Македонија
По 20 години, Вранишковски се враќа во МПЦ

По 20 години расчинетиот владика Јован Врнишкоски повторно се враќа во Македонската Православна Црква како епископ и ќе му биде отстапен дел од Преспанско пелагониската епархија.
Тој присуствуваше на денешната света архиерејска литургија по повод годишнината од доделувањето на Томосот за автокефалност на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) од Соборот на Српската православна црква (СПЦ) која се одржа во Св. Софија во Охрид.
Вранишковски беше расчинет од МПЦ во 2002 година, а веднаш потоа беше формирана ПОА, која не беше призната во Македонија. Вранишковски беше осуден за ширење верска омраза и за проневера на пари, по што одлежа 5 години затвор.
–
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Улици во Чаир без вода, намален притисок во Топанско Поле

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради поврзување на нова со стара постоечка водоводна мрежа на улица Кемал Сејфула бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Џон Кенеди и дел од улицата Кемал Сејфула, а со намален притисок ќе остане населбата Топанско Поле во општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Делови од Ѓорче Петров и Чучер Сандево денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска без напојување со електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 13:00 часот, објектите на Полициската Станица и базата на БППЗ во Ѓорче Петров, општина Ѓорче Петров;
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од нас. Кисела Јабука, општина Ѓорче Петров;
· од 09:00 до 16:00 часот, корисниците од селата: Побожје, Бродец, Танушевци, Брест и Малино, општина Чучер Сандево;
· од 11:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од ул. Кадињача, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево со температура до 27 степени

Утрото ќе биде ведро и посвежо, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени.
Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Времето во наредниот период
Во четврток попладне и во петок ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен северен ветер. Во деновите од викендот ќе биде стабилно, сончево и топло со мала до умерена облачност, а од почетокот на следната седмица се очекуваат повремени врнежи од дожд и појава на грмежи.