Забава
Принцот Хари: „Папараците ме прогонуваат повеќе од една деценија“
Принцот Хари во вторникот и средата сведочеше во лондонскиот Висок суд во рамките на својата тужба против британските весници на „Мирор груп“ за кои тврди дека го хакирале неговиот мобилен телефон пред повеќе од една деценија.
Соред некои медиуми, војводата од Сасекс беше на жар повеќе од седум часа во судницата додека адвокатите на таблоидите од „Мирор груп“ (МГН) упорно тврдеа дека тој нема цврсти докази дека нивни новинари му го хакирале телефонот.
Сведочењето на Хари беше дел од тужбата што тој и уште тројца тужители ја поведоа против издавачот на три весници на „Мирор“ – „Дејли мирор“, „Сандеј мирор“ и „Сандеј пипл“.
На говорницата Хари детаљно раскажа за болката што му ја предизвикале упадите на таблоидите во неговиот приватен живот. Тој нагласи дека таблоидите објавувале написи со детали за него што би можеле да ги добијат само преку недозволени средства.

„Целиот мој живот печатот ширеше приказни за мене и ги прикриваше своите незаконски постапки“, рече Хари гледајќи во судијата. „И седејќи овде во судницава, додека одбраната ги има доказите пред себе, а нивниот главен адвокат сугерира дека шпекулирам, не знам што би кажал за тоа“.
Светските медиуми потсетуваат дека принцот Хари во една пригода рече дека менувањето на медиумскиот пејзаж е негова животна мисија – и оваа гладијаторска битка во судницата може да биде еден од неговите клучни моменти.
Пред него стојат два исхода во оваа правна битка: прво, одлучност да продолжи без спогодба, и второ, да е доволно богат да го преземе финансискиот удар ако загуби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

