Забава
Набилдани милијардери се новиот знак дека мускулите стануваат симбол на машка убавина

Идеалот за совршено машко тело е доста променет во последните неколку децении.
Идеалната физиономија на современ маж подразбира убаво дефинирано и мускулесто тело и можеби ова е причината што неколку магнати сè почесто ги покажуваат своите бицепси.
Фотографиите од мускулестиот Џеф Безос на јахта го обиколија светот, а милијардерот гордо ги покажа голите гради на својата јахта вредна 500 милиони долари.
Прашање на здравиот разум е што се крие зад овој нов тренд на мускулести милијардери. Дали е тоа затоа што знаат дека многу луѓе ги мразат? Дали се плашат од револуција? Или можеби се подготвуваат за апокалиптична иднина за борба со роботи? Колку и да звучи ова смешно, факт е дека милијардерите станаа опседнати со мускулите, пишува британски „Гардијан“ во статија со поднаслов „Добредојдовте во ерата на набилдани милијардери“.
Трансформацијата на Безос од ‘бубалица’ во малку полоша верзија на Вин Дизел ги инспирира неговите врсници со кои ја дели титулата милијардер.
Изгледа дека Марк Закерберг стана редовен во сала за вежбање бидејќи меморијалниот ден го одбележа со тренингот „Марф“.
Станува збор за интензивен тренинг, именуван по поручникот Мајкл Марфи, а вклучува трчање 1,6 км, 100 згибови, 200 склекови и 300 сквотови и потоа трчање уште 1.6 км додека носите елек од 20 килограми. Закерберг тоа го прави за помалку од 40 минути, што е навистина импресивен резултат.
Пред неколку недели Закерберг освои злато и сребро на бразилскиот турнир во џиу-џицу. Очигледно, тој се заинтересирал за борачката вештина во текот на пандемијата.
Но, Зак и Безос не се единствените. „Се наоѓаме во ерата на набилдани могули“, најави „Њујорк пост“ неодамна. „Стегнати стомачни мускули станаа новиот знак на моќ за извршните директори“, потврдува и шпанскиот весник „Ел Паис“.
Се чини дека големината на бицепсот стана статусен симбол еднакво важен како и импресивното салдо на банкарската сметка. Постојат многубројни причини за тоа, а меѓу нив вреди да се истакне опсесијата на технолошкиот свет со биохакирање и третирање на човечкото тело како да е машина што може да се оптимизира.
Не е новост дека живееме во култура опседната со имиџ. Не е тајна дека мускулите отсекогаш биле поврзани со мажественост, но во последните неколку децении дојде до промена во машкиот идеал за убавина. Имено, идеалната машка фигура стана многу погломазна и затоа тешко остварлива за просечниот маж.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Ја реновирале куќата и откриле нацистички бункер со морничава порака

Кога Шон Талиер (35) и неговата сопруга Каролина (32) почнале да ја реновираат куќата во октомври 2021 година, не можеле да замислат какво изненадување ги чека.
Под нивниот дом на островот Гернзи, близу брегот на Нормандија, се криел огромен нацистички бункер од Втората светска војна!
Парот го открил масивниот комплекс со две големи простории, пренесува „Дејли стар“.
Талиер знаел дека островот бил под германска окупација во периодот 1940-1945 година, кога нацистите ги претвориле Каналските острови во воени тврдини. Сепак, не очекувал да најде бункер токму под својот дневен престој.
„Знаев за бункерите по островот, но никогаш не би помислил дека еден се наоѓа под мојата дневна соба“, изјавил тој за локалните медиуми.
Претходната сопственичка, гледајќи фотографии од куќата на Фејсбук, го прашала парот дали ги пронашле просториите под темелите, откривајќи дека како деца се играле таму пред нивниот татко да ги затрупа со земја.
Парот ангажирал багер и отстранил десетици тони земја, по што откриле бетонски влез во бункерот.
Кога слегле внатре, останале без здив. Внатре имало две простории со димензии 5×3 и 5×6 метри, поврзани со коридор долг девет метри. Бункерот се наоѓал на осум метри длабочина.
Внатре пронашле стари шишиња, излез во случај на опасност, но и застрашувачки пораки испишани од нацистите за време на Втората светска војна. Особено внимание им привлекла пораката: „Внимание, непријателот слуша“ (Achtung, Feind hört mit).
„Ова не се само неколку простории, ова е историја. Студено, влажно и застрашувачко сведоштво за она што луѓето го поминувале тогаш“, рекол Шон.
Парот планира да го претвори бункерот во просторија за забави — со билјард сала и мини-теретана, при што ќе вградат 80 тони бетон за да ги обезбедат ѕидовите и скалите. Пораките на германски јазик планираат да ги зачуваат и реставрираат со калиграфија.
„Каролина сака да ја завршиме куќата, но јас ветив забавa за Ноќта на вештерките во бункерот“, се пошегувал Шон. „Морам да го исполнам тоа ветување“.
Забава
Британската монархија во нов проблем: пронајден документ што го зголемува притисокот врз кралот Чарлс

