Свет
Аватар наместо свештеник – вештачката интелигенција одржа служба во црква во Германија
Чет-бот со вештачка интелигенција (АИ) ги замоли верниците во преполната црква Свети Павле во германскиот град Фирт да станат од своите клупи и да се молат.
ChetGPT, отелотворена во брадест аватар на џиновски екран над олтарот, потоа почна да одржува богослужба пред повеќе од 300 луѓе во петокот наутро на експериментална служба во лутеранска црква.
„Драги пријатели, чест ми е што стојам овде и ви проповедам како прва вештачка интелигенција на овогодинешната конвенција на протестантите во Германија“ рекол аватарот со безизразно лице и монотон глас, пренесува АП.
Четириесетминутната служба, вклучувајќи проповед, молитви и музика, ја создадоа ChetGPT и Jonas Zimmerlein, теолог и филозоф од Универзитетот во Виена.
Еден час пред богослужбата, пред црквата се создала долга редица луѓе
Црковната служба на вештачката интелигенција беше еден од стотиците настани на протестантскиот конгрес во баварските градови Нирнберг и соседниот Фирт, и предизвика толку голем интерес што луѓето формираа долга линија пред неоготската зграда од 19 век еден час пред почетокот.
Самата конвенција Deutsćer Evangelisćer Kirchentag се одржува секоја втора година на различно место во Германија и привлекува десетици илјади верници да се молат, пеат и зборуваат за својата вера.
Тие зборуваат и за актуелните светски настани и бараат решенија за клучните прашања кои оваа година го вклучуваат глобалното затоплување, војната во Украина и вештачката интелигенција.
Верниците внимателно го слушаа проповедањето на вештачката интелигенција
Верниците во црквата внимателно слушаа додека вештачката интелигенција проповедаше за оставање на минатото зад себе, фокусирајќи се на предизвиците на сегашноста, надминувајќи го стравот од смртта и никогаш не губејќи ја верата во Исус Христос.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бебето кое исчезна од породилиштето во Виена е пронајдено мртво во корпа за ѓубре, уапсена мајката
Бебето кое исчезна вчера од болница во Виена утрово е пронајдено мртво во корпа за отпадоци во близина на болницата, пишуваат австриските медиуми.
Како што соопштија истражителите, доенчето било завиткано во најлонска кеса, а мајката (29) на еднонеделното бебе е уапсена.
Вчера медицинската сестра забележала дека бебето не е во собата, а не била ниту мајката, па била повикана полиција која веднаш почнала интензивна потрага.
Ги проверувале сите автомобили, дури и ранците на велосипедистите, а во потрагата учествувале и кучиња трагачи. Во текот на вечерта мајката била сослушана во полиција. Што им кажала се’ уште не е познато.
Сослушан е и наводниот татко на детето, чие татковство мајката не сакала да го признае, велат од полицијата. Тој не е осомничен за кривичното дело.
Свет
Министерство за одбрана на Русија: Сите бојни глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта
Руското Министерство за одбрана соопшти дека сите бојни глави на балистичката ракета со среден дострел „Орешник“ стигнале до украинскиот воено-индустриски комплекс во Днепро (поранешен Днепропетровск).
„На 21 ноември 2024 година, како одговор на употребата на американско и британско оружје со долг дострел против објекти на територијата на Руската Федерација, вооружените сили извршија комбиниран напад врз еден од објектите на воено-индустрискиот комплекс. Нападот беше успешно искористен со ненуклеарна хиперсонична опрема“, се наведува во соопштението.
Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот вечерта објави дека Украина употребила западно оружје со долг дострел против руската држава поради што регионалниот конфликт доби елементи на глобален.
Тој исто така рече дека еден од најновите руски ракетни системи со среден дострел, балистичката ракета „Орешник“, бил тестиран во борбени услови.
Свет
Песков: Русија покажа способност да одговори на акциите на Западот
Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија покажала способност да одговори на акциите на Западот со употреба на балистички ракети и оцени дека американската администрација во заминување продолжува да го следи патот на ескалација на конфликтот во Украина.
„Гледаме дека администрацијата во заминување на американскиот претседател Џозеф Бајден претпочита да оди понатаму по патот на ескалацијата и тоа го прави со прилично непромислена ескалација“, им рече Песков на новинарите.
Според неговите зборови, рускиот претседател Владимир Путин бил и останува отворен за контакти во врска со решавањето на украинскиот конфликт и транзицијата кон мирен пат.