Забава
Ники Минаж ја тужат за наводно оштетување позајмен накит

Златарницата „Роузарк“ од Западен Холивуд поведе тужба против раперката Ники Минаж за наводно оштетување позајмен накит вреден 26.000 долари.
Од златарницата тврдат дека Минаж не само што не платила за позајмените парчиња накит туку и не ги вратила навреме и ги оштетила.
Луксузната продавница за накит ќе ја донесе 40-годишната раперка од „Супер бас“ на суд, објави ТМЗ.
Пејачката родена во Тринидад – која неодамна на „Инстаграм“ сподели фотографии од својот двегодишен син – наводно позајмила парчиња накит за јавен настан преку својот стилист Брет Алан Нелсон, кој потпишал договор со продавницата.
„Роузарк“ тврди дека му испратиле на Нелсон фактури за штетата, која изнесува вкупно 26.239 долари плус камата.
Во меѓувреме, адвокатот на Минаж изјави за ТМЗ дека неговата клиентка не е одговорна и тврди дека продавницата ја користи за публицитет.
Според договорот, стилистот Нелсон требало да го врати накитот во рок од една недела и да плати за евентуална штета.
Во тужбата се наведува дека Нелсон не ги вратил 66-те парчиња до крајниот рок, а кога конечно ги вратил, две биле забележително оштетени: комплет обетки и прстен во форма на лист.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Диета која ги „убива“ мастите, а на многумина не им се допаѓа: позната актерка изгледа прекрасно во 60-тите поради овој начин на исхрана

Прославената актерка Гвинет Палтроу (52), освен што воодушевува со својот изглед и улоги, лансираше и своја линија на козметички производи, со што уште појасно покажува колку ѝ е важна младоста.
Според Social Diary, урамнотежената исхрана и вежбањето ја одржуваат нејзината совршена фигура, а особено интересно е нејзиното мени.
Имено, Гвинет со години следи макробиотска диета заснована на течна храна. Актерката јаде многу органски житарки, свеж зеленчук, а повремено јаде и органска риба или живина, најмногу до 50 грама, но не како оброк туку во супа или чорба.
Вештачките шеќери и преработената храна за неа се минато, а кога се во прашање млечните производи, козјото млеко е „дозволено“.
На секои два часа таа внесува многу течности, вода, билни чаеви, свежо исцедени сокови од овошје и зеленчук, пијалоци од бобинки, супи.
Кога станува збор за зеленчук, најмногу се препорачуваат моркови, цвекло, тиквички и домати, а многу е важно храната да биде пасирана, зготвена или изблендирана.
Сепак, диетата никогаш не е доволна доколку нема физичка активност, па Гвинет тренира пет пати неделно по 45 минути, а обожава и јога. За почеток, можете да тренирате двапати неделно ако ова темпо е пребрзо за вас.
Забава
(Видео) Борис Џонсон го нападна ној

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон бил нападнат од ној за време на посетата на засолниште за животни во Тексас.
Неговата сопруга Кери Џонсон објави видео на социјалните мрежи на кое се гледа како ној оди кон автомобилот во кој се Борис Џонсон и неговиот син, а откако се доближи, нојот ја колве раката на поранешниот премиер низ отворениот прозорец на автомобилот, објави денеска Мирор.
New: Former UK PM Boris Johnson was bitten by an Ostrich at Texas wildlife park today pic.twitter.com/HtARsR8WQO
— The Calvin Coolidge Project (@TheCalvinCooli1) April 8, 2025
Борис Џонсон скокна од болка по блиската средба со нојот, додека инцидентот го насмеа неговиот син.
Кери вели дека го споделила видеото бидејќи било „премногу смешно“ за да не се објави.
Забава
Таа е моментално најубавата Србинка: со последните фотографии ги воодушеви нејзините фанови

Анѓела Игњатовиќ (Бресквица) е една од најбараните млади уметници во Србија, но и во регионот. Таа стекна голема популарност благодарение на песната „Гнездо орлово“, која за прв пат ја отпеа на Песната за Евровизија 2024 година.
Иако не успеа да победи и да ја претставува Србија, се случи нешто сосема неочекувано. Таа ја доби довербата на многу корисници на интернет, кои сега внимателно ја следат нејзината работа во светот на музиката.
Од тие причини, Анѓела е често активна на Инстаграм, каде редовно ги информира обожавателите за актуелните случувања – како од деловниот, така и од приватниот живот.
View this post on Instagram
Таа неодамна објави компилација од атрактивни фотографии и воодушеви многумина со своето издание.
Позираше во мини фустан со интересен дезен кој ги истакна нејзините атрибути. Стајлингот го заокружи со едноставни додатоци и темна шминка.