Македонија
Мицкоски: Не ни треба лидерска средба за ПР, туку суштинска – што да се прави откако ќе пропаднат уставните измени
Не е суштината форматот, суштината е што ќе биде резултатот од евентуална лидерска средба. Првата би рекол неофицијална понуда од страна на луѓето и кабинетот на Ковачевски беше да биде лидерска средба односно претседателите на двете партии да седнат и да разговараат. Она кое што од моја страна беше кажано е доколку има лидерска средба од која што ќе имаме некаков резултат, од таа лидерска средба имаме две можни опции. Едната опција е таа која што ја застапува владата односно Димитар Ковачевски, а тоа е влегуваме во еден критичен период за државата, тие влегуваат со процес со уставни измени во Парламентот. Ние велиме тој процес нема да го поддржиме и според бројките очигледно нема да успеат. Така што втората опција е тој процес да не успее. Како одговорни луѓе кои што треба во овие одлучувачки моменти за државата да носат одлуки кои што ќе значат иднина за Македонија треба да ги разгледуваме и двете опции. Тоа е првата опција и да донесеме заклучок, првата опција е јасен заклучокот се знае отприлика сценариото ако успее тоа што ќе се случува, но да видиме што ќе се случува со втората опција ако не успее, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во врска со лидерска средба за која се уште нема добиено официјална покана.
Мицксоки во врска со лидерската средба посочи дека потребно е да има лидерска средба од која ќе има некаков заклучок, а не лидерска само за ПР.
-Искуството мое покажува дека во таков широк формат не лидерска туку тимска средба ајде така да ја наречеме никогаш не се носеле заклучоци, тоа е повеќе ПР егзибиција, поминати неколку часа внатре разговори на ова или она тема , да излеземе да дадеме изјава, да кажеме што се договоривме, ние ќе кажеме ништо не се договоривме и практично освен еден дополнителен спектакал за јавноста воопшто ништо нема да значи таа лидерска средба. Јас напротив ценам дека во овие моменти кои што се суштински за државата е потребно после таква лидерска средба да излеземе со некаков заклучок, вели тој.
Мицкоски порача дека ако има лидерска средба без суштина, без заклучок, тогаш подобро е и да нема лидерска средба.
-Сакам да кажам суштински е важно во кој момент организираат тие лидерска средба и на која тема. Ова е суштинско прашање за кое ние треба да разговараме. Ќе повторам треба да ја определиме иднината на државата, по кој пат ќе оди.Овој еден кој го застапува Димитар Ковачевски или вториот за кој ние викаме дека најверојатно ќе се случи бидејќи тоа што го застапува Димитар Ковачевски нема да го поддржиме и сега треба да донесеме сега некаков заклучок, не да ја разводниме ситуацијата па да излеземе надвор, да кажеме изјави и да си заминеме, додаде Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

