Свет
Путин: Руското нуклеарно оружје пристигна во Белорусија

Првото руско тактичко нуклеарно оружје пристигна во Белорусија, изјави синоќа рускиот претседател Владимир Путин на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург. Претходно руската државна агенција ТАСС објави дека главното истражно тело на земјата отворило канцеларија во Белорусија во врска со испораката на тактичко нуклеарно оружје.
Белорусија, која се наоѓа западно од Русија и северно од Украина, е еден од најблиските сојузници на Москва. Тоа ѝ помогна на Русија да ја започне својата првична инвазија на Украина во февруари 2022 година, дозволувајќи им на руските трупи да влезат во земјата од север. Руската употреба на нуклеарно оружје е „теоретски можна доколку постои закана за постоењето на Руската Федерација“, изјави Путин.
Одговарајќи на наводниот трансфер на руско тактичко нуклеарно оружје, Белата куќа завчера соопшти дека нема индикации дека Москва се подготвува да употреби нуклеарно оружје. Американските власти, исто така, не забележале движење на нуклеарно оружје во Русија што би укажало дека тие се движат кон Белорусија.
„Не видовме причина да ја прилагодиме нашата нуклеарна положба, ниту пак индикации дека Русија се подготвува да употреби нуклеарно оружје“, изјави во средата советникот за национална безбедност на Белата куќа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Изгоре луксузна јахта во Будва: сопственикот бил на бродот кога избувнал пожарот

Црногорските противпожарни екипи го изгасија пожарот што избувна на јахта во марината во Будва.
Ова за црногорски „Вијести“ го потврди и раководителот на Службата за заштита и спасување на Будва.
Полициската управа соопшти дека околу 20:15 часот, полицијата во Будва била известена од сопственикот на јахта закотвена во пристаништето во Будва дека избувнал пожар додека сопственикот бил на бродот.
Јахтата е во сопственост на бизнисменот Б. М., а полицијата објави дека сопственикот на јахтата рекол дека пожарот најверојатно се случил поради дефект.
Пловилото беше извлечено од пристаништето откако избувна пожарот кратко по 20 часот, за безбеднос на другите бродови. Седум екипи беа ангажирани за гаснење на пожарот.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) 11 повредени во руски напад врз Украина: „Тие сè уште намерно ги таргетираат цивилите“

Руските сили погодија станбена област во Харков со балистичка ракета, при што беа повредени најмалку 11 лица, соопштија украинските власти доцна синоќа.
Едно 13-годишно девојче е меѓу повредените во Харков, вториот по големина град во Украина, изјави регионалниот гувернер Олех Синехубов преку апликацијата за пораки Телеграм.
Харков, кој се наоѓа во североисточна Украина во близина на границата со Русија, е редовна цел на руски напади со беспилотни летала и ракети од почетокот на војната што Москва ја започна во февруари 2022 година.
🇷🇺🇺🇦
🔻Ataque ruso contra Kharkiv🔻Russian attack against Kharkiv pic.twitter.com/kkcQw67PQY
— Ares, Information Service (@Aresinfoservice) August 18, 2025
„Ударниот бран ги скрши прозорците во блиските станбени згради“, објави државната служба за вонредни состојби на Украина на Телеграм, додавајќи дека некои жители морале да бидат евакуирани.
Одделно, регионалните власти соопштија дека 57-годишна жена е повредена во руски воздушен напад врз североисточниот регион Суми, во кој исто така се оштетени најмалку десетина станбени згради и една образовна институција.
„Непријателот продолжува намерно да ја таргетира цивилната инфраструктура во регионот Суми, подмолно, ноќе“, рече гувернерот Олех Хрихоров на Телеграм. Ројтерс не беше во можност независно да потврди какво оружје користела Русија во нападите. Двете страни негираат дека таргетирале цивили во нивните напади, но илјадници луѓе се убиени, од кои огромното мнозинство се Украинци, соопшти агенцијата.
фото: принтскрин
Свет
Белата куќа е центар на важна дипломатска активност денеска, објавен распоредот на клучните состаноци

Белата куќа е центар на важна дипломатска активност денес, со распоред што вклучува клучни средби меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски и европските лидери. Се очекува ден исполнет со дискусии за клучни меѓународни прашања.
Распоред на клучни состаноци
Според објавениот протокол, пристигнувањето на европските лидери во Белата куќа е закажано за 12:00 часот по локално време – 18 часот по македонско време.
Еден час подоцна, во 13:00 часот (19 часот), претседателот Трамп ќе го пречека украинскиот претседател Зеленски, по што нивната билатерална средба ќе започне во 13:15 часот (19:15 часот).
Во 14:15 часот (20:15 часот), Трамп формално ќе ги пречека и европските лидери.
Најважниот дел од денот ќе биде мултилатералната средба со европските лидери, која е закажана за 15:00 часот (21 часот) по локално време.
Кој доаѓа на состанокот со Трамп?
На списокот на оние што ќе учествуваат на состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп се наоѓаат:
Британскиот премиер Кир Стармер
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен
Францускиот претседател Емануел Макрон
Италијанскиот премиер Џорџија Мелони
Германскиот канцелар Фридрих Мерц
Финскиот претседател Александар Стаб
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте
Зеленски и неговите сојузници ќе се обидат да се договорат со Трамп за конкретни чекори кон мировен договор со Русија, откако разговорите во Алјаска не доведоа до договор за прекин на огнот.
фото: принтскрин