Свет
Најсмртоносна планинарска сезона на Монт Еверест: Непал ги заостри правилата

Лошите планинари кои неискусните водачи на експедицијата ги водат до Монт Еверест, предизвикуваат проблеми, рече искусен планински водич, по една од најсмртоносните сезони на качување во последниве години на највисоката планина на светот, поддржувајќи ја идејата за построги правила за освојување на Еверест.
Најмалку 12 алпинисти загинаа, а пет се водат како исчезнати и се стравува дека се мртви на 8.849 метри надморска височина на Еверест за време на овогодинешната штотуку завршена главна сезона на искачување, најсмртоносна откако земјотрес предизвика лавина во 2015 година, во која загинаа 18 луѓе.
Најслабите клиенти со помалку искусни оператори се дел од проблемот, рече Гај Котер, познат водич од Нов Зеланд кој пет пати се искачи на Еверест, говорејќи во главниот град на Непал, Катманду. Клиентите треба да имаат минимален стандард за искачување со докажани претходни искачувања пред да дојдат на Еверест, додаде Котер.
Тројца планинари Шерпа загинаа кога мразот се урна врз нив на долниот дел од планината во април, а другите кои почина подлегнаа на болест или исцрпеност, соопштија владините претставници задолжени за секторот.
Непал го регулира искачувањето на Еверест и неговиот друг врв на Хималаите, инсистирајќи секој да добие дозвола, на пример, но Котер вели дека водачите на експедициите кои ги носат клиентите на планината мора да ги исполнат минималните стандарди за опрема и персонал.
Има многу оператори кои ги носат клиентите на Еверест, но не знаат како да избегнат инциденти, а кога работите ќе тргнат наопаку, тие немаат процедури за справување со проблемот, рече Котер.
Бигјан Коирала, претставник на Министерството за туризам кој го надгледува искачувањето, рече дека владата размислува за дополнителни регулативи, но не наведе детали. Непал годинава издаде рекордни 478 дозволи за Еверест, а стотици луѓе стигнаа до врвот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Авионот со шпанската министерка за одбрана го изгуби ГПС-сигналот

Воениот авион што ја превезуваше шпанската министерка за одбрана Маргарита Роблес утрово доживеа нарушување на глобалниот систем за позиционирање – ГСП-сигналот додека беше на пат кон Литванија, објавија шпанските власти.
Инцидентот се случил додека шпанскиот авион летал во близина на руската енклава Калининград, објави „Скај њуз“.
Авионот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, исто така имал проблеми со ГСП-сигналот на 1 септември за време на летот кон Бугарија, според написите.
„Можеме да потврдиме дека имало ГСП-блокирање, но авионот безбедно слета во Бугарија. Добивме информации од бугарските власти дека се сомневаат оти тоа се должи на очигледно руско блокирање“, рече тогаш портпаролот на ЕУ.
Фото: принтскрин
Свет
(Видео) Свлечишта, поплави, изолирани села во делови од Италија

Во италијанскиот регион Комо обилните дождови предизвикаа свлечишта и поплави, кои го погодија и центарот на градот Комо, објавува денес „Анса“.
Le immagini dal drone dell'enorme voragine che si è aperta lungo la Sp38, tra Cantù e Alzate Brianza, dopo la forte ondata di maltempo che si è abbattuta sulla provincia di Como nella giornata di lunedì 22 settembre. pic.twitter.com/IPzODbMqtv
— Local Team (@localteamit) September 23, 2025
Сериозни поплави беа пријавени по полноќ во центарот на градот, каде што локалната полиција ги затвори брегот на езерото и другите главни патишта, кои беа затрупани со кал и остатоци.
🚨 Yesterday France, now it's Italy. Violent storms hit Lombardy near Lake Como, destroying several homes in Blevio.
📹 Anna Graziapic.twitter.com/r02RxzKWLo
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) September 22, 2025
Ситуацијата е повторно критична во некои општини на брегот на езерото, кои веќе беа погодени во претходните часови, почнувајќи од Фаџето Лари и Блеви на источниот брег на езерото Комо, кои беа погодени од поплави, до Блеви, каде што ново свлечиште изолира неколку села, од кои триесетина луѓе беа раселени.
Пожарникарите одговорија на стотици повици, а ситуацијата е критична на сите патишта во оваа покраина.
Фото: принтскрин
Свет
Меланија Трамп одбила средба со сопругата на Зеленски

Сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп, Меланија, одбила официјално да се сретне со првата дама на Украина, Олена Зеленска, за време на нејзиниот престој во Њујорк, пренесуваат медиумите.
Како што објави Марко Бекман, виш советник на сопругата на американскиот претседател, Меланија Трамп ќе ја поздрави Зеленска од учтивост, но без формална средба.
„Зеленска неколкупати стапи во контакт со Меланија за да организира средба. Но, нема да има билатерална средба, ништо официјално. Бидејќи нашата прва дама е многу љубезна, таа денес ќе ѝ се јави и ќе ја поздрави. Но, нема да има суштински разговор, нема средба“, рече Бекман.
Одлуката на Меланија Трамп се толкува како сигнал за дистанцирање од раководството на Киев во чувствителен момент за американско-украинските односи.
Фото: принтскрин