Британскиот крал Џорџ IV лично профитирал од работата на робови на плантажите во Гренада, покажува најновото истражување, што дополнително ја зголемува јавната критика кон монархијата да се соочи со својата улога во времето на ропството.
Дезири Баптист, независен истражувач, пронашла документ од 1823-24 година во Националниот архив во Лондон, кој сведочи за уплата од 1.000 фунти (што денес изнесува околу 103.000 фунти или околу 120.000 евра) од две кралски плантажи во Гренада каде што работеле стотици поробени луѓе.
Парите биле наменети за приватната каса на кралот Џорџ IV и, според Баптист, придонеле за неговиот „раскошен начин на живот“.
Баптист истакнува дека досега никој британски монарх јавно не признал дека Круната поседувала и профитирала од поробени луѓе.
Нејзиното истражување е дел од поширока студија наречена „Робови, сопственост на Неговото Величество: Џорџ IV и Гренада“.
Професорот Едмон Смит од Универзитетот во Манчестер, кој ја води студијата за улогата на кралската фамилија во ропството, изјави дека оваа уплата може да биде „само врвот на ледениот брег“.
Тој заедно со Ник Дрејпер од Универзитетскиот колеџ во Лондон ги потврдиле наодите на Баптист.
Смит додаде дека доказите укажуваат на поширок образец на колонијална експлоатација во потрага по приходи од карипските колонии.
Бакингемската палата не дала коментар на извештајот.
Крал Чарлс претходно изразил жалење поради ропството во говор пред лидерите на Комонвелтот во 2022 година и ја поддржал академската студија за историската улога на монархијата, но засега не ја признал директната вмешаност на Круната во робовласништвото, пренесе Ројтерс.
Забава
Џенифер Лопез и Бен Афлек со нови проблеми по разводот

Џенифер Лопез и Бен Афлек го завршија својот брак минатиот август по две години, но споровите околу имотот сè уште траат.
Поранешната двојка го повлече својот дом во Лос Анџелес вреден 68 милиони долари од продажба откако го финализира разводот.
Џенифер Лопез и Бен Афлек го направија овој потег по неуспехот да ја продадат куќата во Беверли Хилс што ја огласија уште во јуни 2024 година, објавува „Пејџ сикс“.
„Додека се надеваа дека ќе можат да го продадат имотот, во исто време не сакаа да претрпат голема финансиска загуба. Ја намалија цената за да привлечат поголем интерес, а кога тоа не се случи, им беше советувано да го повлечат од пазарот“, рече изворот.
„Тоа беше деловна одлука што ја донесоа заедно“, додаде тој.
Извор од недвижнини изјави за медиумите дека „пазарот во моментов е лош за продавачите, особено за недвижности во тој ценовен опсег“.
„Повлекувањето на понудата сè додека пазарот не стане поповолен за продавачите изгледа како најпаметен потег“, рече истиот извор.
Претставниците на двојката не беа достапни за коментар.
Поп-ѕвездата и актерот ја намалија цената на вилата со 12 спални соби и 24 бањи на 59 милиони долари, пред официјално да ја повлечат од продажба.