѓумурје до Славонија. Силен ветер дува на Јадранот, во Риека ветерот урива дрвја и телефонски столбови.
Поради снегот, во Горски Котар и Лика во моментот нема слободен патен правец од внатрешноста кон Далмација, Риека и Истра и обратно за камионите со приколки и сите други возила што немаат зимска опрема.
Поради ветерот, на автопатот А7 Рупа – Крижишќе сообраќајот е забранет за автобуси, мотоцикли и возила со камп-приколки.
Регион
Силен земјотрес во Грција: се стресе островот Кос
Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Грција.
Епицентарот на земјотресот бил на 36 километри од градот Кефалос на островот Кос на длабочина од 104 километри.
Засега нема информации за причинета материјална штета.