Свет
Зеленски: Ова е еколошка бомба на масовно уништување
Уништувањето на браната „Нова Каховка“ во јужна Украина предизвика страв од еколошка катастрофа. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја опишува ситуацијата како „еколошка бомба за масовно уништување“.
Toj рече дека стотици илјади луѓе останале без нормален пристап до вода за пиење.
Нивото на водата продолжи да расте и денеска откако вчера беа уништени браната и хидроцентралата. Илјадници луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови. Водата ги поплавува градовите, селата и земјоделските површини и ги загрозува клучните извори на вода.
Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за уништување на браната, без да дадат конкретни докази дека другата страна е виновна. Сè уште не е јасно дали браната е намерно уништена или дали има структурни оштетувања.
Зеленски рече дека Русија сноси кривична одговорност, украинските обвинители го истражуваат инцидентот со браната како случај на екоцид, а слично барање упати и Кремљ.
Последиците од трагедијата ќе бидат познати за една недела, кога водата ќе исчезне, ќе стане јасно што остана и што ќе биде понатаму“, рече Зеленски.
Вниманието сега се фокусира на опасноста за луѓето, животните, земјоделските површини, населбите и изворите на вода. Можна е контаминација со индустриски хемикалии и моторно масло, кое истече од хидроцентралата во реката Днепар.
Претседателот на украинската државна хидроенергетска компанија за Си-ен-ен изјави дека еколошките последици од прекинот ќе бидат значајни и дека од оштетената опрема во централата може да истече моторно масло.
„Прво и најважно, акумулацијата ‘Каховка’, веројатно, ќе се испразни на нула и разбираме дека бројот на риби постепено ќе се намалува“, изјави Ихор Сирота, шеф на „Укрхидроенерго“.
„Сè зависи од степенот на уништување на опремата… Ако штетата е голема, тогаш целото масло ќе истече“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бебето кое исчезна од породилиштето во Виена е пронајдено мртво во корпа за ѓубре, уапсена мајката
Бебето кое исчезна вчера од болница во Виена утрово е пронајдено мртво во корпа за отпадоци во близина на болницата, пишуваат австриските медиуми.
Како што соопштија истражителите, доенчето било завиткано во најлонска кеса, а мајката (29) на еднонеделното бебе е уапсена.
Вчера медицинската сестра забележала дека бебето не е во собата, а не била ниту мајката, па била повикана полиција која веднаш почнала интензивна потрага.
Ги проверувале сите автомобили, дури и ранците на велосипедистите, а во потрагата учествувале и кучиња трагачи. Во текот на вечерта мајката била сослушана во полиција. Што им кажала се’ уште не е познато.
Сослушан е и наводниот татко на детето, чие татковство мајката не сакала да го признае, велат од полицијата. Тој не е осомничен за кривичното дело.
Свет
Министерство за одбрана на Русија: Сите бојни глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта
Руското Министерство за одбрана соопшти дека сите бојни глави на балистичката ракета со среден дострел „Орешник“ стигнале до украинскиот воено-индустриски комплекс во Днепро (поранешен Днепропетровск).
„На 21 ноември 2024 година, како одговор на употребата на американско и британско оружје со долг дострел против објекти на територијата на Руската Федерација, вооружените сили извршија комбиниран напад врз еден од објектите на воено-индустрискиот комплекс. Нападот беше успешно искористен со ненуклеарна хиперсонична опрема“, се наведува во соопштението.
Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот вечерта објави дека Украина употребила западно оружје со долг дострел против руската држава поради што регионалниот конфликт доби елементи на глобален.
Тој исто така рече дека еден од најновите руски ракетни системи со среден дострел, балистичката ракета „Орешник“, бил тестиран во борбени услови.
Свет
Песков: Русија покажа способност да одговори на акциите на Западот
Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија покажала способност да одговори на акциите на Западот со употреба на балистички ракети и оцени дека американската администрација во заминување продолжува да го следи патот на ескалација на конфликтот во Украина.
„Гледаме дека администрацијата во заминување на американскиот претседател Џозеф Бајден претпочита да оди понатаму по патот на ескалацијата и тоа го прави со прилично непромислена ескалација“, им рече Песков на новинарите.
Според неговите зборови, рускиот претседател Владимир Путин бил и останува отворен за контакти во врска со решавањето на украинскиот конфликт и транзицијата кон мирен пат.