Забава
Филмовите „Спајдерверзум“ се најдобри екранизации на стрипови во историјата

Новиот Spider-Man: Across the Spider-Verse (Човек пајак: Ширум пајак вселената“) се одвива во прилично поинаков филмски пејзаж од неговиот претходник Spider-Man: Into the Spider-Verse отколку пред пет години.
За неупатените, анимираната серија го замислува својот централен херој Мајлс Моралес како да постои во мултиверзум на светови, во кој владеат разни инкарнации на човекот пајак.
Мултиверзумот сè уште беше новина во 2018 година, но концептот подоцна стана истрошен во филмовите за суперхерои, особено во тие од филмскиот универзум на „Марвел“. Тие ја научија погрешната лекција од првиот анимиран филм за Спајдермен, чиј вистински шарм не е во мултиверзумите полни со нови можности за франшиза со разни ликови и инкарнации на ликови, кои може да се спарат по желба, пишува Би-би-си.
Вистинската привлечност на спајдерврзумот лежи во неговото прифаќање на визуелно ексцентричните суперхеројски стрипови. Во спајдерверзумот, мултиверзумот, пред сè, значи можност да се прекршат некои правила, а не да се усогласат со формулата.
Првиот филм се истакна по начинот на кој режисерите Питер Ремзи, Родни Ротман и Боб Персичети го натераа својот тим да го наслика светот на Мајлс во нов стил. Таквото, често носталгично, евоцирање на овие елементи им овозможи на гледачите да почувствуваат дека Мајлс Моралес, релативно нов лик во стриповите на „Марвел“, отсекогаш бил таму, легендарен како и самиот Питер Паркер.
Според Би-би-си, најновиот Across the Spider-Verse ја проширува својата палета со која ја одразува важноста на уметноста на стрипот користејќи го своето калеидоскопско патување до разни универзуми во мултиверзумот за да отиде понатаму од првиот филм. Тој додава нови и специфични посвети на методите на разни уметници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Мајли Сајрус: Со години правеа мемиња од мене, кога облекувам костим за капење се сеќавам на тоа

Мајли Сајрус откри дека Интернетот одамна ја принудил да не оди на плажа во бикини. Во новото интервју пејачката зборуваше за тоа како со години ја следат мемиња кои го исмеваат нејзиниот изглед и дека тие слики сè уште и се појавуваат во главата секогаш кога ќе се погледне во огледалото во бањата.
„Во 2013 година луѓето ме ставаа во мемиња каде што ми ја лепеа главата на секакви грди тела“, се присетува Мајли. „И денес кога ќе го облечам костимот за капење се сеќавам на тие слики“. Затоа, вели, избегнува бикини. „Носам многу пристојни костими. Девојките со кои бев на патувањето сите имаа танга, а јас бев во шорцеви и широка маица. Буквално изгледав како баба”.
Сајрус призна дека никогаш целосно не ги преболела своите несигурности поради начинот на кој јавно ја исмевале. „Сè уште ме прогонуваат тие стари мемиња. Тие сè уште се во мене“.
Забава
Џеф Безос и Лорен Санчез вечераа во познат ресторан на Хвар: „Не можеме да ви кажеме што јаделе“

Џеф Безос и Лорен Санчез го посетија ресторанот „Код барба Луке“, кој се наоѓа во Стари Град на островот Хвар.
„Гостите беа задоволни од вечерата и воодушевени од Стари Град. Не можеме да ви кажеме што јаделе. Всушност, тие се многу фини луѓе“, изјави сопственичката на ресторанот, Катарина Роиќ-Скелин, за хрватски „Вечерњи лист“.
Таа додаде дека персоналот на ресторанот им служел на Безос и на другите гости со еднаква посветеност.
Забава
(Видео) Американскиот актер Ерик Дејн низ солзи: „Не мислам дека ова е крајот на мојата приказна, мојот крај“

Американскиот актер Ерик Дејн, познат по улогата на Марк Слоун во серијата „Вовед во анатомија“ (Grey’s Anatomy), во април оваа година откри дека страда од амиотрофична латерална склероза (АЛС).
„Дијагностицирана ми е АЛС. Благодарен сум што го имам моето прекрасно семејство покрај мене додека го започнуваме ова ново поглавје во нашите животи. Љубезно ве молам да ни дозволите мене и на моето семејство приватност“, изјави тој за списанието „Пипл“ во тоа време.
АЛС е невролошко заболување кое води до постепено губење на мускулната контрола и во моментов нема лек.
Прво интервју по дијагнозата
Два месеци откако ја објави дијагнозата за АЛС, Ерик Дејн се појави во емисијата „Добро утро, Америка“. Досега е објавен само преглед од интервјуто. Целосното интервју ќе биде објавено на 16 јуни. Седејќи со Дајан Соер, тој зборуваше за својата борба со болеста.
„Секој ден се будам и веднаш си потсетувам дека ова се случува. Не е сон“, рече Ерик.
И покрај дијагнозата, актерот вели дека сака да остане позитивен. „Не мислам дека ова е крајот на мојата приказна. Не чувствувам дека ова е крајот со мене“, рече тој.
Тој стана многу емотивен и се расплака кога Дајан го праша кого прв повикал за да му каже за неговата болест. Одговорот на Ерик на ова не беше прикажан.
Ерик откри дека продолжува да ја снима третата сезона на „Еуфорија“ и покрај борбата со АЛС. Дејн го игра Кал Џејкобс во серијата на ХБО.